според мене убаво налакираните нокти не е од голема пресудност кај едно машко,но сепак иако мислиме дека ноктите се најнезабележливиот дел од телото,се лажиме мене ми се има случено многу пати да добијам позитивни коментари од страна на некое машко за убаво средените нокти и да ! јас сум секогаш ЗА средени и убаво налакирани нокти..иако некогаш знам да направам и по некој ислучок
Јас мислам дека го привлекува и тоа многу особено за црвениот лак е научно докажано.и мене ми се допаѓа кога ќе видам девојка со убаво срдени излакирани нокти а не па машко.инаку најгрдо ми е кога ќе видам девојка со несредени нокти,излуштен лак ова сигурно не би привлекло никој.кога девојката има црвен лак на машкото му делувала моќно и сигурно-ова го прочитав некаде.
Муабетов со лаков ме потсетува на брат ми, кој е неколку години постар од мене. Имав еден период во средно кога се лакирав со темно кафени и црни лакови. И јадеме еднаш дома, ме гледа во нокти, и ми вика: „Те молам тргни ги бубашвабиве од маса. Јас јадам на масава“
Мислам дека многу малку од мажите ги забележуваат ноктите на жената, за тоа се задолжени другите жени... Добро имам видено и мажи кои го мразат лакот (особено црниот и црвениот) , сакаат природни нелакирани нокти... Мене дечко ми ми ги лакира ноктите, и кога го прави тоа сум многу среќна... А што се однесува до привлекувањето мислам дека не привлекуваат само можат да одбијат.
Доволно е да се средени, премачкани со сјај или француски маникир. На мажот ми тоа му е ок, а оние јаки бои кои вриштат абе одбивни се. Се е ствар на вкус, можеби некој се пали на долги црвени нокти....
Убаво средени -црвени ама потемна нијанса црвено не онаа дреч-кој не би го привлекла мене дечко ми секогаш ми го приметува лакот и си добивам пофалби од него,а веќе и тој знае кој ми е омилен-стандард па знае да ми донесе таков...сепак прашање до вкус е-не гледам зошто некому би му бил одбивен лакот за нокти Spoiler
Ма веќе и на нив крај не може да им се фати! Некои го приметуваат лакот на ноктите, некои не......Ама во едно сум сигурна, 95% од момците ги презираат темните нијанси на лакови за нокти (јбг, јас ги обожавам) хуху. Сум забележала дека повеќето од нив се восхитуваат на најобичен френч. Па, девојки........дури да го фатите правете френч, откако ќе си легне на брашното удрете му ја на темни нијанси хахах Се зезам. Сепак мислам дека треба да си држиме до стилот, лакирајте се како сакате !!!
Ожени го пред да ти го земе некоја друга! Инаку мене ми се допаѓаат негувани нокти, без разлика дали се излакирани (или не) со темен или подискретен лак. Единствено не можам да ги поднесам тие светкавите лакови и во никој случај - предолги вештачки нокти! А мислам дека и на машките ќе им падне во око ако девојката има или нема средени нокти, впрочем како и се друго (косата, шминката...)
За мене една од најважните опсесии ми се ноктите.Премногум сакам средени нокти и никогаш не сум излегла од дома со несредени нокти ,преку ден се лакирам и се со разни шари.Не ми е жал за многу потрошеното време бидејки уживам во тоа и го правам за себе а не за машките што ке мислат но мислам дека се воскитуваат на интересно направени нокти па и ме прашуваат како можам така
Сакам секогаш да ми се средени ноктите,без разлика дали на него му одговара или не.Кога ке ги погледам рацете и ноктте убаво средени се чуствувам многу убаво.Се лакирам речиси секој друг ден зависи од локот како стои.ако еден ми се залупи веднаш ги бришам.Сакам секакви нијаниси пд најсветли до најтемни со исклучок да се мат. Можеби 40% од машките ги приметуваат ноктите и бојата секако,Но мислам дека секое машко би ги забележал излупените и несредените нокти на една девојка.
'Можеби 40% од машките ги приметуваат ноктите и бојата секако' ... Јас би рекла дека 99,99% ги приметуваат ноктите на рацете И да не ти ги коментираат ноктите доволно е да го фатиш нивниот поглед како ти ги гледаат рацете,а и јас што имам зборено со мои другари дефинитивно потврдиле дека ги привлекуваат убаво средени нокти со средна големина,а црвената боја за секси ја сметаат.И исто така и прстите на стапалата многу ги загледуваат,сакаат и таму средени нокти не само на раце.
минатиот викенд кога бев на семинарот во александар палас, приметив како дечкото што седеше до мене, ме гледа како си ги гледам ноктите, значи дека сепак приметуваатмашките какви ни се на нас шенските ноктите(ми беа средени и налакирани во светло сребрена боја, па така да беше ок)
Секое машко сака средена женска. Малку шминка,колку да изгледа поелегантно,косата средена,и мислам секако дека спаѓаат и ноктите тука. Кога ќе видам некоја лепотица низ град,а со излупени или кратки нокти,некако одма ми се менува мислењето,иако и мене секако ми се случува да имам излупени нокти,најчесто од нервоза ги лупам. Што значи,ги привлекува.
Се потсетив на мојот бивши дечко На него му беа фетиш ноктите особено на нозете тие да се во црвена боја ( Ниедна друга ) а на рацете француски маникир...Тоа го палеше ама не се сите машки исти сегашниов приметува ама не го возбудува ова,а нормално е да сакаат нивната девојка да е средена
јас мислам дека има некои машки кои ги привлекува лакот ама и некои кои гледаат дали се уредно средени моите нокти секогаш си се налакирани во зависност од тоа какво ми е расположението сега обрнав на појаки нијанси и неможе да не останеш незабележана. инаку волфче пробај со мат нијансите мислам дека се некако потрајни или стави лак со светки повеке време го држи лакот додека оние како металик нијанси што се на мене само еден ден ми се на ноктите и нив ги избегнувам.
Зависи кој лак, мене Golden Rose најмногу ми седат, дури 5-6 дена и оние на Catherine Arley ми се доста квалитетни А за тоа дали лакот за нокти го привлекува спротивниот пол незнам, немам приметено, ама знам дека ми е одвратно да видам девојка со несредени нокти, поготово многу ми е гадно долги излупени нокти , а мислам дека и спротивниот пол би се согласил околу ова
Сепак ние женските сме тие што ги загледуваат ноктите на другите женски. Машките се зафатени со гледање на други делови од нашето тело.
Мислам дека ги привлекува. Многу е важно за една девојка да има средени нокти, должината не е толку важна,туку да се средени и да не се излупени. Многу ми е одбивно и неуредно кога ќе видам некоја со излупен лак. Дефинитивно ноктите се важен дел од изгледот.