Во принцип не бројам ништо од козметика. Важно ми е тоа што го купувам да има наменска употреба. Така е и со лаковите за нокти. Имам толку колку што користам.
Само што ги разгледав сите. Ги наредив на подот и ги поделив на три делови: за фрлање, оние кои ги користам и трети за да ги дадам. Фрлив 40 лакови: исушени, стари, уништени. 25 имам за подарување. Нови, речиси некористени, на кои бојата не ми се допаѓа или пак потребни се повеќе слоеви за да се добие вистинската боја. Задржувам 37, во одлична состојба. Сакам да потрошам голем дел од нив, и секогаш да си имам колекција од околу 20. Порано постојано купував лакови, безразлика која фирма се, а на бојата и не внимавав толку. На пример сега додека ги разгледував, видов еден темно зелен лак, like WTF? Во тие 37 има и многу лакови со светки, кои се ноќна мора за бришење... Спојлер: . Во темата "Вашето козметичко катче" поставив слика само од оние кои ги користев, бидејќи ми беа поделени од останатите, а сега додадов уште некои.
Многу! Сакам лакови, ставам нонстоп,менувам бои во зависност од времето, дали е лето или зима, во зависност од тоа што го носам на мене и сл. Не сум ги броела ,но сигурно ги има околу 50-60.Преовладуваат бордо и темно виолетови нијанси најмногу, но сега за летниов период и корални, неонски, пастелни… Најмногу ги сакам лаковите на ОПИ и најмногу инвестирам пари во нив, бидејќи ми се допаѓа нивната трајност и итензитет на бои, а и не морам да ставам по два слоја за да ја добијам посакуваната нијанса. Исто така ги сакам и лаковите на Флормар и често купувам и од нив. Имаат гооооолем избор на бои, мат, со сјај,со светки, секакви. А исто така може да налета и по некој лак на Мејбилајн(Колорама) во мојата колекција.
Се имам подновено и со други лакови. 1. Безбоен со зелени светки - Umbrella 2. Портокалов мат - Umbrella 3. Светло-плав сјаен - Umbrella 4. Мешавина од светло-плав и светло-сив сјаен - Umbrella 5. Црвен мат - Umbrella 6. Светло-тиркизен мат - Umbrella 7. Црвено-розев (доминира розевата боја) мат - Pacific Маж ми еден ден ќе ме избрка од дома.
jas mislam deka ne e preterano haha nikogas ne e dosta so lakovite, jas imam sto nijansi od edna boja i postojano kupuvam novi