1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку нашиве мажи водат сметка за личната хигиена?

Дискусија во 'Секс' започната од Abrakadabra, 5 април 2015.

  1. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    А ова мода ли е со брадиве или јас сум ептен out ? Што е ова сите со бради ?
     
    На Youknow, crazylady и daylight им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.238
    Да, некоја повампирена мода од крајот на 70`те и почетокот на 80` од 20. век. Или можеби сакаат да се споредуваат себе си со џихадисти(демек паѓаат на опасни типци жените), или пак мислат дека ако имаат брада дека делуваат попаметни(демек паѓаат на интелегентни типци жените). Како и да е, веројатно е само уште еден изговор за неодржување на лична хигиена во времето кога сето тоа се средува за 5 минути.

    Замислете пичколижач со брада - одвратно :puke:
     
    На Schizophrenia1, Elence93, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Дејлајт, you made my day. (y) :nod: Шо сакаш да те частам? :D
     
    На Abrakadabra и daylight им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.238
    Го има во NEPTUN, околу 4500МКД - Благодарам однапред! :)

    [​IMG]
     
    На Valerin и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  5. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски

    хахахахаааааа ..ова со џихадистиве ептен ти е cool ! Баш се како нив ! Па барем да ги средеа малку, туку неуредни бради повеќето носат.
     
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Тенка е линијата меѓу секси брада и изглед на бездомник. :D
     
    На Mr. Right, Priroden, theowndemon и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Договорено. ;)
     
    На Abrakadabra и daylight им се допаѓа ова.
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Ескузе муа, мислам одговорот попрост не можеше да биде.

    Ама еве ти смета ова, ти смета она (брадата ја ставаш под прашање на лична хигиена? мислам, хипстерска мода е, ќе помине, не ги прави тоа гадни.), па како не би ти сметало нешто кога не ти оди во корист. Опушти се малку, слушај го дождецов, диши.
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај брадата јас мора да нагласам дека повеќе ме привлекуваат машки со брада. Средена брада секако. Не знам зошто може ми изгледаат повеќе маженствено и се чувствувам посигурно во нивна близина (психа, што да правиме :) ).....
    [​IMG]

    само да нагласам црни машки, овој е смеѓ ама брадата му е :inlove:
     
    На Waka-waka, fairy90, anina и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Еееееее, овој е тип - топ типче. Средена брада а стајлингот му е супер !!
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски

    Има една поговорка за типови како тебе:
    Кога ќе му ја покажеш месечината на дете, единствено што тоа гледа е само твојот прст !
     
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Леле те молам, самата не си ја уништувај сопствената тема, кога веќе се сакаш да ти биде чисто.

    Баш се покажа дека си некоја која ја гледа сликата, како што пишав порано, еден обичен буквалист. Како прво не ти се допаѓале бради, па сега кога виде ваков костумисан или типче ко што велиш ти, уау ти е. Значи, замисли го најнормален, просечен, домашно облечен, во тренерки со брада, или шо ве знам, вие и по марки тренерки трчате.

    Најозбилно, опушти се. Ми личеш на некоја која го проверува дечкото пред да влезе во кревет да не му стрчи случајно некое влакно. Или не дај боже да презбори нешто што не ти одговара, ааааа, ќе му кажеш, тоа во друга тема.

    Настрана што излегоа еден куп производи за брадиве кај овие хипстериве. Така да валјда и се чисти и миризливи.

    Ај, да не те нервирам, во врска со машката хигиена... Сакам маж кога ми мириса на чисто, на омекнувач, така облечен во дебела, мека дуксерка. Премногу парфем не сакам пошо кога бакнувам по врат да не плукам од горчина.
     
