Колку нашиве мажи водат сметка за личната хигиена?

Дискусија во 'Секс' започната од Abrakadabra, 5 април 2015.

  1. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    20.049
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали сте задоволни од нивото на основната хигиена ( миење раце редовно, бричење, туширање итн. ) кај машкиве во МК ?
     
  2. Ice&Fire

    Ice&Fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    72
    Мојот редовно си одржува хигиена, така да јас си сум многу задоволна :)
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.912
    Допаѓања:
    72.503
    Досега не ми се случило да излезам со некој небањат, немиен, усмрден. Тешко да видам некој таков, во денешно време кога има топла вода и ефтини сапуни и шампони. Да има, тоа би било резултат на чиста мрза и невоспитание.

    Од сите навики на мажите, највеќе ги знам на дечко ми и на брат ми, оти со нив имам живеено.
    И двајцата се бањаат секој ден, буквално по 10 пати раце се мијат, по 100 пати мирисаат кошули дали мирисале добро, два пати исти алишта не облекуваат, мора да бидат перени. Уште не ми е јасно како во најголем студ, надвор минус 10, и двајцата се тушираат пред да одат на работа. Јас на нивно место 4 месеци од бронхит ќе лежев во болница.

    Брат ми не си крева по него дома, може и цела недела само алиштата да ги среди, другото се да му е хаос, а дечко ми се си средува, мие, чисти по дома, пере, простира алишта.По него никогаш не сум одела. Се знае да си среди и чорапите по боја и величина да си ги нареди. Редовно бричење, не, оти имаат бради, ама редовно одење на фризер за да им ги средат брадите и косата, одат секој месец. На две недели за брада, на еден месец за коса.

    Креми и слично, брат ми става, го убедив некаде одамна, ама уште тајно :) демек маж е, не се мачка на лице со ништо, ама секој месец со купува креми за раце. Дечко ми никако со кремите, а има сува кожа, ама работам на случајот да почне да се кремосува.

    Со парфеми, мојата болна точка... трошат многу, не смее да се остане без 2-3 дезодоранси и парфеми, за кои внимавам да порачам навреме.

    За нокти уште се убедуваме, сечат редовно, ама јас сакам и да им ги средам плус, ама немам дозвола. Ептен педерски било :)
     
    На anina и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.257
    Ова ми е болна тема. Од причина што пред неколку години од толку средени фини момци што ми се пуштаа, јас како мува налетав на еден тежок смрдеж...
    Значи дечкото ретко, или скоро ич не одржуваше хигиена. Постојано мирисаше на пот, а забите пак приказна за себе. Колку само му смрдеше здивот не сте свесни. Затоа за тој период додека излегувавме дали три пати се бакнав со него и за тоа ќе се каам цел живот. Сепак, за да биде трагедијата уште поголема, цели две недели додека се гледавме имаше дијареа и на моменти дополнително засмрдуваше додека се движевме по улицата. Поради тоа на моменти паѓав во искушение да прашам која е оваа отворена канализација во близина...

    За среќа останатите дечки со кои сум излегувала редовно одржувале хигиена, дури и прекумерно за што посекако не` сум им забележала. Бидејќи откако се ,,изгорев'' од овој почнав да цепидлачам, бар од овој аспект.
    Среќа што така брзо прекинавме, инаку имав чувство дека тоа смрдежот полека се пренесува на мене. :D
     
    Последна измена: 5 април 2015
    На Priroden, theowndemon, veren и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    20.049
    Пол:
    Женски
    хахаха...ме изнасмеја. Да ти кажам, сите ние сме имале по некој таков смрдеж од момците во нашите врски. Неможеш да му ги знаеш навиките од прв поглед ! Тоа подоцна го гледаш кога некое време сте заедно.
    И јас сум имала неколку такви кои биле запустени, ама бидејќи и е незгодно да им кажеш за да не се навредат, мораш да бираш и начин како тоа да им го кажеш.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.257

    Кој начин бе..
    Идеш у продавница му купуваш сапун, шампон, ролон, му викаш поздрав друже, се вртиш и фаќаш магла.
    Од ова, бољи начин за прекинување амин. Е сеа, ако и после тоа не сконта ондак голема е веројатноста да му се допаѓа мреата која ја шири околу себе. :)
     
    На Priroden, eloves, anina и 6 други им се допаѓа ова.
  7. talkach

    talkach Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Машки
    hahahah a sto pravime so zenite sto obozavaat ispoteno masko telo...ili onie sto sakaaat da mirisas na masko...., kromid rakija cigari......poznavate li nekoja takva dama? jas da
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.257
    Прв пат од тебе разбирам дека мирисот на кромид ракија или цигари е машки мирис.
    И не, не познавам ни една девојка која се пали на оваа комбинација смрдежи. Освен ако и таа самата не одржува хигиена, па не и пречи да се надополнуваат.
     
