на момчето открив која му е бојата што го привлекува(сина изразена т.е. електрична сина) а за темноцрвената знам дека го привлекува, го видов како ме гледа а кога имам време и сум во добро расположение, сакам да експериментирам со нови шари
Зависи од машкото.....некои мажи ја забележуваат и најмалата ситница кај жените, додека други тоа не им е воопшто важно дали си лакирана или не.....во суштина мислам дека и мажите се чувствуваат поубаво со средена женска покрај себе, исто како и ние жените покрај среден дечко до нас..
my man обожава лак ,и секад го забележува лакот ,а кога неми е налакирани ноктите со лак ме прауа зашо каде ти е лакот зашо го извади,
И тоа како забележуваат. Во мојот случај барем, можам да се поистоветам А и знам дека на една моја другарка од толку што и се ужасни ноктите дечко и со други зборови се обиде да и го каже тоа за да разбере дека треба да им посвети повеќе внимание: и купи лакови, стикери и разни други украсни перли, дел од кои ниту јас самата не поседувам (а опседната сум со маникир )
Се зависи од машкото, некои воопшто не приметуваат, а некои дури ми кажуваат каква боја да се лакирам Повеќе ги поштувам овие вторите
го привлекува , ако му се допаѓа мислам дека не кажуваат , ептен ако им боде очи може ќе кажат нешто со метафора за да сфатиш да не се лакираш така .
да секако дека забележуваат мажите(некои коментираат некои не..) барем мене секогаш мм ми го кажува тоа т.е. дава коментари за лакот
Јас мислам дека не им е којзнае што дали нас ни се налакирани ноктите и во каква боја ,ама сепак и тоа има мал удел во комплетната слика на личноста(девојката).Секако ако и се налакирани и средени во секое време,па и во склад со облеката(горе-доле) тоа укажува дека девојката се грижи за себе.Инаку, факт е дека ниедно машко па ни женско несака да гледа изгрицкани,неисечени,нокти со полу излупен лак и сл.
мене дечко ми секогаш ми го забележува лакот и ми дава комплименти, најубави му биле кога ми се со шарки, а најмногу ги мрази кога ми се со крем боја, а јас па ја обожавам таа нијанса , а тоа дека го привлекува баш лакот не верувам. е сеа не верувам ни дека другите машки ги привлекува баш лакот, туку гледаат тоа ноктите да се убави на изглед, средени и природни, а единствено мислам дека исклучок е црвен лак, кој можеби и му делува по малку секси, али сепак машките се привлекуваат од нас како појава и од нашата женственост, па на крај го забележуваат лакот.
Зависи...има некои машки и те како приметуваат средени нокти и дланки.Најмногу мислам дека им бодат очи некои дречливи бои или па премногу долги нокти.
Абе и моите ноктинја се мали како бонбончиња и за роденден добив еден лак со темно црвена боја и си се налакирав,абе бонбончиња ми се нокитите бидејќи е зиме па и рацете ми се побелки абе убавини цел ден си ги гледам ми иде да ги изедам
Според мислењето на дечко ми, а и другарите мои, најмногу им се допаѓа француски маникир или нежни бои на лак, бел, светло розев, крем ... исто сакаат и црвен лак за нокти. Мразат премногу долги нокти и шарани во дречливи и нападни бои, како зелен, син, лилјаков, потрокалов... Тоа е нивното мислење. Негуваните раце и нокти се на прво место кога запознаваат девојка
Па не знам колку привлекува, но за еден лак што ми е поомилен розева накај циклама боја што ме потсетува на бонбони , детство, сум добила многу пати комплименти од колеги, пријатели , дечковци .
Јас би рекла мал е бројот на машки што обраќаат внимание на ноктите, како се налакирани, каков маникир има итн... И јас порано се замарав многу со ноктиве ама сега ми помина меракот. А особено неможам да сфатам која е поентата на вештачките нокти со секакви мотиви по нив, мислам, стварно чудно е зошто жените обраќаат толку внимание на ноктите кои не зафаќаат ни 5цм квадратни од нашето тело. Се мачат да ја налакираат десната рака, па пола саат несмееш ништо да фатиш, па да црташ секакви глупости по нив од дедо мразчиња до кучешки шепи итн. Апсурдно е. Ама жени како жени, една од друга гледаат, која поубави нокти да имала и така ти е тоа. Како порано што гледале која поубав џемпер или чорапи да исплете така сега за ноките гледаат која поубави ќе ги направи.
Лакот за нокти не верувам дека го привлекува спротивниот пол но мислам дека секој па дури и девојки би забележале неуредни нокти и несредени,не зборувам за нелакирани нокти туку за долги нокти со црнило под нив и други нечистотии.Доволно е да бидат уредни ,да бидат потскратени и убаво обликувани ,изгрицкани нокти сигурно забележуваат а бојата на лакот е најмалку битна.
Аууу, јас мислам дека доста внимание обрнуваат машките на ноктите и лакот. Дечко ми секогаш приметува ако имам некоја нова боја ставено, а може да се случи нешто што сум облекла ново да не примети, али ноктите секогаш ги приметува. И најубав секако му е францускиот маникир, претпоставувам ко и на повеќето машки.
И мојот исто секогаш приметува каква боја, а и секогаш ми ја крева раката кон него, ми ја бакнува па непријатно ми е да имам несредени нокти. И секогаш кога ќе му кажам дека сум зафатена дека се лакирам прво нешто кога ќе се видиме е ’’дај да видам ноктињата’’. И да, најмногу сака француски
Машки како машки, не забележват многу работи. Ама јас си се лакирам за мене, мене да ми се во некоја интересна боичка ноктите кога ќе си ги видам