Го разгледав форумот и мислам дека нема ваква тема напишано до сега па затоа решив јас да напишам и мислам дека ќе нема никакви побунувања. Сакам да прашам колку од нас на форумов не има во странство? Каде живеете во странство каков е животот таму? Дали се школувате или работете нешто? Дали би сакале повторно да се вратите во нашта Македонија во смисол пак да живеете во Мк? И по можност ако сакате можете да прикачете фотографии од местото каде што живеете во странство. Очекувам одговори Инаку овде живеам јас во Лондон
Супер ти е идеава. Јас си живеам во мк ама со задоволство би читала каков е животот надвор од тука. Како се снаоѓате. Ајде сподели и ти за Лондон и твое искуство Инаку би било уште поубаво ако ставате слики од местата каде живеете, поконкретно (населба, улица, куќа, зграда). Не вака....многу е опширно. Ја знаеме сите оваа слика од Лондон Тоа е мој предлог....ако има храброст некој и ако не му смета....спак е еден вид приватност
Eве уште една Jас сум во Western Australia,скоро 2 години,и премногу го засакав местово,животот според мене е,секој има шанса да оди погоре во животот,на работно место,со школување,да го прошета светот,тоа ми беше чудно кога дојдов,секој втор човек оди на шетање во Eвропа,во бали,и нивното мислење е животот е само еден,треба да го искористиш,сакам тоа што е чисто,се е средено парковите,училиштата,има ред,и уште една работа што ја сакам Mногу ми е интересно кога влегуваш в пошта и си земаш бројче и чекаш,а кај нас во Mк ке се истепаме за ред исто така рестораните секоја вечер се полни,и си мислам сигурно штом излегуваат толку лугето,земаат добри пари ,сега за школување незнам сеуште за децава како е,мојава е уште мала,ама јас одам на школо секоја сабота,учам англиски,имам уште 1 term(ваљда полугодие значи ова) за да почнам да учам предмети,зашто кај нас недовршив средно,и после незнам на што курс да се запишам уште нешто да споделам,ми се чини лугево овде позаљубени се,абе страчиња на вечера си одат,в кино, колку ми се интересни,исто така имам мислење дека овде Aвстралијанциве имаат 4-5-6 деца и дека овде помалку се пуши,ама повеке се пие....искрено на моменти размислувам да се вратам,во моменти на депресија,зашто претешко ми е со малата,сама сум со неа,ни свекрва ни ништо немам,освен мажот ми,ама и тој работи,и си мислам е мама да беше тука полесно ке беше,ама некогаш и нејкам да се вратам,освен за одмор,а имам желба да земам една од сестри ми да живее овде,ама незнам дали ке ми доагаат. девојки ако сакате прашајте што сакате,незнам за што конкретно да пишувам
Супер е идеата за оваа тема. Јас живеам во Словенија во Крањ веке 8 месеци, убаво е тука, Крањ е многу мирно место, едноставно, природно, човек се осека како дома. Но сепак носталгијата за дома не поминува така едноставно. Затоа ми се допага темава, овде можеме да ги споделиме нашите искуства
Па вака јас живеам во северниот дел на Лондон и не сум баш блиску до центарот со воз до центар е 1 саат од кај мене. Инаку животот е мн мн поубав овде за разлика од Мк, се е средено, каде и да одиш ти пишува се каде треба да влезеш што каде се наога...Секојдневно во продавниците за облека и храна има по 200-300 луге и се многу поголеми на 2-3 спрата додека во Мк една продавница ти е како една мала собичка. Кога ти треба нешто можеш слободно секој да прашаш и би ти помогнал.Ми се допага животот овде а и со школото ми е многу полесно се на се 8 предмети додека во мк имав дупло дури 15 предмети.Секаде е чисто и убаво средено. Али многу сакам да си отидам во Мк онака на 1 месец само и пак да се вратам овде пошто срценцето ми е таму инаку тој да беше овде не би се ни вракала 2 год,и така сите ме заборавија. Инаку еве слики од пред зградата каде што живеам и во паркот каде што се релаксирам
Јас живеам во Грција официјално 3 години, а претходните 10 години идев само работно и повторно си заминував Мк. Убаво е овде, јас дека се навикнав толку години и се исто мие, понекогаш ме фаќа носталгија за дома, но тоа е многу кратко, се слушам секојдневно со моите на скајп и ок ми е. Мажена сум овде и со мм ми е многу убаво и така.
