Ете мојот дечко го привлекуваат лакирани нокти и кога ќе се налакирам ми вели тоа ме заведува уште повеќе и повеќе, вниманието што си го посветуваш на себе. Ако не сум налакирана веднаш приметува.
Не се замараат машките многу со деталите и бојата на лакот, сосема доволно е ноктите да бидат уредни. Дури голема е веројатноста да отидете и на маникир да ги надоградите или украсите па да не ги забележат.
Машките не се замараат многу со тоа, битно е само ноктите да се средени, а мислам дека не обожаваат предолги и нокти со надградба.
Убавите и средените нокти оставаат впечаток на негувана дама. А за тоа машките дали приметуваат, ќе се изненадите колку ДА забележуваат такви работи. Добро, не сите мажи. Оние кои имаат стил и знаат каква девојка сакаат покрај себе А ова не е ниту убаво, ниту привлечно. Баш напротив изгледа многу ефтино и КИЧ
Не знам. Можеби и да има такви машки, ама дм дефинитивно не е еден од нив. Го имам и тестирано, значи не забележува, освен ако не го прашам дали ми се убави ноктите. Иииии обично пред да си ги правам ако го прашам пример дали да си ги направам жиш портокалови (намерно ова го одбрав) и тој е као во стилот не не не. И јас ќе си ги направам такви и ќе го прашам дали му се допаѓаат.... одговорот е "еј, па убавки испаднале"
Не е конкретно до лакот на нокти до моментот е дека жената се дотерала, си посветила време и внимание на себе и на мажите тоа им е сигнал дека сака нега, внимание од нивна страна.