Од Biana купувам и јас подолго време и до сега баш сум задоволна. Мислам дека квалитетни материјали користат, а и моделите ми се свиѓаат. А баш сум позитивно изненадена од Cactus и Dreadpen, само што открив дека Dreadpen е уствари дечкото што ги црта малите трансформатори низ Скопје. Не знам дали имаат продавници овие брендови. Исто така бикините од Сара Фешн мене при перење ми обледеа едно 2 нијански и сега ми се како стари од пред 5 години А баш убави беа.
За долен веш, купаќи, хулахопки најчесто од Сара Фешн купувам. Читам коментари дека сте незадоволни од нив, јас па имам само позитивно искуство со нив. Минатата есен/зима купив 3 пара маички со гаќи заедно и многу се убави. Дезените се преслатки, а материјали премеки. Годинава ќе докупам уште. Никогаш претходно не сум носела маичка, стално сум носела боди бидејќи до тогаш не успеав да најдам маичка која ќе биде залепена. Стварно сум презадоволна. Купаќи не купувам многу често, но што имам купено се ми е океј, само некако не им ги разбирам величините. Долните купаќи ми се L, а јас сум слаба многу, гардероба носам S. Оваа година купив и едни сандалчиња, со бисерче напред, мноооогу убавки, летни и не прават рани. Од Дуки Дасо не сакам да купувам бидејќи цените им се астрономски, а парчињата last season. Не сум видела нешто да е убаво и да речам вреди за парите. Чанти по 2000 денари, ланчиња 800/900, обетките 500/600.. Марами и новчаници преобични за тие цени. Гледам да ги избегнам по секоја цена.
Дуки Дасо сериозно со цените претераа. Ќе ги оправдував да се во сооднос со квалитетот, но не е така.
Страшно астрономски цени, а стара роба. Минати сезони, не им се трошат а цените им стојат. А пак ако има попуст, попустот не е на големи работи туку на стегачи и обетки, новчаници.. на небитни работи. Во Велес тоа продавачките се страшно безобразни, мислат којзнае каде работат.. А знам и во Скопје што бев во една, продавачката не се тргна од телефонот.. и уште толку ми се одмили да одам таму.
Во понепозната продавничка обетки видов за 100 ден., истите во Дуки Дасо се по 300. Само еднаш имам купено новчаник од таму, и тоа за подарок не за мене и можам да кажам дека се погоди. Еве кажувам, да не беше на попуст немаше да го купам.
Мислам дека е време да се реактивира оваа тема Барем да наброиме дел од нив, ако ништо друго. Има огромен тренд на светско ниво на насочување кон локално производнство и поддржување локалци кога се работи за било што, не само за мода и многу ми е мило што луѓето почнаа да се извлекуваат од торнадото кое е фаст-фешн облеката. Штета е што и многу македонски брендови се „проголтани“ од фаст фешн ланци. За среќа, опстојува по некоја продавница во помалите градови, а дел имаат и online продавници или лесен начин да се нарача. Фротирка (Frotirka) - Почетна - Фротирка (frotirka.mk) бренд за текстилни производи од фротир Тритекс (Tritex) - Tritex underwear | Водечки бренд за долна облека (triteks.mk) бренд за долна облека Астибо (Astibo) - Почетна - Astibo Basic бренд за облека Никелс (Nickels NOWW) - Nickels NOWW | (ги има и на Instagram) фабрика за чевли и обувки Ова се дел кои имаат сопствени online продавници. Има многу други брендови. Слободно набројте ги за да дознаеме некоја нова или потсетиме на постоечка и поддржиме македонски бизниси.
Mirjana Josifoska proziveduva ubavi kapi i sapki, malku se skapi ama vredi eden klasicen sesir da se kupi od kaj nejze. Tetka mi kupi pred 2-3 godini i se uste e kako nov, a go iznanose, nema kade ne proseta so nego
Јас сум многу разочаран од квалитетот на Тритекс. Порано(до пред 2-3 год.) имаат супер квалитет, меѓутоа изминатава година-две квалитетот им е катастрофа, додека цените, речиси над дупло ги зголемија.
Немам навика да купувам од домашните брендови, знаејќи го каков е квалитетот. Ама ај си реков да сменам од Карписа (цело време од таму купував) и да си земам од Дуки Дасо ташничка. Земав и се покајав. За 1 месец ми се излити, ми се направи компир манџа ташничката. Инаку материјалот е полиестер, но и од Карписа беше истиот па не ми се излитуваше. На Дуки Дасо им ставив Икс.
Од Бјана редовно купувам и покрај тоа што претераа со цените, посебно оваа година и затоа ги рипнав оваа година последните 2 сезони. Скоро сите чизми, кондури, балетанки ми се од таму, навистина се квалитетни ама цената на стандардот не одговара. Исто и од Дуки Дасо купувам, добри се, кај нив најчесто попуст си начекам.
Можно е, не знам лично за во последно време. Знам дека другарка која е во странство специјално зема од таму некои работи и уште се нема пожалено или па уште ги нема носено последните што ги зеде. Ама штом пишуваш дека е така, се надевам дека ќе се поправат. Исто како што и странски брендови имаат квалитетни и неквалитетни работи, така е и со македонските. Нема зошто да се избегнуваат сите само затоа што 2-3 не се погодиле. Како за пример: и од фаст фешн брендовите голем дел од работите се распаднале после прво перење па пак се купува на големо од нив, за жал, а нашето не смее да потклекне инаку го отпишуваме. Истото го помислив. Разбирам дека е кожа и не го купувам секоја сезона туку треба да трае ама ептен цените како за некој стандард што го нема...
Според мене се преценети. Кога и да влезам моделите им се како застанати во времето и ништо не ми оставило голем впечаток. Гледав и облекуваа некои водителки и воопшто не ми се допаднаа, млади, а изгледаа како тетки.
Биана чевли ми се одлепија после нецел месец. Зинаа напред двете. Никогаш порано не ми се случило со нивни чевли.
А стварно, некој сеуште произведува чевли во мк, на пример Биана? Мене не ми се случило со никакви чевли, а од Биана имам од пред 100 години чевли. Не ги носам многу, калапот и не им е баш најудобен, ама уште се како нови. Ама ми се има случено на некои други да им се распадне ѓонот сам од себе, од стоење, ете такво чудо не верував дека ќе видам. А на пример шпански бренд, ич не беа ефтини. За квалитетот на Тритекс се согласувам дека е крш, цена пута 2, квалитет во рикверц пута 4. Дуки-Дасо немам појма како го рачунате како македонски бренд. Макпримат- вечна класика, сеуште.
Ги произведуваат. Ама зошто се случи да се одлепат толку брзо, не знам. досега не ми се случило ова. И Окитекс има добри капути.