Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку купувате од македонски модни брендови?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 28 септември 2011.

  1. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Кара одамна ги нема, а многу убави парчиња си имам купено од таму. Не знам дали скроз се затворени или што е работата.
    Многу сличен стил имаат парчињата облека на Стилисимо (на Цаци Паковска), исто во ГТЦ приземје во еден пролаз, ама не знам како стојат со цени. Ама секој пат ги загледувам кога поминувам од таму :)
     
  2. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    имам многу ташнички и новчаници од ДукиДасо..интересни се и доста квалитетни барем до сега. За чевлите од Биана немам коментар одлични се :inlove:
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DivineFM

    DivineFM Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Дуки дасо не голем дел,преголем дел увезуваат од кина. Се е од кина.
    А и од кога дуки стана бренд? :^)
     
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Нана и Биана-шус. :inlove:
    И од Васидора имам некои парчиња, ама Нана ми се пооригинални.Од Биана-шус ми се скоро сите обувки што ги имам:чевли, чизми, балетанки. Работат со кожа, а моделите им се преудобни.
    Ги заборавив Тритекс. Поубава памучна долна облека за моите деца немам купено.
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.090
    Пол:
    Женски
    Немам многу парчиња од македонски модни брендови.Можам да ги издвојам Биана-шус,Санда и Тритекс.
    Биана имаат избор на модели и броеви на обувки што навистина ми одговара со оглед на тоа што носам мал број 35.Санда имаат квалитетни хулахопки,само штета што немаат избор на дезен.А за памучната долна облека на Тритекс немам коментар.
     
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Само од Васидора имам едно фустанче летно,преубаво,ама во последно време ретко се наоѓа нешто штосно кај нив.
     
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.862
    Допаѓања:
    325.862
    Пол:
    Женски
    Да трикес имаат одличен квалитет.Маиците долни од кај нив се пери носи
     
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Да прашам,
    Биана ги има во повеќе продавници, продаваат чевли на Биана, ама мислам дека не е секаде цената иста, да не знаете како каде се движат цените?
    Друго, локации за некои од продавнициве за кои не сум точно сигурна кај се, и дали се на старо место:
    Кара?
    Графити?
    Чевли од Баргала?
    Нана?
    И дали Мак примат е уште на приземје во гтц? И кога отприлика се попустите за зимската колекција?
    За во Скопје прашувам.


    Инаку, во склоп на темава, во Дуки Дасо еднаш влегов и ми дојде малце мирис ко на кинеско, ич не ми застана око на нешто и брзо излегов. Сега дознав дека е наша фирма, па ќе застанам во следна прилика малце повеќе, да видам, може му треба време на оково мое :)
     
  9. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.015
    Teddy, колку што знам, Кара одамна затвори. А, Макпримат е на исто место. За попустите оставам некој поинформиран да одговори.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Инаку, во склоп на темава, во Дуки Дасо еднаш влегов и ми дојде малце мирис ко на кинеско, ич не ми застана око на нешто и брзо излегов. Сега дознав дека е наша фирма, па ќе застанам во следна прилика малце повеќе, да видам, може му треба време на оково мое :)[/QUOTE]

    Дуки Дасо со двете раце ке потпишам се испорачува од Кина имаат договор уште таму да се стави ознаката дуки дасо, впрочем и не е толку важно тоа секогаш треба да се гледа на квалитетот, бидејќи и во Кина има квалитет само нашите за жал работат со 100% маржи и го купуваат ѓубрето од таму....квалитетот на Дуки дасо и цената малку не одговараат,, кога ги стават на попуст му доаѓа реална цена-квалитет :)
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  11. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    1.213
    Исто и јас мислам дека Кара го затворија (едно време имаше останато една малечка продавница Кара, два на два што би се рекло, во гтц, ама сега мислам и таа дека ја нема).
    Чевли на Баргала имаш во Свон Шус (продавница во Бисер, гледа накај катната гаража, и кај Европа во Центар, во близина на Собрание) и имаш нивна продавница во ГТЦ на втори спрат одма над Ајриш Паб (таму прашав во јануари ќе имале попуст, а колкав баш не знам).
    Нана е на втори спрат во ГТЦ, некаде повнатре, мислам се влегува прво во една стаклена врата, па како ходниче, па вратата од продавницата.
    Поз
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.689
    Допаѓања:
    202.281
    Пол:
    Женски
    Од македонски брендови купувам кога ќе начекам квалитетно. Криво ми е што ги нема многу. Биана шус се супер, сум купувала од нив, чевли и чизми, не мрдаат. Зимава треба пак да се подновам, пак ќе ми бидат избор. Баргала исто многу ги фалат, меѓутоа јас не сум купувала до сега, од проста причина што ниту еден модел не ми фатил око, или немало она што барам.

