Ги средував денес. Порано бирав посмели нијанси, секогаш носев различна боја, шо значи треба да се подновам и јас со пролетни бои. Немам забележано дека имам премногу розеви, а не ни сакам розево.
Кој број е тој најгоре лево од Golden rose портокаловиот и исто од Golden rose keratin тој доле како светкаво зелено? Кој број е тој од s-he зелениот во првиот ред и во последниот ред розевиот од Avon? Многу убави бои на лакови имате, ќе си купам некој од овие што ве прашав, се надевам ме сфативте за кои ве прашувам
Спојлер Портокаловиот е број 37. *ваков е: Зелениот е 73. *имав овде слика: Си напрајв и сама ќеф за нови.
Мајка ми има околу 10, неколку од аура. Јас дали две имам Не знам ни да турпирам затоа одам да ми ги средат.
Светло розевиот до ГР (тој што е до top face) кој е? Убаво вика маж ми, само гледаш по интернетот глупости за да трошиш пари.
Тој од Quiz убав е? Од Стокомак е? Знам дека ја имаат они таа козметика, но никогаш не сум видела лакови дека имаат. Ако случајно некогаш ги најдам, да знам дали да си купам.
Од Стокомак го имам земено мислам, да. Да ти кажам право супер ми е. И бојата ми е погодена. Секогаш одозгора ставам top coat на essence и повеќе трае. Дефинитивно подобар од овие she во третиот ред. До ноктот, до лакот ли е ама многу брзо ми се бришат.
Од s-he не сум задоволна ни јас, од темните нијанси особено, одма се лупат. Реков веќе не им ги купувам лаковите, на поклон добив посветла нијанса од нивните лакови, тој лак изненадувачки предобро се покажа. И нијансата е предобра, па и не се лупи, со денови го носам. Се зачудив. Само светли нијанси од нив следно би купила. Имаат некои така убави бои, на попуст кога се, а често се, за таа цена тогаш така само вредат да се купат.