Исто и јас секој ден ги лакирам ноктите,сега обожавам да се лакирам со дречливи бои ,тие ми се хит и нормално да ми бидат кратки Не сакам надградби,со шарки-барки,ете француски маникир може За колку ги привлекува лакот за нокти на спротивниот пол не знам,но сигурно дека ако не се уредни не ги привлекува Ме иритира излупен лак,значи АМАН само ќе кажам!!!Ако некоја нема време за лакирање немора да ги лакира,и без лак можат да бидат привлечни,ако се чисти нормално и убаво скратени...и не е само долги нокти да имаш,еден вика друг не слуша(и тоа ме нервира)
моите во најголем дел од времето се кратки, многу ретко ги пуштам малце, за да им направам француски, инаку никогаш не користам дречливи бои, а нежни нијанси сите ги имам.... и секако кога немам мн време за средување ми се кратки, чисти и обоени и лакирани со проѕирно лакче. П.С. најомилени лакови ми се аура и голден росе....Позз
ги привлекува и тоа многу а кој не би сакал да има девојка со средени нокти тоа е дел од секоја жена и дел од хигиената секако дечкоми го привлекуваат убаво средени нокти моментално ми се ноктите со гел француски маникир па мене ми е убаво кога ќе се погледнам во раката а секако пријатно е и друг кога те гледа едноставно убави раце негувани ја отсликуваат жената сум за постојано средени нокти
Црвен лак дефинитивно многу привлекува, сегде тоа се пишува по сајтовиве. Инаку и ја сум за надградба, па после раат да си месец дена! али послем ноктите си знаат како им е.. меки премеки, лесно кршливи.. за греота Ама ке ги мачам јас ! Од мене така лесно нема да се извлечат!
како машко морам да кажам дека ноктите не ни се толку мн битни колку што мислите, повеќе тоа за вас е иначе ако веќе треба да бирам би одбрал нокти кои што се излакирани со проѕирен лак и на крајот да се со бел лак, вака нешто незнам како точно да пишам ваљда се разбираме?
Се разбираме мислиш на француски маникир Инаку јас сакам секогаш да ми се средени ноктите и обрнувам многу внимание на тоа.Не ми се многу долги и ги лакирам најчесто со неутрални нијанси
е бре DeepBlue сега ни ги сруши сите фантазии, хаххахах ! како и да е, јас секогаш си ги средувам ноктите. Со дечкото со кој бев, и здравје боже со кој што ке продолжам ( пошто сме на пауза малку ) ептен ми ги сакаше ноктите со циркончиња лево десно, па неможам да кажам дека и не приметуваат машките ништо
леле јас се извинувам што ви ги срушив сите фантазии инаку прочитав некои дека пишале дека црвениот лак најмногу привлекувал хххх колку само нема врска, може само да ти го одземе вниманието на секунда зашто онака мава у очи али стварно девојки не ни се битни ноктите како ви се средени, доволно е само да бидат чисти, јас искрено не би полудел по некоја само ради тоа што ноктите и се нешто посебно
Ги користам лаковите на Голден роуз. Се лакирам обично со црн и темно црвен (бордо) лак, впечатлив е од страна на другите, се приметува да, ама мене ми се допаѓа... Лакот за нокти (воедно и ноктите се разбира) го привлекува спротивниот пол доколку е убаво среден, според мое мислење. Значи ги привлекува доколку се стокмени како што треба
Многу лошо би изгледало за девојче според мене да има несредени нокти или изгризани. Едноставно не и личи :/ А јас мислам дека црвениот лак навистина ги привлекува машките.
Мислам дека не се замараат многу со тоа каков е лакот која боја или слично! На едно машко според мене битно му е девојката да има средени нокти и на рацете и на нозете,да не бидат изгрицкани,излупени и сл. на тој начин секоја девојка добива префинет,среден изглед и раката секако многу поубаво изгледа!
Moј беше на прв date оти имав тегет ооо тегет боја на нокти, со примеси на бордо-окер-виолетови нијанси. А откоа се фативме, коа опнав на нокти мрсул боја, веќе беше мој. Мислам wtf со сите овие истражувања ?!
Јас мислам дека машките не ни приметуваат дека ни се налакирани ноктите Тоа е последно нешто што би гледале или би ги привлекло.
^ Ооооо да знаеш како приметуваат Овој мојот примети дека пред црвениот, бев лакирана со син (имав линивче од половина милиметар на крајот од ноктот; не можев да си го добришам бидејќи ми беа разранети кутикулите).
Зарем лакот за нокти е важен да се привлече спротивниот пол ????Не би рекла,иако на некој начин зборува за личноста што го носи.
Дечко ми нон стоп ми ги гледа ноктите,нон-стоп ми коментира,за боја, за лак, за шарка....баш ми е мило што таков мал детал тој го заприметува.
Зависи до машкото! Претходните дечковци воопшто не ни приметуваа, а сегашниов сака кога ми се средени ноктите