Колку луѓе околу вас се навистина психички добро?

Дискусија во 'Психологија' започната од Mesmeric, 2 ноември 2026 во 18:41.

  1. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Колку психички здрави и стабилни луѓе познавате?

    Често се зборува за ментално здравје, работа на себе, трауми, психички нарушувања и разни дијагнози, но ме интересира колку луѓе во вашето секојдневие би ги опишале како навистина психички здрави и стабилни личности.
    Мислам на луѓе што имаат здрава слика за себе, емоционална стабилност, умеат да воспоставуваат здрави односи, да поставуваат и почитуваат граници, да преземаат одговорност за своите постапки, немаат зависности и конструктивно се справуваат со животните предизвици.

    Познавате ли такви луѓе воопшто?
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.347
    Допаѓања:
    9.288
    Пол:
    Машки
    Јас познавам повеќе нестабилни личности, отколку стабилни. Но, за жал, такво ни е општеството. Луѓето од неквалитетен живот спобудалуваат, а тој неквалитетен живот го прави системот (да не речам политиката).
     
    На Mesmeric и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.958
    Допаѓања:
    140.576
    Пол:
    Женски
    Познавам доста луѓе кои почитуваат граници, но и за нив не можам да знам дали се потполно психички здрави. Насекаде има предобри глумци.
    Неколку пати се случи за навидум нормални луѓе подоцно да разберам дека се психопати. :D
     
    На Mesmeric му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.329
    Допаѓања:
    15.263
    Не знаеме кој какви проблеми има. Еднаш еден познаник со кој имам муабет, ми рече пиел 5 типа лекови и одбрал да работи глупава работа под неговите квалификации баш поради психичките проблеми и тоа не го крие, го кажува на луѓето. Се зачудив дека си кажува. Стабилни ретко има.
     
    На Mesmeric му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Исто, и јас можам на прсти да ги избројам луѓето што би одговарале на описот погоре.
    Затоа и ја отворив темата, ме интересираше дали некој има поинакво искуство.
    Се прашувам колку е воопшто возможно човек да остане психички здрав во крајно нездрава средина и колку од луѓето што навидум функционираат нормално, всушност само научиле да се приспособуваат на околностите во кои живеат и развиле различни механизми за справување со нив, но не се навистина добро.
     
  6. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Ова е добро прашање што и мене ме мачи: како воопшто можеме да знаеме дали некој е навистина психички стабилен?
    Да, многу луѓе знаат успешно да одглумат, многу луѓе се високофункционални, навидум сосема стабилни, но зад затворени врати се соочуваат со разни психички и емоционални проблеми.
    Оние неколкумина за кои мислам дека одговараат на описот погоре или не ги познавам доволно добро или не ги гледам доволно често за да можам со сигурност да проценам. (а и тогаш е прашање дали би проценила точно)
     
  7. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Тоа што зема пет различни видови лекови на прв поглед звучи загрижувачки, но истовремено ми делува доста самосвесно и одговорно од негова страна што ги препознал сопствените ограничувања и одлучил да работи работа што повеќе одговара на неговата моментална состојба, иако е под неговите квалификации.
    Исто така, за почит е што отворено зборува за своите проблеми и не чувствува потреба да ги крие, од друга страна има луѓе што ги користат своите психички проблеми како оправдување за одредено однесување, особено кога станува збор за повредување други луѓе, избегнување одговорност или непочитување туѓи граници.
    Секоја чест за него што презел одговорност за сопствената состојба и го приспособил животот на своите можности.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    25.441
    Никој. Вклучувајќи ме и мене. Има само солиднофункционални.
     
    На Mesmeric и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Како можеме да знаеме кој е всушност психички поздрав во едно нездраво општество: оној што има тешкотии да се прилагоди на него или оној што совршено се вклопува и функционира во него?
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.394
    Допаѓања:
    18.710
    Пол:
    Женски
    Никој. Кој ќе каже да, одма ќе излаже. И сѐ тоа заради стигмата во општеството, а општеството сме ние. Секогаш, секаде. Истото е, покрај не знам колку кампањи. Оти уште не сме научени дека човек на човек треба да подаде рака. Мислам дека само оние кои биле најдолу, во најтемното, умеат да „ги скенираат“ оние што се борат во себе. Ама и за тоа треба посебен дар.
     
    На Mesmeric и lovely91 им се допаѓа ова.
  11. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    25.441
    Па пошто јас спаѓам у првиве, гласам за првата категорија психички лабилни, ние сме ваљда поздрави за нијанса.:bug:
     
    На Mesmeric му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.887
    Допаѓања:
    35.924
    Пол:
    Женски
    Ниеден.
     
    На Mesmeric му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Мислам дека кога човек ќе го допре дното, тоа може да биде баш можност да порасне како личност.
    Некои по таквите искуства стануваат огорчени и егоистични, гледаат само на сопствената болка, додека други преку неа учат подобро да ја разбираат и туѓата и развиваат поголема емпатија.
    Може да си страдал и пак ништо од тоа да не си научил, пак да не те допира туѓата болка, за жал мислам дека ова е случај со повеќето луѓе.