Секако дека добро негуваните нокти се секси.Ретко практикувам да ставам лак во боја најчесто ставам безбоен сјај за нокти или пак правам француски маникир.Дечко ми се пали кога нежно го грепкам со ноктите тоа многу го возбудава.
Јас мислам дека секое машко сака убави нокти и негувани раце. И да несака некој - јас сакам Секогаш ми се убаво налакирани или француски маникир, сама си ги правам. Гелови не ми се допаѓаат бидејќи ми делуваат вештачки и мора да ти ги стругаат ноктите прво, па после оди оправи ги. Во зима се лакирам црно, бордо, млечно бело, темно лила...а во лето розе, француски маникир... Внимавам лаковите да се мат, во никој случај седефасти
Девојки какви лакови преферирате повеке мат или седавести(сјајни)или како да ги нарецам ај препорацајте некои мат лакови ама да несе изгор цени да бидат достапни како на голден росе и аура ПОЗДРАВ
Обожавам средени нокти и нон-стоп пиштам по другарките ако на некоја не и се средени ноктите. Мислам дека машкиот пол забележува нокти т.е. разликува негувани нокти и запуштени. Јас преферирам француски маникир и можеби некоја понежна боја и на крај сакам некогаш да ставам и црвен лак што мојот дечко страшно го нервира бидејќи мрази црвен и црн лак и секогаш ми е лут кога ке ме види со црвен лак.
За тоа дали ги привлекува или не,како и кај нас женските и кај нив е индивидуално.На пример,секогаш кога ќе ги налакирам ноктите,поготово француски маникир со некоја шара,дечко ми веднаш ги приметува,што многу ме радува
Привлекува и тоа како И мислам дека француски маникир е најдобро,иако знам да ги налакирам и во еднобојна јака боја како што е црвена и тоа како се заприметува
Летово дечко ми ме приметуваше кога ќе се налакирав дречливо розе, жолто, зелено, плаво и ми викаше дека како циганка сум била . Нема поима дека тоа е модерно Иначе кога ќе се направам француски, или многу сакам темно мат лила лак или бордо... никогаш не приметува. Само жени пријателки, другарки, колешки ме приметуваат. Мислам дека мажите не го приметуваат лакот во глобала, ни се воодушевуваат на него. За нив тоа е едноставно женска преокупација и женско задоволство! Ретко кое машко око забележува убав лак кај жена! Можеби само гејската популација
Не би рекла дека не ги привлекува. Мажите обожаваат женски раце, па мислам дека ептен би му паднало в очи додека и ги гледа и гали рацете, лакот да и е до пола излупен, или недај боже кал под ноктите. А црвен лак стварно изгледа секси и дефинитивно ги привлекува. Се работи за раце, сепак со нив све правиме, приметлива работа се.
Пред се убави,негувани и средени нокти делуваат убаво за моето око,а нормално и за сечие друго.Сигурно дека никој ,без разлика дали е машко или женско не ужива во нокти кои личат на се освен на она што навистина се-нокти! Сакам да ми бидат секогаш средени- средна должина,лакирани со некој лесен лак или француски маникир,без подраснати кутикули и изгризани одокулу. Со оглед на тоа дека рацете ни некако најизложени во дневните активности навистина би било фино кога ќе оставаат убав впечаток.
Па еве на пример мене другар ми има кажано дека црвен лак го привлекувало и го палело. Така да мислам дека маж сака девојка со средени нокти. Но не и во сите бои како што знаеме ние да искомбинираме и да измешаме се, бидејќи еднаш се смееа на таа тема другари како едно девојче покажало нокти со едно 10тина бои ...
Изгледот на рацете е огледало на педантноста на една жена.Не само мажите туку секој човек сака да види убаво негувана рака со средени нокти и мека кожа.Мислам дека бојата на лакот не е толку важна колку што е важно да е раката негувана и ноктите средени.Јас лично преферирам црвена боја на ноктите, некако ми е поелегантна, но некогаш си носам и нежни боички или француски маникир.
Колку и дали лакот ги привлекува машките ,не знам. Но, сакам ,обожавам и уживам кога ноктите/рацете ми се средени. Скоро секој или секој втор ден се лакирам. Многу поубаво се осеќам кога си ги гледам ноктите со лак, средени, а премногу често си ги гледам(по цел ден на компјутер)
Ги привлекува особено црвен лак. Еве случка со дечко ми Имам здрави и тврди нокти и не ми се кршат лесно па си ги растам и си правам маникири разни,и не фрлам пари за надградба а ноктите ми се преубави И така тој секогаш ми ги фали,гали,фаќа и еднаш ми беа темно црвени и ми ги гледаше и отиде демек до продавница по цигари и тој да отишол во цвеќара и ми купил ружа и ми ја носи и ми вика:За преубавите нокти,и најубавата насмевка на свет, те сакам мило и ми го дава а јас па ваква станав ме разгали Значи поентата беше дека има привлечност
се слозувам со овој коментар само сто јас не користам црвен лак и неколкупати имам добиено коментар како убаво ми стои таа боја на лак така да мислам дека има машки сто забелезуваат поздрав
Па според мене ги привлекува. Сигурно не ги привлекува некоја со запуштени нокти, несредени и со црнила, леле одвратно Или пак некоја со расчупана и мрсна коса, со не негувана кожа и слично. Сакаат нормално девојката да биде средена да има мека кожа, средени нокти а сега за лакот, па што знам. Ама сепак најдобро е да се излакира со некој нежен лак, на пример светло розево или француски маникир и не премногу нападно и ШАРЕНО што многу женски знаат да прават. И катастрофа е кога ќе видиш некое девојче со лак некој триста бои, циркони некои безвезни изнаставани, ноктите испокршени, одоздола црнила.. облечена у стилу све ми боје лепо стоје.. и тако даље хахаха Мене ноктите додуше и јас знам да си ги запуштам, зашто некогаш не наоѓам време асално да ги истурпијам и јас па како ги турпијам накриво хахаха Лак не ставам, а и не ми даваат само ми грака нешто по дома татко ми, чувај боже..и така.
Не знам колку лакот за нокти го привлекува спротивниот пол ама со сигурност знам дека ноктите сами по себе привлекуваат. Секое машко, според мене, сака кога ќе види убави, долги (што не мора секогаш да значи, може и да се кратки, но сепак средени) нокти. А пак доколку се налакирани ноктите уште поубаво
вакви имаш во ким сега не од оваа фирма ам овој тип и се до 280 денари и на титаниа, каде има повеќе избор на турпии од оваа фирма. http://www.titania-fabrik.de/filead...Broschueren/TITANIA_Catalog_200911_lowRes.pdf