Многу сакам да гледам средени нокти и мислам дека секоја девојка треба барем еднаш неделно да посветува внимание на своите нокти и се разбира може и да добие коментар од момче за ноктите
и кога сум во автобус набљудувам кој какви нокти има не неможам кога со црвено налакирани или некои други дречливи бои па уште и излуштени така си ги носат. мислам дека сите девојки треба да внимаваат на овој детаљ
Можеби и ги привлекува, не викам не, во неколку случаи имам забележано дека сепак ги забележуваат ноктите дали се средени.. сепак убаво е да ти се. Не за него, лично за тебе. Сепак девојките треба да се средени, во секој случај
Па не знам дали ги привлекува или не, но јас не можам да бидам без средени нокти. Не се чувствувам комплетна. Не мора да ми бидат нешто wow, ама секогаш ми се барем истурпирани и намачкани со сјајче за нокти.
Пред 2 месеца, бевме на екскурзија во Охрид. Ни ја направија 3 дневна, знаете нова генерација и ајде да се запознаеме побрзо. Сите девојчињата, штилки под 13 никако. На враќање, никој не си земал патики или балетанки, и сите не болат нозете. Проферорките сите ни се смеат. Како пијани одевме. - Деца, машките првата работа што ќе ја приметат кај вас е лицето, а потоа рацете. Тие ви се најбитни. Нив не им е гајле дали сте вие на штикли или не, дали носите фармерки или не, битно им е да имате хигиена, и да си ги одржувате рацете. Маникир-обавезно. -Професорке, а која боја најмногу ги привлекува? -ЦРВЕНА. Враќање во хотелот, сите се лакираат. Кој каков лак ќе најде.
Не верувам дека би се попалиле само ради ноктите, или дека би одбиле некоја ако не е налакирана или е со излупен лак. За мене сепак е битен детал. Јас неможам да се поднесувам со несредени нокти и тоа ми е еден знак на среденот, негуваност, внимание посветено на себе си...ако видам девојка со пола излупени нокти ич не ми е пријатно за гледање и ептен делува ко воопшто да не мари за изгледот. А и 5 минути работа е. Јас минимум секој 2ор ден ги лакирам, не дозволувам да мрднат А за тоа колку ги привлекува....па ваљда зависи и до вкус. Црвени нокти зрачат со сексапил, кратки нокти во темна боја ми се онака поурбани, францускиот маникир ми е за нежна девојка. Зависи машкото какви девојки перферира. Би требало да забележуваат Ако не приметувате и ви е небитно, мажи срам да ви е
Па сега нема смисла дa не приметуваат , а ние овде бираме лакови по нијанси , француски маникири и триста чуда Јас стално татко ми го прашувам за мислење . Дури и за лак кога се двоумам со кој да се лакирам ми вели дека црвената му е нападна , декa мене ми треба некоја понежна . Најубави ми биле со месо боја лак Такво типче си е , и на мајка ми и вели со месо боја на лак да се лакира Гледам пред се да ми се средени . Да не ми бидат еден скршен , другиот долг нокт , третипот излупен . Ако ми се скрши еден ги сечам сите за да бидат еднакви. Ги лакирам со понежни бои , во последно време најчесто со проѕирен лак Имам подолги прсти и најмногу ми прилега
Искрено ич. Можете комотно да бидете лакирани у сите можни бои,со Пикачу цветни стикери и светки,не забележуем. Знам дека ме пцуете али тоа е суровата вистина,барем од моја страна =)
Има машки што приметуваат боја на лак или па дали ти се убави ноктите, лично ми имаат кажано. Како што ние сакаме убави машки раце, најверојатно има и такви мажи што сакаат убави негувани женски раце. Но, тоа не им е најбитно. Зависи, индивидуално е, ете некои има што и не приметуваат.
Приметуваат и тоа мнооогу, може некој маж додека сте на соседната маса и си пиете кафенце и држите цигаренце да ве загледа во ноктите. Е сега дека го привлекува тоа не ми се верува, но дефинитивно забележуваат добро средени нокти потврдено од многу ситуации кога ги спомнуваат и те факаат за рака за ко демек да ги видат подобро а и некои другари на таа тема се изразиле дека приметуваат само средени и несредени нокти али секако ЗАБЕЛЕЖУВААТ. Најмногу им се допага француски маникир, но не премногу долги нокти докажано
Ич. Се е тоа продавање муда за бубрези, јас лично не познавам маж кој некогаш рекол дека одредена девојка или жена го привлекува заради лакот на ноктите, или дека му е одбивна затоа што има куси нелакирани нокти. Да не бидам многу дрска, ама џабе ти е и најскап лак да имаш, и прекрасен маникир во најдобриот салон во градот, ама џабе ако како појава, како девојка, карактерно па и физички не го привлекуваш. Ако си му секси и сака да има секс со тебе можеш и комотно со излупени нокти да му отидеш нема да му се згади, напротив туку додека трепнеш ќе бидеш гола во кревет. Друго е релација жена-жена, жена ќе ти замери и зошто среде зима немаш перфектен педикир, ама маж нокти не регистрира освен кога добро ќе го изгребат.
Абе точно дека вака поединечно не приметуваат....ќе речеш не приметуваат и кармин, ниту сенка, ниту маскара, ниту дали чевлите одговарале на ташната или не, ниту дали косата ти е пеглана или фенирана....Во кревет можеш да му влезеш и со балетанки, и со разбушавена коса, и без руменило, и неисчупани веѓи. Нели вака ако гледаме поединечо. Ама ако ги споиш сите работи ја даваат целокупната слика. Мора да внимаваме на секој детал, за целата слика да изгледа средено и негувано Значи математички ги привлекува целата слика. А целата слика е дел од сите детали, па така и ноктите
^ Точно, ги привлекува целата слика, потполно си во право. Но не верувам дека само заради еден детал целата слика ќе се расипе. Ако си згодна, стројна и фина, ноктите нема многу да му значат. А и јас одговорив конкретно на темава, да беше другачиј насловот, другачие ќе одговорев .
Приметуваат и тоа многу каква боја на лак користиме па зависно од тоа реагираат дали им се допаѓа или не.На пример мене многу ми се допаѓа лак со темно црвена боја но секојпат кога ќе ставам добивам коментар од партнерот дека е многу јак и дека не му се допаѓа бојата,за разлика од тогаш кога ќе ставам некој со понежна боја.
И тек како ги приметуваат. Не чекајте директно да ви кажат, има машки кои се скржави на давање комплименти дур и ако нешто навистина му се допаднало. Само следете ги неговите движења и реакции и ќе приметите дека забележуваат. Ноктите не се клучни за привлекување на спротивниот пол, но се важни тие можеби се мал детал во севкупниот впечаток но покажуваат колку девојката обрнува внимание на себеси. Затоа секоја девојка треба да обрнува внимание на своите нокти. А бога ми и не само ние девојките туку и мажите треба да обрнат внимание на своите нокти и раце. Лично мене многу ми се допаѓа кога ќе видам добро средени нокти на машко.
Зависи до човекот ,некој примерува ,некој не . Некои се склоони кон забележување на детали , додека другите се концентрираат на главното . Моево не забележува ,освен аоко не се налакирам со некој дреч зелен ,да боди очи Ама не ми се меша околу изборот на бои .
Машко да ми шепне на уво "Ме привлекува твојот лак за нокти" одма оргазам добивам на ректумот наречен серка. Но, убаво е да се има средени нокти за себе. Едноставно си чувстуваш некое мало плусче во твојот изглед,ама за спротивен пол дали го привлекувало... скраја било далеку.