1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку купувате од македонски модни брендови?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 28 септември 2011.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Да бе Сеси во право си и јас мислев дека ќе кажете понормална цена, ама можеби за повеќето 2000 е прифатлива цена па затоа ќе премолчам.
    Да ти кажам најубавите си ги одбрала, и јас ѕирнав нешто на фв не ме фасцинира ништо ко овие последниве.
    Да идеме на шопинг во Кратово, кој би рекол а?:lol:
    Не сакам да звучам снобовски ама за тие пари има купено еспадрили од Томи Хилфигер. Не споредувам, може овие да се далеку поквалитетни, ама малку се занеле со цените.
    Јас немам ништо од Биана ми се чини, знам дека гледав едни обични кафени чевли со висока потпетица, 3500 кога ми рече, ги вратив. Не беа кожни. Среќа за 1/3 од таа цена си купив подоцна исти.
    Ценам наши брендови, ама не може со иста цена како со увозните да ги продаваат.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Кај нас не се толку скапи штиклите, скоро сите ми се Биана. Обично ги начекувам на попуст - плати едно, земи две, па за околу две илјади денари имам два пара чевли кои немаат докап.
    На неколку пара уште флекница им немам сменето, до толку ми се зачувани и погодени. :)
    Имаат многу удобни калапи и од штиклите ретко кои имаат лош пад. Мене тоа ми е најбитно, иако не сум секој ден на висока потпетица, сепак кога носам сакам да ми биде удобно.

    Скапи се, ама исплатливо е да вложиш во чевли. За добри чевли и добар капут никогаш не сум жалела пари. Скапи ми се балетанките и се согласувам дека цената им е баеги преувеличена, за тие пари можеби би купила уште два дополнителни пара, ама толку долго немам начекано модел кој би ми останал во срце, па мислам дека вреди да си ги имам во колекцијата.

    Во Кочани претпоставувам дека им се најевтини, имам колешки од таму, па кажувајте кога да им се тупнеме на шопинг. :wasntme:
     
    На SwanMay, do-re-mi и Annath им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Логично би било Куманово да се најефтини.
    Ако бираме по мали градови, да Кочани, Виница, Ресен. Немало во Кратово Анат,штета.

    Абе да не се праам економист над економостите, пошто не сум, барем не сеуште, ама кој остава на продавачките да прават цени? Ако е таа претпоставка вистина. Се знае како се формира цена.
    Смешно е ова, во Скопје во Дора во Гтц да бидат поскапи него во Кочани, или па во некоја од населбиве. Мене ме одбиваат такви работи од купување, непрофесионален бизнис би рекла.
     
    На Jordanovska-K и Annath им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.247
    Пол:
    Женски
    Јас не жалам пари за добри чевли и чизми. Затоа сум давала за Биана, ама овојпат не ми се даваа толку многу, башка ни моделите на чизми не ми беа толку убави за да дадам 4700. Имам едни од Биана, купени уште 2007 година, високи до колена, на изглед како да имаат анимал принт, ама не е, кожата е така набрана и се прелива, уште ги носам. На средно висока штикла се, полушпиц и напросто ги обожавам, не се мрднати. Само флекници им сменив лани, се друго е исто останато. Маста им ја вадев и зимава, ама штиклата не ми е за секој ден на работа, па затоа сакав да си купам пониски. Имав и рамни од Биана, лани зимата ми откажаа послушност - ѓонот (или како и да се вика тоа од долната страна што газиме на земја) скроз отиде (се излижал од носење), не можеше да се замени, а ако можеше, сигурна сум дека уште ќе ги носев, бидејќи беа здрави. А сите други чевли што ги имам не се мрднати иако секојдневно ги носам. Имам и балетанки, ама не ваков модел, малку погруб, ама ептен удобни се покажаа.
    Зборот ми е, за добри чевли не жалете пари - еднаш се излажав и купив од оние кинескине во Avanti и дебело се зафркнав - ми излегоа жуљеви и воспаленија на прстите, а никогаш не сум имала такви проблеми.
    А каде се најефтини, не знам, ама пак ќе речам, вредат секоја пара.

    Хипстер, немало избор во продавницата во Куманово, воопшто, само стари модели им останале. Во градовите во внатрешноста не им се исплати да држат високи цени, нема кој да ги купи, за разлика од тука во Скопје - секогаш се наоѓа некој што ќе плати и поскапо. А и во Охрид држат цена - народот и таму нема пари, ама изгледа за туристите се наменети...
     