    Последна измена: 5 април 2015
    На Priroden, eloves, swatko12345 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    20.049
    Пол:
    Женски
    хахахааааа ...супер идеја, ама тоа јас тешко дека можам да го изведам. Сепак ми се допаѓале од други причини, а понекогаш се правдале дека немаат време па дури и услови. Еден беше сопственик на продавница и самиот работеше се, а другиот живееше во студенски дом и освен ладна вода во мијаник, ништо друго на располагање за да може да се истушира. Можелe додуша да се замиjат, а оправдување лесно е да најдеш ако сакаш.
    Јас сум воспитана да не навредувам никого без добра причина, макар да тоа понекогаш тоа многу ми пречи. :mm:
    Сигурно и таа мириса на ракија,кромид и цигари, а сака такви типови за да си ги неутрализираат мирисите. :?:
     
  10. Agatha

    Agatha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    853
    Мислам дека повеќе зависи од самиот човек отколку од тоа дали е машко или женско.... Има и женски кои не одржуваат хигиена. Мене па до сега не ми се случило да налетам на некое машко што до толку отскокнува и се познава дека хигиената му е слаба страна, биле средени, избањати, чиста облека...
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    13.075
    Пол:
    Женски
    Па досега не ми се случило да налетам на некој таков, за среќа. :D
    А за дечко ми, само пофалби! Значи, алал да му е. Ние од кога сме заедно, јас немам почувствувано тој да мириса на пот, во никој случај. Човек како човек, сигурно некогаш замирисал на пот, дали во друштво, дали сам се има приметено, сеедно. Но овој мојов, јас немам осетено. :D Незнам дали никогаш не си дозволил пред мене, или нешто слично. Секогаш си е избричен, среден, намирисан. Абе мераци. :inlove:
     
    Последна измена: 5 април 2015
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.929
    Допаѓања:
    6.384
    Пол:
    Женски
    Jas mislam deka ova e individualno i deka postojat i mazi i zeni koi ne odrzvat higiena za zal vo 21 vek kade sto sve e dostapno,isto taka mislam deka ova se ponesuva od domsnite naviki...
    Sum nemala iskustvo da bidam so nekoj maz smrdez fala mu na boga,tuku naprotiv so site sto sum bila mazi bile sredeni depilirani sve sredeno od taja strana sum imala samo ubavi iskustva...
    Znam ima takvi uste sto e so zakon kapenjeto ednas vo nedelata,ili takvi koi mislat deka ke stavat eden ton eftin parfem i nemat potreba da se istusirat 5 min pred izlegvanje,ili da smenvat dolen ves sekoj den bidejki nema potreba sve toa prirodna rabota,ima sekakvi veruvam vo toa...
    Najpoveke smrdezi imam oseteno vo kafic,diskoteka vo market itn.da ne nabrojvam,pak ke recam ima i zeni vakvi na fakultet sto nemav videno i oseteno katastrofa...
    No sepak mora da gi pofalime mazite kaj nas deka vo posledno vreme sve poveke i poveke se sreduvat...
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    30.151
    Пол:
    Женски
    Одржувањето на лична хигиена е индивидуална навика што не секој ја има, без оглед на полот.
    Тоа е дел од домашното воспитување и се учи од најрана возраст, а се пренесува од родител на дете како вид копија што не избледува низ годините, а деградирачки е да не се надградува.
    И не можам никако да го прифатам сознанието, при толку производи на пазарот со достапни цени за секој, некои да бидат се уште смрдливо подносливи за себе.
    Чест за исклучоците кои сепак ги има во поголем број , а и треба да ги има. И убавите и неубавите работи паѓаат во око, а уште повеќе сетилото за мирис ги регистрира моментите што не се забораат.
    Неописливо пријатно е чувството кога новата кошула ќе биде облечена на чиста и негувана кожа.
     
    Последна измена: 5 април 2015
    На Annath, crazylady и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.707
    Допаѓања:
    75.044
    Пол:
    Женски
    Јас скоро ич и да не се сеќавам дека сум била во близина на некој што не одржува хигиена. И со тие што сум одела, и другари, и колеги сите одржувале хигиена.
    Единствено пред некој ден во автобус еден млад дечко значи толку гадно мирисаше ау. Носеше униформа некоја изгледа од работа доаѓаше ама мислам тоа не оправдување, колку и да работел постојат дезодоранзи од кои воопшто нема да се осети пот.
    Тоа сепак е индивидуално.
    И нема врска дали е дебел или слаб. Обично дебелите ги сметаат по неуредни ама мислам не е така. Баш напротив, тие водат поголема сметка за хигиената плашејќи се да не бидат исмевани.

    п.с. ми текна на едно другарче од средно, имаше поголема коса и знаеше чат пат да се појави со мрсна коса....што мислам дека не е толку страшно пошто на секого тоа му се случило. Како на машки така на девојки.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Додека се дечковци се трудат, кога ќе влезат во брак мислат готово ја завршиле работата и се помалку водат грижа за личната хигиена. Тоа не значи дека потоа смрдат, но хигиената не е само да се истушират и да стават дезодоранс под мишки.
     
    На elisabeta, crazylady, tinan и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Помалку водат сметка за хигиената....не е работата само да се избања и да се намириша...
     
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.618
    Многу повеќе од нашите жени, јас да ви кажам.

    Ќе излезат дотерани, пренашминкани, со скапи парфеми кои не успеваат ништо да прекријат. Ќе излезат од јавно веце, раце нема да се измијат. Ова за жениве зборам. Докоративна пред препаративна исто ко прекривање на нивната трула суштина.
     
    На eloves, Valentina.Vaki, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    20.049
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека прашањето е јасно. Со оглед дека е ова женски сајт, темава е за женските мислења околу машката хигиена. За женските и нивната хигиена нека си отворат тема мажите каде сакаат.
     
  19. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    5.272
    Пол:
    Женски
    Jaс лично сум задоволна од хигиената на мојот дечко. Никогаш не мириса непријатно, ноктите му се секогаш средени, исто и косата, единствено што ме нервира е брадата, не дека не ја средува редовно туку упорно се труди да ја порасни, а не му расти секаде подеднакво, па мора да се убедуваме дека несредено изгледа, па ке се избричи и потоа пак одново истото :D
     
    На crazylady, 1209 и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    Било да е жена или маж еднаш да го видиш човека со мрсна коса или испотен се случува, ама нон стоп значи човекот не одржува лична хигиена.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.