Онлајн шопингот е сеуште далеку од реалност во нашата државичка. Некакво помрднување се фб страните на бутиците, мене лично ми се наоѓаат за да видам што има низ другите градови, но понекогаш и нарачувам. Оваа тема нека служи за разменување на линкови од страните на нашите омилени бутици. Ова се моите : Облека: Скопје : Бутик Infinity https://www.facebook.com/Butik-Infinity-1513234748929970/timeline/ Mana fashion https://www.facebook.com/MANAfashion?fref=ts Охрид: бутик ники https://www.facebook.com/Butik-NIKI-108891875817416/timeline/ Прилеп: butik NN https://www.facebook.com/NN-Fashion-262691917217435/timeline/ Обувки : Кочани: https://www.facebook.com/coveryshoes?fref=ts Битола: https://www.facebook.com/unikat.bitola.1?fref=ts
Дечки, сè уште ли е поевтино во Дуки Дасо во Неготино отколку низ другиве места? Прееска прашав за едно најобично ланче и ми кажаа цена 900 ден. (сачувај Боже), па си викам да си го најдам таму за поевтино. И каде се наоѓа точно продавницата?
Sara Fashion Од кај нив земав хеланки. Порано (до пред година) беа многу цврст, јак материјал, непровиден, не се познаваа ни гаќи и не се кинеа. А, сега нагло материјалот е послаб, провидни се и се кинат после неколку облекувања (меѓу нозете), а јас сум слаба и никогаш тука не ми се кинеле (ни хеланки, ни фармерки). Ем цената ја поскапија на 260ден. А, за што ја поскапија ? За што го расипаа квалитетот ? Како не им е срам, па уште ќе рекламираат квалитет. Квалитет не можат да бидат прозирни хеланки !!!
Во Дуки Дасо во Неготино е стварно многу поефтино отколку онака низ продавниците. Ја бев викендов си купив две ташни за по 600. Ланчиња по 120-150.
-Чевли купувам од двете Биана и сум задоволна, -имам по некој новчаник и чанта од Дуки Дасо, новчаникот ми распука, рачките ми се скинаа, -купив чизми од Баргала и после 2 недели ми се рашири ластикот а сум доста слаба, -од Васидора имам 3 фустани и едни панталони што после првото перење ми се ишарија, -купувам чат пат хулахопки од Санда и се сосема ок. -кога барав новчаник од Горица Трејд, еден од 10 беше сошиен како треба, се друго криво-лево. На прв поглед изгледаа во ред, кожата се гледа дека е квалитетна, ама изработката лоша. Се на се, со оглед на тоа дека даноците се далеку пониски од странство, исто и ќириите, работната рака, не плаќаат за увоз и тоа што попустите им се никакви, не сум задоволна од македонските брендови.
Слабо купувам. Купувам веш и пижами за децата најчесто од Тритекс. Имам само еден комплет од Бела,класичен и модерен во исто време,само еднаш ми е облечен. Кондури и чизми имам купено одамна од некоја фабрика од Куманово што ги продаваа во Скопје. Во Штип не сум била да купувам,а слушам дека имало доста избор.Сега гледам фини модели од Марвел фабриката за кондури. Имам и некои парчиња купено од Окитекс,ок се покажале. Толку,а би сакала повеќе да купувам.
Имам само на Bella некоја кошула и пантолони, задоволна сум од квалитетот, исто и мајка ми си купува од таму.
Зошто кога купам од ХиМ или друг таков бренд ако пишува памук, навистина е памук? Купив од Кимико скап дуксер, пишува 100% памук, продавачката ме убедува исто и го купив, иако на рака осеќав како да не е баш чист памук. Среќа имам тетка шивачка, надзорна на погон е, има огромно искуство и и го покажав дуксеров, одма рече не е памук. Ај стадов над него пегла, одма ја тргнав ќе се залепеше (а, на памук не лепи). Потоа, нели нешто ако е фелер се продава како роба со грешка, поефтина е и назначена е? Купив од Сара Фешн хеланки, продавачката ми вели стандардни се, не сакаше да ми ги отвори (јас сакав само да ги проверам, иначе имам купувано исти такви). И дома ги гледам работ е криво сошиен. Ај да не ги враќам (зошто однапред знам како ќе им се стемни на продавачките), реков ќе си ги носам за низ дома, по два дена се скинаа меѓу нозе (а, имам 53кг.). Ем беа прозирни, а на рака да ги фатите изгледаат како квалитетни и непрозирни. За Биана, претераа со цените, секоја година си се замислуваат се повеќе и повеќе. А, квалитетот како за кожни чизми не им е којзнае што. Имам имано од други фирми од Македонија (за од надвор да не правам муабет) и многу се подобри. Потоа, купив трикотажа од Мкд производство, ја купив поскапо, и на гаќите веќе после првото перење се издрпаа конците (знаете гога едно конче ќе го тегнете до бесконечност и никако не завршува?). Има и добри Мкд производители, претежно кај некои трикотажи (локални, и ги знаат само тие околу), ама за се друго нема човек кој не се пожалил.