    На Sky-butterfly, Hipica, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    2.170
    Самошто пρовеρив во пρодавницата во Κуманово,балетанκите се 2390 ден.κожни се. Лансκите модели тогаш беа 2000 сега се намалени на 1500. Ова се модели на Biana Shoes.
    Инаκу, има уште една фабρиκа, Biana Trade, нивните модели се малце поκласични и за нијанса поевтини но споρед мене поκвалитетни...
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Од македонските модни брендови имам купено чевли од баргала кои се покажаа солидни, не беа лоши ама за таа цена сум имала и поквалитетни. Други продавници од кои купувам се стружанка и тритекс стриктно долна облека и пижами и релативно сум задоволна, евтина цена пери носи. Од македонски дизајнери не сум купила досега облека бидејќи сметам дека имаат понекогаш интересен дизајн, меѓутоа цените им се високи за квалитетот и изработката што ги нудат.
     
  7. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Од Васидора имам купено еден фустан,а од Орка доста ствари.. Во другиве продавници не ни имам влезено,освен во Нана,ама немам купено ништо
     
  8. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    Јас многу често купувам македонски производи. Чевли купувам од Biana Shoes, Biana Trade, Bargala... Облека купувам од Astibo Basic и Bella, имаат баш такви модели на фустанчиња, здолништа, кошули, капути како што носам јас, класични и модерни. Посебно Bella ја обожавам, ретко нешто да не ми се допадне таму. Мене баш производите на споменатите македонски производители ми доминираат во плакарот и презадоволна сум.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.640
    Пол:
    Женски
    Дали костимите од бела ги переш во машина?Панталони,суќни?Бендисав неколку но не знам за одржување како се :)
     
  10. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    Тие што се памучни, а ретко се такви да на 30 степени ги перам во машина. Другите или рачно или во машина со опција за перење - рачно перење на 0 температура и без вртежи.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Не знам дали претходно ги имате спомнато, но јас лично сум многу задоволна од LDB и квалитетот на нивните производи.

    Слободно можам да кажам дека нивните фармерки се вбројуваат во едни од најдобрите фармерки што сум ги купила.
     
    На angelche16, Sexybaby86, Sfera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    @Jordanovska-K прв пат читам за нив, за LDB, ајде кажи каде се наоѓаат?
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.640
    Пол:
    Женски
    Во сити мол мислам имаат продавница и во Тетово во Палма мол
     
    На mirandaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Ako misli @Jordanovska-K na LTB ,togas da, gi ima nivnite prodavnici kade sto kaza joy. Megutoa LTB voopsto ne e makedonski brend, tuku turski. :)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.640
    Пол:
    Женски
    Тоа ltb нели држеа роба заедно со blue petrol? А тие мислам се македонски бренд или не?
     
  16. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Ne, ne e makedonski brend vo nikoj slucaj.
    Eve i na internet mozat da se najdat nekolku osnovni informacii vo vrska so ovoj brend.Brendot e od grupacijata na Çak group, turska grupacija.

    LTB By Littlebig is a brand of denim jeans founded in 1994 and headquartered in Istanbul, Turkey. The brand is owned by the Çak Group of Companies, established in 1948 as a denim producer.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    Знам за LTB дека се турски бренд, ама читам за LDB па затоа мислам дека се работи за различен моден бренд.
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    На Jordanovska-K и mirandaa им се допаѓа ова.
  19. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    ^ Да, на овие мислев, знам дека се македонски бренд, ме зачудивте со ова за LTB :D

    Мене навистина ми се допаѓа квалитетот и издржливоста на нивните фармерки, имаат добри класични модели, а официјалната страна очигледно не им е одамна ажурирана :lol:
     
  20. Sigma*

    Sigma* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Duki Daso - nekolku lanchinja, obetki, parichnik.. se na se, zadovolna :)

    Gorica Trade - odlichni!! Kozhni mokasinki za 950 den, kozhni chizmi koi iako pishuva deka ne se za vlazhno vreme ne popushtija ni vo najgolemata poplava :) preubav izbor na tashni i parichnici, samo da se nacheka onoj period na popust.

    Struzhanka - broj 1 za pizhami, gakji i maici :)

    Nashe triko - a vo prodavnichevo ako vlezesh kje se pokaesh zoshto ne si zemala povekje pari :D maichki letni za 160 den, bermudi, pantaloni, trenerki, fustanchinja (ne sekogash, no se naogja). Plus imaat mashka roba, detska, i garderoba za povozrasni. Iii pamuchen dolen vesh :) preporachuvam!

    Vivendi (Shtip) - sekoj denar shto go dadov za koshula i sako ne go zhalam. Sakoto po izvesno vreme go vidov vo Mango, razlikata beshe shto moeto beshe so obichni kopchinja a ne so Mango :) i koga sme kaj Shtip - Albatros :) (mislam deka e shtipsko) :)

    Nana - ogromen izbor, ama cenite im se malceee povekje dignati. I sekako, kje go potenciram faktot deka bliski prijateli na Nana (Bunjakovec) gi nosat fustanite, i potoa istite pak se prodavaat. Sepak go pominuvaat procesot na hemisko i takvi slichni raboti ama sepak go osekjam kako second hand, a go plakjam povekje od luksuzno.
     
    На angelche16 и joy1 им се допаѓа ова.