Купувам Речи си сите маички и пешкири ми се од Стружанка. А имам и некои парчиња накит од Дуки Дасо,искрено до денес незнаев до денес дека е македонски. Штилките на Биана многу ги фалат,ептен се задоволни.па наредните мои штикли сигурно ќе ми бидат купени од оваа фирма.
Да,купувам. Имам едни панталони од Кара,мајка ми ми ги купи.Имам неколку ташни и накит од Дуки дасо. Патики и тренерки од ОркаСпорт.Мајка ми има купени едни кондури од Биана и веќе 3-4 год. ги носи.
Slusnav deka vo Makedonija se proizveduva mnogu dobar i eftin detski brend Tilla. Ve molam spodelete iskustva.
Јас пред еден месец му купив на син ми есенско палтенце многу е убаво ама не е баш евтинко го купив 1400 денари на попуст.До сега ги исправ 2 пати не е обелено воопшто, а тегет е. Разгледав има многу убави моделчиња посебно за прицези
Има преубави модели на Тила во Пп.Ние редовно си купуваме од таму за нашата принцезичка,цените се прифатливи а моделите занес
Санда, Васидора, Стружанка, МакЏинс и Графити прво ми паднаа на памет од мак. брендови од каде што имам купувано и од се сум задоволна. Повеќе верувам во квалитетот на нашите брендови, отколку во кинеско, турско, малезиско и уште какво се не стига кај нас. Во Васидора, МакЏинс и Графити на попусти со преубава гардероба, фармерки и чевли се имам подновувано. Во стружанка обавезно се оди по пижами, перници, веш, постелнини, бањарки, пешкири... Со хулахопки на Санда пораснав, ги обожавав дезенираните детски кога почнаа да ги продаваат и сега купувам хулахопки од таму. Сигурно и од други наши брендови сум купувала, но можеби и не сум знаела дека се наши. Ме интересира каде има сега продавница на Грација? Ја знам од порано, а не знаев дека уште опстојува.
Од Кара имам купено неколку пати и ич не сум задоволна ама ИЧ. Првиот пат купив едно фустанче на кое доле му висеа конците ко да не е доработено па морав да го носам на шнајдер да ми го пораби.После тоа купив уште еднаш фустанче на кое му се распадна патентот,така да од таму облека веке НЕ. Од Орка спорт како дете имам купувано патики и спортска облека,сега одамна немам влезено таму. Од Баргала немам чевли но од денеш сум на строга штедња бидејки вчера што видов едни моментално се заљубив иако се поприлично скапички (5000 ден се тие јас што ги сакам) Од Graffiti сум презадоволна иако се поскапи секогаш имаат убави и квалитетни обувки кои вредат за парите , така да боље од таму ке да дадам поише пари и ке носам кожа квалитет отколку ефтинине квази продавнички на битпазар. Вчера влегов во Bella мајка ми бендиса еден капут за мене беше околу 6000 се гледа дека е квалитетен ама некако тенок беше многу па не го земав,а и ме напна продавачката што ме убедуваше дека грее и дека не е толку тенок како што изгледа. Од Макпримат пред 4 години си купив капут кој уште го носам и конец не му фали.Од нив сум презадоволна. ОД другиве набројани колку што знам немам купувано.
Да,често купувам.За на работа костими,кошулки и сл. најчесто во Васидора а понекогаш и во Бела. Значи од квалитетот во Васидора сум стварно задоволна,а кога имаат попуст е навистина исплатливо.Костимите со сличен матрејал и квалитет во Котон ги плаќав дупло. И Бела имаат квалитетна гардероба но се за нијанса поскапички и малку така покласични,носам 36 па често се преголеми и неструкирани за мене. Макпримат стварно имаат квалитетни капути,а на попуст се навистина ефтини. Порано купував и од Хепенинг,но последните 2,3 год не влегувам.Квалитетот не е тој,а цените на новите колекции прескапи ,а за моделите да не зборуваме,им заврши креативноста изгледа Чевлите на Биана им се добри,како и на Саб Охрид мислам беа,одличен квалитет.Прв пат во живот да износам квалитетна кожена балетанка,ми се смачи од кинеските. Исто задоволна и од Марта,Тамара и некои др.брендови кои си ги купувам од Сара Фешн.
Дуки Дасо не е баш македонски бренд. Накитот им е увезуван од Кина само става атикети Дуки Дасо. Знам бидејки претставници од таму заедно со зет ми одат за Кина. За ташните не знам ама накитот со сигурност не е во МК произведен.