Дечки, абе што стана со Биба шуз од куманово? Работи ли уште? Имаа прилично модерни чевли,главно за извоз а само во некои продавници во ск ги имаше нивните чевли..ама гледам фб страницата не им е нешто активна последнава година...Знае ли некој?
Јас многу се налутив и решив веќе да не влегувам во Бијана. Со таков ќеиф си купив чизми, ретко убави на око ко за нивно производство, после едно носење ја изгубија формата ептен. Па околу 100 евра фрлив. Кога ќе ми текне дека имам два пара обични чизми купени од бутик 1500 ден., турско производство, три години ги носам и уште се како нови...
А за Шевро Шуз што ќе кажете? Гледам водителката од живот со стил им ги носи. Не ми се бендисало нешто оттаму досега. Порано, во соработка со Шевро, Кристина Арнаудова извади една колекција...и на таа остана. Исто и Марвел нешто слично прават, ама не ми изгледаат за квалитетни од Марвел, ама шик чевли прават. Некоја кумановка нека даде повеќе инфо за фабрикиве/брендовиве, посебно каде се Биба Шуз. Еј, а прочитавте дека за Камерон во македонија се шиеле колекциите? Наводно во некоја конфекција на Камчев. Тој па и тоа имал. Мислев после Орка и Кара заврши со текстилот, а уствари и Веибо во Паланка е негово.
Јас чевли од Биана и од Глечер купував, мајка ми се од таму купува, ама почнав турски да си купувам, барем за таа цена ке имам 2 пара
Освен пижами и сл., ретко купувам домашно производство, затоа што не се исплаќа за парите. Најдобро е човек сам да си набавува гардероба од Турција - солиден квалитет по нормални цени. Иако, кога купувам надвор од земјава, обично се тоа ЕУ држави (не е Грција).
Здраво девојки! Пред неколку месеци моја другарка почна да изработува нејзини сопствени парчиња, маички, панталони и кошули и полека сака да го развие во свој бренд. Па ме поттикна да пребарам и да почнам да ги поддржувам нашите креативци и почнав по нет да барам наши македонски брендови, но не успеав да најдам баш многу, не знам дали како фактор е тоа што се плашиме да превземеме ризик или недостатокот на материјали како што вика другарката. Од тоа што успеав да најдам е следново: - Bella (https://bella.mk/) - Cactus (https://www.facebook.com/cactusdesignsk/) - Dreadpen (https://dreadpen.com/) - Race Gore (http://rg-13.com/) Споделете и други ве молам. Дали вие носите наши брендови и кои би ги препорачале?
Купувам од Дуки Дасо највеќе. Сара фешн купачи нешто ако ми треба такви работи купувам и од таму. Друго нешто ретко... Ем се преценуваат со цените, ем квалитетот не им е ко шо треба.
За последен пат во животов купив бикини од Sara Fashion. На почетокот кога ја отворија продавницата, цело време купував купаќи од таму - ем беа ефтини, ем квалитетни. Во последно време моделите им се катастрофа - не се сушат брзо, имаат мали обоени дамки на купаќите, едноставно ептен имаат намалено на квалитет, а цените се превисоки за таков (шкарт) производ. Прикачиле етикети со попуст на сите модели, а всушност немаше никаков попуст реално. Еднаш купив хулахопки од таму и уште вечерта ми се искинаа. Воопшто не сум задоволна од квалитетот. Санда е 100 пати подобра варијанта. Од Bella имам неколку кошулчиња што ми ги има дадено тетка ми. Јас не ни знаев дека ова е македонска фирма додека не прочитав тука Разгледував баш сега на нивната web страна и сметам дека прескапи се производите за наш стандард. Имам неколку ташни од Duki Daso, но не носам чанти многу често, па и не знам да проценам баш за нивниот квалитет. Во секој случај не се многу скапи нивните производи. Долго време немам купено ништо од Biana, ама мајка ми купува чевли само од таму и досега се нема пожалено за квалитет или било што.