Феминки колку лакови имате по дома што почесто ги користите? Колку мат,колку сјајни и колку бои и нијанси од некоја боја? Јас имам точно 20 лакови (ама често употребувани) хихихи Од кои верувале или не 15 ми се мат.. Имам еден со светки,и 2 безбојни и еден што се прелива зелено-виолетово и месо боја лак.. А засушени којзнае колку ги имам :О А за мат лаковиве кога ке ставам од тој безбојниот од кога ке се налакирам секогаш добивам убав сјај и секогаш така се лакирам,прво еден тенок слој,па подебел,и на крај безбоен..
Имам 6 лакови за нокти - светло розев, светло зелен, темно плав, сив со светки, кафеав со светки и лак во бордо боја. Само зелениот лак ми е мат. Другите се сјајни. Најчесто се лакирам со сивиот лак со светки.
Пред некоја ден си ги средував лаковите (ги подредував,гледав кој се за в'канта), и кога ги избројав и ја кажав бројката на мајка ми верувајте срце ќе ја фатеше. Веќе не купувам лакови малку да ги намалам, бидејќи имам 80 лакови.
Јас одприлика имам 30 така нешто , незнам точна бројка но знам 3 несесери полни имам можеби и повејќе се. Имам скоро во сите бои
имам 10, тие што ги имам се нежно розеви,кафеаво нежно,црвен,бел и др. не сакам дреч,,и најдобри се од од флормар и бргу се сушат..а пример од авон има тие што се speed dry треба пола саат да се чека
Вкупно имам 23 1.Безбоен-Classic charming 2.Бебешко розе-4-Malena 3.Бел-3-Мalena 4.Тиркизен-9-Malena 5.Сив-22-Malena 6.Виолетов-205-Golden Rose 7.Мастило син-131-Golden Rose 8.Портокалов-129-Golden Rose 9.Зелен-207-Golden Rose 10.Циклама-13-Golden Rose Rich color 11.Светло жолт-55-Classic charming 12.Црн-71-Golden Rose 13.Бордо со сјај-31-Малена 14.Светло зелен-328-inches 15.Син со светки-218-alessandro 16.Темно црвен-366-alessandro 17.потемна месо боја-artdeco 19.светло сив-121-Оливиа 20.Кафеав-Vampire-visions 21.нијанса помеѓу кафеав и розев-60-cameo 22.Темно црвен-cameo 23.Розов со сјај-cameo
Ги изброив и испаднаа 18 а имам и уште ама тие бои сите се повторуваат. Еве какви бои имам:нешто како мешавина од црвено и розево,светло розев,месо боја,црн,светкав син,бел, темно розев, кафеав, сив, зелен, мешавина од црн и розев нешто како виолетов, темно кафеав со светки,златен, еден жолт со розеви светки, син, проѕирен, мешавина од црвено и розево пак ама овој е посветол, жолт лак со црвени ѕвездички и црвен.
го видов ова и баш ги избројав имам точно 52 шишенца со лак од кои некои бои се повторуваат кога сакам да се наградам со нешто сакам да си купам лак имам и од 30 денари имам и од 800 денари ми се случува кога ќе идам во продавница да купам некоја боја кога дома ја имам слична скоро иста нијанса или пак истиот лак заборавам што имам по дома не фрлајте си ги парите како мене