Малена, бројче 16. Мене ми е омилена крем нијанса - ниту мава на портокалово-карамелесто, ниту пак има некои кафеави тонови. Баш си е кремова, буквално.
се извинувам за офф топик ама каде може да најдам вакви кико лакчиња? а и бројче ако може на првиот лак од овие кико
Јсс ги фрлив сите, ми беа исушени некои ниту ги користев, и се беа оние Golden rose, Malena , Gabrini, и решив да не купувам веќе безвеза лакови, си земав еден црвен и еден неон розев и предобри се, повеќе од 1 недела издржуваат, гарантирам
Кога ја видов темава ми текна дека никогаш не сум ги изброила лаковите. Имам моментално дома 34 лакови, и плус уште 3, 4 ми фалат кај другарки што ми се. 6 нијанси на зелена, 8 нијанси на кремаста, 7 нијанси на розева, 4 нијанси на црвена, 3 со светки, 1 безбоен и останатите се жолти, лила, портокалови, кафеави, црни итн. Плус има некои со тенки четкички што се за цртање, има еден што пука целиот (кога ќе го нанесеш самиот си прави шари, незнам како да објаснам) и еден со голема, дебела четка (чуден е малце). Ама овие не ги бројам, зошто не спаѓаат во обични лакови. Инаку за колекцијава е заслужна сестра ми. Таа е опседната повеќе со тоа, јас не толку. И да кажам дека сите се во одлична состојба, немаме исушени. Таквите не ги чуваме, тоа одма се фрла.
Лаковите на кико ги купувам од италија во мк сеуште немам дретнато ама квалитет до немајкаде. Презадоволна сум ако видела некоја од феминкиве може да ни каже зашто таму по пет евра ги земам -.-'
Околу десетина , ама повеќето исушени така да треба да ги фрлам, секогаш бев со средени нокти , ама последно време ги запоставив ноктите, еве денес едвај се лакирав