Штеделе на лепак. Во нормални услови тоа е за рекламација и да ти ги залепат или да ти дадат други. Ако не функционира тоа пробај на кондураџија.
Се што беше добро, беше во гтц, и веќе не е. Имаше една конфекција Сима. Непрежалена ми е. И тоа некој ако знае дали и каде постои, би било фино да сподели.
Јас баш се изненадив кога видов за Макпримат во ГТЦ, непријатно се изненадив. И ГТЦ не е тоа што беше, буквално пропаѓа, на втор кат освен Стилес и еден бутик за венчаници ништо нема.
Во последно време забележувам дека сe повеќе бутици во Македонија набавуваат облека од Temu и AliExpress, а потоа ја препродаваат по значително повисоки цени. Проблемот е што често таа облека изгледа привлечно на прв поглед, но кога ќе ја видиш одблиску или ќе ја пробаш, се забележува дека не е изработена од квалитетни материјали, или дека шиењето е слабо. Лесно е да се откријат онлине бутиците со reverse image search на нивните постови, но дали имате некаков совет за препознавање ваква fast fashion роба во живо? Секој совет е добредојден!
Негде кај клинички центар, одоздола, позади рамстор некако. Така сум чула, никогаш не сум го нашла, многу чудна локација ми е.
На фб. Okitex Outlet побарај ги сега имаат сакоа ама цениве 3-4000 денари. Продавницата се отвара наменски за определен период , па се затвара. Работат една смена и саботи. Инаку се наоѓа карши Јавна Соба т.е. Public room, всушност уличката до неа.
@Biljarkata јас Сима купувам во Беверли трговскиот. На нивото на паркингот имаат продавница на ќош. од чевли Биана ми се најудобни заедно со NickelsNoww. Веројатно тоа зависи и од стапалото, начин на газење и слично. Квалитетот е паднат на сите брендови. Затоа што квалитетот на материјалите е паднат на светско ниво. Само што ние сме малку „проклети“ од тој аспект па даваме пари за „квалитетни брендови“ како Зара и такви слични на сметка на поквалитетни работи од македонски производители. И после плачеме дека нема македонски брендови.
За обувки, LaFabrique, производство во Прилеп. Понекогаш и Белмондо. За облека, Linea наоѓам со прифатлива цена и добар квалитет. Плус конфекција Кули во Прилеп исто. Се наоѓаат пантолони, сакоа, така поформални работи.