Мајка ми работеше во конфекција што шијат за Кара, и ми кажуваше дека се се прави за извоз , и што не е добро остваат за македонски пазар, т.е за продавниците во Скопје. Неколку пати и даваа ваучери од Кара, нема како да го потрошиш, нема што да земеш .. Само ми се свиѓа едно сако што го земав, преубав крој и преубав материјал, потоа неколку пати барав уште едно и немаа.. Изгледа и тоа им е било некое забегано што не отпатувало во странство
Затоа и им пропадна продавницата.Памтам колкав бутик беше порано во трговски мегу најпознатите и стално полно со народ.Сеа мало продавниче што никој не влага во него . P.s И јас мислам дека Дуки и Дасо не се наш бренд бидејки кај нив имам видено една ташна плик со нитни која истата ја имам видено и во чаршија кај вујкото на еден другар.Знам баш другарот ми кажа дека вујко му од Косово ја носи робата бидејки е албанец и ми кажа дека истата ташна во Косово не е повеке од 5 евра .
Дуки дасо, ГОООЛЕМ дел од работите ги увезуваат од кина, сум нашла минимум 10 работи кои ги има на алиекспрес и ибеј. За чантите не знам, ама мене искрено ефтино ме делуваат, а се со бајаги солени суми. Мајка ми навремето беше најчест купувач на Окитекс, кога Роза Трајчевска им беше моден креатор, сите работни одела( како они си ги вика костимчиња ) и беа од таму. Какви костими има, каков крој на здолништа и сакоа нема ни во Манго и Зара денес. Но Роза си замина, и сега едноставно веќе не е ништо исто. Санда ги сакам, зашто имаат ефтини а издржливи хулахопки, за разлика од пенти мене ми се многу поквалитетни, само немаат толку интересни дизајни, ама еднобојните им се одлични.
Штиклите од Biana се доста квалитетни, инаку имам купено од Дуки Дасо и исто така сум задоволна, шал и фустан од Кара
Мене поголем дел од „службената“ облека ми е од Бела. Мислам на сакоа и панталони, а кошули не сум купила од таму. Си имам купувано и свечени фустани, знаат да имаат интересни модели. Од таму ми е омилениот фустан за по свадби кој ми е 5 години стар, го имам носено на скоро сите свадби во овие 5 години и како нов е. Не сум имала друго парче што ми стои толку добро. Јас сум многу задоволна од Бела. Квалитетни им се работите, и барем мене поубаво ми стојат од било што друго што имам во плакар. Македонски модели за македонска жена И не се толку теткински моделите, знае да се најде по некое поштосно моделче. Да, и Астибо ми стојат многу добро, ама обично се поскапи. Како и да е, за некои пважни парчиња не штедам којзнае колку. Повеќе сакам да имам едно квалитетно парче, отколку 5 неквалитетни. Имам еден костим од Астибо, сигурно е 5-6 години стар, го имам утепано од носење и не мрда. Инаку јас многу купувам од македонски брендови се што ми одговара. Секогаш барам прво македонско, па потоа ако не најдам друго. Кнфекцијата ми е погодена, само ташни и чевли никако да си најдам по вкус. Имам купувано чевли од Биана, Баргала, Биба Шуз, и квалитетот им е добар, ама мене калапот не ми одговара. Во Биба прават и по нарачка, па таму си купувам кога ми треба некој конкретен модел, ама за секојдневна употреба сепак се држам до Пеко. И маж ми и децата имаат доста работи од македонско производство.
Мајка ми е многу задоволна од Астибо, има повеќе работи кои со години ги носе буквално и некои сеуште се како скрос нови, тие посвечените. А јас од овие нашиве имам многу работи од Дуки Дасо, нормално, дури и кога не беа воопшто познати, ние си ги имавме во Неготино, се почна од едно мало дуќанче и скромни ниски цени, едно 10 пати поефтини од сега, па прерасна во огромен магацин и продавници низ целата ни Македонија. И тука во Скопјето, никогаш немам ништо од Дуки Дасо купено, само заради тоа што во Неготино е за 500 или повеќе денари поефтино. Зборам за поскапите ташни, марами и ланчиња/прстени. Имам ташна која од Неготино ја купив за 1300 а во Скопје истата беше 2000 денари. Исто и ланче, ова последно си го купив, од Неготино за 500, а во Скопје истото го видов за 900 денари. И уште многу други слични аксесоари, значи тука цените се набилдани ептен. И имам некои блуски од Кара, но од поодамна, добар квалитет, но веќе помината мода, за по дома веќе си ги носам по лето.
Порано Кара имаа продавница во ГТЦ, одамна не сум наишла нивна продавница. Ме интересира дали сеуште постојат и каде имаат продавници.