Силвер, имам околу 150 лакчиња, сите до еден се во добра состојба и се користат, ако ги затварате додека се лакирате, ако не ги оставате по неколку дена затворени накриво, ако ги држите во кутија, лакчињата ќе траат, па така имам лакчиња и 2 години стари па си функционираат Јас се лакирам редовни, редовно ја лакирам и золва ми, и тоа маникири кои бараат цртање и шарање, мешање и употреба на алатки, впрочем да не се фалам имав доста постирано во темиве, во план сум и да почнам за пари да правам нокти, ама исклучиво со лакови, не со гел, бидејќи има и такви кои не сакаат да ги уништуваат ноктите кои им се во добра состојба Се што треба е да внимавате на лаковите и ќе ви траат, без оглед на тоа колку пари се купени
Немам многу 25-30 максимум имав повеќе али се исфрлив беа стари и исушени сега сум у план да си купам нови
Silver.E воопшто не значи дека ако девојката има толку лакови, дека пола и се исушени или дека ги собирала со години, незнам од кај ти текна тоа, стварно безвезна претпоставка Јас имам околу 50- 11 само црвени се не за друго на мајка ми по мерак и се . Имам и слика поставено од нив на форумов, само повеќето црвени ги исфрлив Ниеден исушен ама имам мерак да ги шарам ноктите да цртам имам четки и милион други тракатанци за нокти. Јас кога купувам лакови многу купувам одеднаш, незнам по еден два само да купам и така за кратко време се собираат. А тие од пред 2-3 години се фрлени секако, уште тие да сум ги чувала цели рафтови би ми требале
Имам 7-8, ама понекогаш си ги мешам. На пример, немам виолетов, ама затоа имам црвен и син, па си правам нијанса на виолетова каква што сакам
Ако ти кажам дека имам еден лак од Авон што го користам веќе три години (едно шишенце е, не зборувам за константно порачување на нијансата) ќе ми веруваш? Не се лакирам нон стоп само со тој. Убаво кажа Ангел, ако знаеш да ги чуваш, ќе ги имаш
Не се сомневам дека имш многу лакови, и обожаваш да лакираш и сл. Те разбирам. Но, поентата ми беше дека многумина лупаат големи бројки од памет (си се занесуваат). Спојлер Една другарка сезонски работаше во една огромна, позната парфимерија, и низ муабети кажуваше дека одвај по 2 лакови купуваат, не се случило некоја да купи наеднаш 7-8 лака. Или наеднаш да изнакупи повеќе декоративни препарати (од поскапите). Сепак тој ни е стандардот, со исклучоци. А, вака настрана сите се прават колку имам. И тоа на форум каде скоро никој не те познава, тоа ми е смешно.
абе имаше едно девојче од мое одд имаше мн пари ,разгалена беше имаше сигурно 30-40 лакови ама се лакираше САКАМ ДА КАЖАМ НЕ Е БИТНА БРОЈКАТА НЕКОЈ ДЕВОЈЧИЊА МОЖЕ ИМААТ 80 ЛАКА АМА СЕ ЛАКИТААТ КАКО У ЦИМЕНТАРА ИМА ДЕВОЈЧИЊА КОЈ СО 2 ЛАКА МОЖЕ УМЕТНИЧКО ДЕЛО ДА НАПРАВАТ
До пред неколку месеци имав околу 30тина. Од црвен до борд имам 6,7 нијанси и останатото беа бои кои ми било мерак да ги имам или да се налакирам еднаш. Пред некоја недела ги исфрлив сите бои кои не ги користам, тие што беа еднаш искоритени ги испратив на една малечка. Останав со 12,3 лака во кои освен нијансите погоре спомнати, имам безбоен за под лак, еден крем кој го носам многу често. Минт, некоја праска боја, црн (кој го користам за чевли ) два со светки и еден неон розева ли е циклама ли е кој искрено не знам зошто ми зафаќа простор.
Еден. Кога го потрошам пак истиот го купувам оти најубава ми е таа нијанса на црвено. Инаку, ако ги чувате во фриждер подолго ќе ви траат без да се згустат. Сум прочитала негде некогаш