Темава е сосема непотребна. Машките не приметуваат кога ќе скратиш пола коса, камоли па боја на нокти... А, да, приметуваат кога ќе ги изгребеш!
Приметуваат како не приметуваат Тие обратните кои ги интересира како си ги пораснала за да можат и они да ги пораснат ноктите Се се изначитав деновиве
Не знам за лакот ама уредни нокти, негувани раце и те како може да го привлечат спротивниот пол. Погрешно е мислењето дека мажите ги привлекува само деколте и мини сукна, од моето досегашно не толку големо искуство мислам дека можите се пософистицирани отколку што ние девојките мислиме.
За маж ми лаκот за ноκти нема ниκаκво значење. Сеедно му е дали сум налаκиρана. Шминκата го пρивлеκува.
Мажите забележуваат детали. Фин парфем, убава облека, добри чевли, сјајна кожа па и средени нокти. Можеби не им значи дал е бледо или потемно розе лакот за нокти ама сигурно ќе запамети ако имаш изгризани или црни нокти.
Приметуваме, како не приметуваме. Додуша, мене повеќе ме одбиваат одредени типови на маникир - оние со нокти у шпиц, со нокти долги колку половина прст, со нокти како животински канџи или како на велоцираптор, со оние bubble nails кои изгледаат како да имаат некое заболување или да ги фатиле прстите у врата... Генерално, све што е вештачко и претерано, сите оние стилови и трендови кои ме тераат да размислувам како жените со вакви нокти функционираат у животот и како се снаоѓаат после голема нужда. Секоја жена чиј стил на нокти те тера да помислуваш на ствари како голема нужда и не може баш да те привлекува, нели? А да, и изљупен лак за нокти - нема полошо од тоа. Све друго ми е океј.
Кога ќе ја слушнам фразата, "Ќе се лакираш?" знам дека го забележал лакот А и времето на лакирање му е познато, секогаш навечер, така што некогаш и двајцата мислиме на истата постапка што не е случај за бојата.
Јас со тие машки што сум излегувала секогаш приметувале најситен детал. Бившиот секогаш ми викаше дека убави ми биле розеви. Заприметуваат се, а за бојата не знам сега зависи кој каква сака
Јас не познавам маж што се заљубил во бојата на лакот. Жените си замислуваат дека е така за повеќе да се лицкаат. Маж ако види добри нокти и црвен лак помислува само како би му изгледале околу она.
Мене ме пали црнило испод ноктите. Ух, кога ќе ги видам тие нокти со убаво обликувано црнило ми доаѓаат црни мисли
Мојот дечко лудува по лакирани нокти, посебно на нозете, го сака секој што го ставам а омилени му се францускиот и шарени (лоли поп)
Море и тоа како приметуваат. Дечко ми на пример секогаш ми вели дека најубави му биле природни нокти и нелакирани, но кога веќе јас сакам секогаш ми вели "не се лакирај со многу силни бои, стави нешто понежно"
Дм го мрази мирисот на лаковите, па само се мршти кога сум налакирана. Да знае колку време и прецизност оди во таа работа може ќе ја цени повеќе. Се случувало машки црн или црвен лак да приметат успат, инаку се колор блајнд. Со текот на времето доаѓам до заклучок дека повеќето преферираат природни, нежни и негувани нокти, и никако не оние долгите и шпицасти. Којзнае што мислат дека ќе им правиме со нив..лав ис торчр, бејби
Приметуваат. Другар му баш вчера ми вика шо бе си ги излакирала ноктите виолетови да ти одговараат со карминот. И бившиот еднаш ми кажа дека плава боја на нокти не ми стоела.
Мене повеќе може да ме привлечат убави и нежни раце отколку лакот, иако одвратно ми делуваат темните варијанти на лак и кармин. Исклучително ценам убави негувани раце, посебно дланките, потоа убаво негувани стопала...