Биана, прекрасни се ем цврсти ем убави па и цента не им е толку лоша исто мислење имам и за Баргала, Keги како помала,а од Bella не сум користела ама слушам убави критика за фирмата и производите па на план сам да си земам нешто aко ме бендиса, друго незнам Дуки Дасо чантите сите ми се скоро од таму и балетанки имам, накит ова она малку се скапи (а литл бит) ама па се исплаќа квалитетот
Накитот од Дуки Дасо нема шанси да е нивни. Чанти, новчаници и колани и такви работи можеби. Само не ми е јасно, тетками ог Грција си купила чанта со знакче дуки дасо само внатре исполнето а не изрезбарено како што се кај нас ( се надевам ме разбравте ) за само 5 евра. А чантата се познава убава кожна. Е сега дали е некоја копија појма немам. Исто и братучеда од Неготино со истото знакче се зела за 300 ден. Фабриката им е таму и цените се толку навистина или? Ова со знакчето не ми е јасно..
Најпрво сакам да ги пофалам штиклите од БИАНА зошто не само како модели и за изглед се убави и за долго стоење па и играње и се и сешто. падот им е складен матријалите супер немам зборови. ТРИТЕКС - се уште една македонска компанија што сакам да ја пофалам од таму си купувам долен веш и никогаш не сум зажалила. S & S - SILVI STYLE STRUGA - од кај нив купуваме сите дома пижами ги има во стружанка продавниците и во БОМИКО,пижамите со години ги носиме и ни боја имаат пуштено ни се растегнале ништо . За друго не ми текнува сега ама често купувам домашни производи...особено облека.
Најчесто кошулки и капутчиња земам од тила за поголемата.Панталоните за жал не ги бендисува никогаш па не ги ни купуваме.Моделите не се типично детски со бубамари,мачиња,кучиња и затоа ми се допагаат.
Здраво девојки Сакам да прашам дали обувките на БЕРГАЛА од Штип се всушност исти со обивките NICKLES од Штип? Прашувам бидејќи на фб постојано ми испаѓаат чизми на попуст на NICKLES од Штип - што прв пат и се запознавам со овие NICKLES А да, ќе заборавев... Дали сте запознаени со КВАЛИТЕТОТ на обувките на Смики од Кочани? Ви благодарам однапред
Дуки дасо се кинески, а магацинот им е во Неготино. Ова со гаранција, познавам девојче што работеше во магацинот.
За сите што сакат да знаат Дуки Дасо имаат фабрика во Кина, таму им се изработува се, нормално кинеска ефтина рака, ама и кинески ефтин материјал, а цените што се тука се нереални, но тоа е што е. Чантите и чевлите, не се квалитетни, мене голем дел ми се од таму од чиста причина што си ги купувам од Неготино, каде им е магацинот и е многу, многу поефтино отколку во Скопје или другите градови. Цените во Скопје што се, се смешни и бизарни, мој совет ви е, ако имате некој од тука во Неготино колешка, пријателка, одберете си од каталог што имате и порачајте си да ви ги донесат од тука како што правам јас со моите колешки. Чанта повеќе од пола година не издржува без да препукне од некоја страна или на коланот/рачката, конци се кинат, не држат товар ич а и уште сосема нова кога ќе ја купиш одма маани можиш да и најдиш, исто и чевлите и штиклите. Не се квалитетни тоа е факт, најреални цени се фаќаат на попуст тука кога се или ако купуваш директно од магацин - ама таму влез имаат само познаници нивни и оние кои купуваат на големо. Додека накитот според мене им е преубав и не е многу скап,бижутерија како бижутерија после многу носење нормално ќе поцрне ама имаат интересни модели, исто и новчаници, капи, наметки.
Јас накит од Дуки Дасо купив од една бижутерија во Грција каде што беше се по 1евро. Ланчиња од оние масивните, обетки се беше по 50 центи или 1 евро. Тука цените на ланчињата се по 500 денари што во никој случај не се исплати.
@sesilija, уште кога ги објавија сликите, не можам од глава да ги извдам овие со змиски принт. Обично не сакам многу принтови, ама оди па одолеј му на овој модел. Знае некоја што цена се?
Никогаш повеќе.Последниот пат ми беа купиле од Макпримат за на свадба едни панталони и едно сако.Сакото ми се скина во текот на свадбата.А мајка ми го беше платила 3500 денари.Значи по само едно носење се скина. Од тогаш си го користам како крпа кога си го бришам велосипедот или автомобилот. Па и затоа не го бива. А и ретко да имаме брендови ние.СЕ што се прави е увези конец или пак цели маици и сакоа од Турција и само пиши име на некоја наша фирма и штанцај.Врска нема ова.Кај нас одамна е се застанато.Никој ниту произведува ниту ништо. Кога една држава нема примарно производство на материјали,како памук,волна,полиестер итн.неможе и воопшто да се каже дека има бренд.За жал тоа е вистината
И мене тие ми се фаворит, и црните со крокодилски принт. Јас сакам животински принтови, ама не секакви, туку вакви, во овој стил. Сигурна сум дека во живо изгледаат уште поубаво. За цена не знам, тоа прашање го има до секоја слика, го поставуваат минимум неколку пати и исто толку пати од Биана им одговараат дека продавниците ја одредуваат цената, не знам како не им досадува истото и на едните и на другите. И на крај пак не знаеме која е продажната цена.
Тоа видов на фан-пејџот, ама мислев да не случајно си била на лице место да видиш. Во сите градови различни се цените на обувките? Да проверам кај нас да не случајно им се нешто поевтини, иако за балетанки би дала се` што имам на сметката. Ги обожавам, посебно со вакви суптилни принтови. Си купив и таква ташна пред некое време, ептен филм си направив со балетанкиве.
А кажете ми кожни се, или нема декларација? Зашто ако не се кожни 2000 е многу за балетанки. Мене па овие последниве ми се преслатки, уште утре би ги купила.
Би требало да бидат кожни, ако се производство на Биана. Јас од нив имам десетина пара чевли и чизми, не се мрднати. Иначе за цените - поевтини се во помалите градови, во Скопје и Охрид се нешто поскапи за разлика на пример од Кочани или Кратово. Самите продавачи ја одредуваат цената, затоа на фб не можат да ви кажат точна цена. А иначе се намерачив зимава да купувам чизми на Биана, начекав до 50% попуст во Дора и се залетав - чизмите намалени само 500 ден (од 5200 на 4700). И си отидов фино лепо во Свон Шус и си купив чизми за 2200, од охридската фирма за чевли и чизми (немам поим како се вика). Не ги имам соблечено од нога.
Хипстер не знам дали се кожни, веројатно да. И јас не би дала толку пари за балетанки, јас претпоставував дека се околу 1600, така ми е останато во сеќавање дека им биле цените на балетанките. Не се само овие модели, јас тие ги ставив како мои фаворити, инаку има уште на фан страната. Еве уште некои
Не ми се допаѓаат другиве, ги видов инаку, сите ги проучив детално. Без сомнеж фаворит ми се оние со змиски принт, жена-змија да будем. Готово, се решив дека ќе ги купам, само да завршам со полагање и ќе одам. Вака ако ги купам сега, нема да имам мотивација да си го исцедам мозокот до крај.