Интересно Што не би дала да одам во Лондон или Австралија или било кое друго место Ама за жал јас су си во Мк и од тука не сум излегла ама се надевам ќе ми се укаже некоја шанса да отидам во странство Инаку како што читам многу ви е убаво во странство па би сакала да чујам повеќе мислења а и слики да видеме што во странство ве одушевува
Hе поставив слики затоа што сега брзо се стемнува,ај утре земам камерчето и шетам низ населба инаку не ги кажав работите што не ги сакам не сакам што шопинг центрите затвораат во 17,само в четврток се отворени до 9,а тогаш е најголемата гужва,не можеш да мрднеш не сакам тоа што лепенка си до комшијата а немаш ни едно здраво,не е како кај нас,го мразам топлото време,тогаш ко болна сум,не е топло,туку како в рерна да си,несакам тоа што нема снег засега тоа ми текнува
Волфче го мразиш топлото време се би дала да живеам некаде каде што постојано ќе е топло и каде што не би морала да носам алишта на долги ракави и неколку пара шалчиња и ракавици
Знаат тие што праваат,четврток е pay day,затоа до покасно е све отворено да има кај да си ја потрошиш платата После првата зима што ја доживеав тука во МК никогаш повеќе нема да се жалам од топлото
Cакам топло,ама овде е тродупло од Mкд ама сепак сакам снегче најмногу ама овде зима е како кај што е времето во октомври и ноември во Mкд,и толку
Јас живеам во Грција поточно во Ксанти , супер ми е овде , инаку сум мажена и сум овде скоро 10 месеца.
СУПЕР ТЕМА! :up: wolf4e ако никој не сака да дојде да ти помага, еве јас доброволно се пријавувам! Многу ми е интересно вака да читам, баш би сакала бјутифул да ми каже нешто повеќе за Лондон, мојот неостварен сон.
Да, да кај нас во плус си , сите комшии знаат кога се враќаш на вечер, со кого , што носиш , како носиш , кој ти дошол на гости , колку време седел, па кога ќе почнат да ваќаат муабети....од влакно ортома да прават е тогаш е супер . Поќе и од гугал знаат. Имаш среќа што си таму, и на никој не му е гајле што правиш ти, нема поубаво нешто од луѓе кои си ја гледаат само својата работа и не ги интересира за другиете
уфф колку сакам да зивеам во странство па макар и на пократок период(ма да не верувам дека ако излезам од Мк ке се вратам),но сега за сега сум си заглавена во Мк и си узивам читајки ве вас
Јас живеев четири месеци во Италија.Не баш многу ама.....Планирав да останам подолго,ама некако не ми тргна работата и се вратив.Сега привршувам некои работи тука па за една година најмногу веројатно ќе се пресалам таму да живеам.Инаку живеев во Милано и имав изнајмено стан.Инаку многу добро си поминав.Вака како жена,имаше ненормално добар избор на облека,а и платите таму им се доста добри па има пари да се купи отприлика што се сака.Јас работев во едно кафуле,со половина раборно време и како помошник на еден директор на една фирма.Бев доста добро платена и имав доволно пари за се.Работното време таму е од 8 до 16 часот.Значи све.И продавници и маркети све работи до 16 часот.Ако си заборавил нешто за дома тешко да најдеш некаде отворена продавница.Пред се јас бев многу задоволна од луѓето таму.Ептен се фини.Исто е многу средено и има прекрасен ред.Се си е под контрола.Абе светска петропола секако дека е прекрасно
Еве уште една Јас живеам во Германија во Kulmbach мало гратче на 30 мин од Nürnberg Порано живеев во Köln, желба ми беше да живеам во голем град, но откако се запознав со мојот сегашен дечко а за 30 дена и маж се преселив кај него Мало гратче е ама многу е убаво, има се што е потребно и за забава и за шопинг .... Има многу у околината мали градови кои се прекрасни да се видат бидејќи има многу културни места Нова сум на форумо и за слики баш и некако не ми успеа да ставам коа ке знам ке ставам обавезно
Jas letovo (za mesec dena) treba da zaminam za USA prv pat patuvam pa se nadevam ke bide interesno pa dali e bil nekoj dosega tamu
Jas ziveam vo avstria vo Vienna skoro dve godini tuka e preubavo ima mnogu mesta ubavi za setajne zivotot tuka e druk za razlika Od mk Ali sepak mi nedostiga mk Ali da se vratam Pak da zivejam vo mk ne bi sakala no na odmor bi idela sekako Doma si e Doma [mod-kirilica:1cqgglg6][/mod-kirilica:1cqgglg6]