    Инаку, цените на Биана ги одредуваат дистрибутерите, и немаат иста цена секаде, на пример во Скопје и во Охрид се поскапи, во Кочани и Штип поевтини. Градовиве како пример ги наведувам.

    Слушам дека Контеса (CONTESSA) повторно ја има на пазарот со свои нови производи. Како студентка купував нивни производи, бев задоволна, па ме интересира дали некоја има нешто од новово производство и како се покажало?

    Кимико ми се одлични, сега сум редовна кај нив, купувам за сите нас. Ми се погодил квалитетот, памукот им е супер.

    Кара не работи повеќе, ама со оглед на тоа од какви лоши материјали ја изработуваа облеката, не ме изненадува. Имаше по некое добро парче, ама повеќето модели беа ужасни на допир, камоли да ги облечеш.

    Макпримат ми е број еден за капути, а сега имаат и солидни модели на фустанчиња и сукњи што многу ми се допаѓаат, а и цените им се пристапни.
     
  13. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    1.213
    Макпримат за облека,да, имаат убави класични модели. Единствено не знам зошто продаваат чанти, паричници, ракавици и ремени кои не се кожни. Колку што се сеќавам порано продаваа исклучиво кожа, а сега продаваат само еко кожа, и тоа не е нивни производ, туку увезен :/

    Имало многу конфекции во Делчево и во склоп на фабриките имало продавници по многу поволни цени. Па кој е поблиску таму, му завидувам :D
     
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.115
    Допаѓања:
    27.018
    Бев еднаш во Дуки Дасо купив ланче го отворив по пат и гледам скинато.Веднаш го вратив и од тогаш не сум влегла.
     
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Нема квалитет во нашите производи. Не купувам.
     
  16. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.755
    Пол:
    Женски
    BIANA само!Квалитетни чизми од вистинска кожа,а и преубави модели и мн избор.А и не само чизми и сандали,штикли и сл.
    Оксфордки купив еднаш на Biana,крем,вистинска кожа и ги изнаносив доста.Меки и преудобни.
    Штикли т.е Сандали лаковани во комбинација со превртена кожа,штикла 12,исто ми се погодија доста добри.Ги земав за матура.И сеуште ги имам и ги носам.Удобни се многу.А и квалитетот на ниво им е.
    Да,ќе ги платиш повеќе ,но барем знаеш дека носиш квалитет и модел направен со префинет вкус. :)
    Супер бренд се!

    За др македонски,наши марки не сакам да коментирам.Затоа што не ни купувам,а и тоа по еднаш што сум купила некогаш, ми се покажало ниско квалитетно.
     
    На jelly888 и SwanMay им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Имам неколку пара чизми од Биана од кои сум презадоволна. Секоја година гледам да купам некој пар квалитетни чизми од таму, имам и од пред 3 години кои се сеуште во одлична состојба, ниту пропуштаат ниту ми мрзнат нозете во нив. Навстина вредат за цената, т.е. не се ни многу скапи како за кожни квалитетни чизми по 3-4000 ги имам купено. Инаку во различни продавници каде што се продаваат обувките на Биана цените се различни како и моделите. Јас купувам од Бобили во ГТЦ и во Свон Шус Градски Ѕид. Има продавница некоја во Автокоманда незнам како се вика ама ги имам на фејсбук исто така продаваат модели на Биана, ама за цените не сум баш упатена.
    Фашчино Баргала во ГТЦ исто се наше производство само по Италијански модели мислам дека работат и се доста поскапи баш поради дизајнот, имам еден пар штикли од тами ги изнаносев, а поудобна штикла немам облечено.
    Стружанка си се знае, ѓаќичка, пижамче, маички, памучно со одличен квалитет.
    Други парчиња облека или обувки од наше производство мислам дека немам.
    Мајка ми си е многу по нашето производство, за неа нема подобри од Мак Примат, Тетекс итн...
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bonitacika

    bonitacika Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    21
    Нема многу македонски брендови, а тие што се кој - како е квалитетен. Јас имам неколку чанти на Дуки Дасо и сум многу задоволна од квалитетот. Исто така имам и некое парче долна облека, но не знам кој бренд беа. Друго, немам.
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Мајками често купува и е презадоволна. Таа вели дека подобро би купила македонско и наше отколку странско и непознато.
     
  20. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со mirandaa за BIANA! Јас имам кожни чизми до над глужд, вистинскакожа не топлат многу но за есен се предобри, зимава ако биде ваква ќе ми биде супер.Многу си ги сакам, ги платив 2500 и не зажам дефинитивно најдобри!
    Мајками има чизми до колена од BIANA и многу ја топлат а и убаво стојат со се се комбинираат. :)



    20141115_132929.jpg


     
    Последна измена: 15 ноември 2014