    На joy1, calliope и crazylady им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.762
    Допаѓања:
    131.073
    Брадите се украс, и не се таму поради мрзата на мажите. Кога би биле со некој со брада, ќе знаете дека брадата се мие и бања исто како косата, дека се чешла, редовно, скоро секој ден се поткаструва, се внимава на секое влакно кое штрчи. Мириса убаво. И нормално, треба на мажот да му стои. Да не е трчи трчи па влакно, ќоси мажи со брада се како немиени. Значи не е за секого. Изгледаат помажествени со нив, ама повеќе време одзема дотерување на вистинска брада, отколку едноставно бричење со машинка наутро.
     
    На theowndemon, marama, joy1 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Никогаш не ме привлекувале претерано средени момци, влакно да не стрчи, гел на коса, лице ко депилирано, веѓи средени скраја да е, ниту пак сакам да ми мириса на омекнувач или да видам креми да користи. Нека се мачка во ве-це ако сака ама јас да не го видам со крема пред огледало. Да е истуширан, стик под мишка и добар ненаметлив парфем. За брада не се потресувам, добро му стои па и да се подзаборави некој ден не е страшно. Депилирање никако, никаде, освен брич под мишка. Претерано фини манири исто не ме привлекуваат кај маж, веднаш (знам, неправедно но повеќе на шала) ги ставам во група п**ери. Мала грубост како надворешно така и внатрешно не е на одмет. Далеку од тоа да е сељак, но премногу мазни не ги сакам. Тоа би било тоа.
     
    На marama, elisabeta, anina и 6 други им се допаѓа ова.
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Многу мажи имаат лузни од мозолчиња, затоа носат брада, не дека многу сакаат.
    Јас сакам машки со брада. Повпечатливи ми се машки со брада. За личната хигиена можам да кажам дека брат ми одржува. Секој ден се тушира, некогаш по два пати. Сака парфеми, дезодоранси, кога има мозолчиња си става од Орифлејм стикче за мозолчиња. Мислам дека кога човек сака да изгледа добро, се труди да го постигне тоа, без разлика дали е машко или женско. Секое машко сака да мириса убаво и средено. :)
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Е од ова поточно нема. Ако вие жените сте налетале на по некој смрдле, шо ние да кажеме.:x
    Прикривање на нетуширање со дезодоранс и несимнување шминка пред заспивање... редовна појава.
    Имам повеќе јастучници него комплети постелина. Модерн арт... кога фрлам на перење... у сите бои... ама не беше тоа темата.
     
  17. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Личен-неличен вкус, педер-стреит навистина знаете да забегате од вистинската суштина на темата поставена како за дебата...ги читам мислењава и се трудам да сум open minded а да не прокоментирам за замачкана маскара, неизбришена и закристализирана шминка која знае само со штемајц да се вади, пазуви и нозе кои треба да се поминуваат најпрво со косилка, но сепак да не навлегуваме длабоко во тоа...Зборов ми беше јас сум брадлесто момче и брадата е мој избор за кој што нема да барам дозвола и мислење дали сум личел на Ајнштајнов спровампирен момак од 60-тите се додека таа е уредно средена намирисана и расчешлана...Да не должам сумасумарум има денови кога сум потлив и со прокинати и промуфтарени алишта зашто мојата тогашна работа навестува за тоа нешто и нема ништо лошо во тоа мојата девојка да ме зачека на нива напрчен со вила во раце, препотлив зашо крај краева не седиме сите на кожени фотејли и фрцкаме со дупчината лево десно со освежувач за воздух во нашата канцеларија, па ниту сме маникени кои позираат голи со нивните 20cm алатчина во долна облека за да бидиме мазни како газина, не зборувам ниту за претерана распуштеност или претерана среденост, една златна средина знае добро да пополни се...
    А патем која е целта на ваквите теми да се пожалите па некоја феминкова екипа да слези до кај вас кога сте заедно па да потстреди..."Добар ден млад, згоден, симпатичен и небричен пар, вашата девојка денес ни се пожали дека вие не држите хигена и сте вампир, па затоа дојдовме овде да ве пицниме и да ви дадеме улога во новото продолжение на Самрак-Небричените...Исусе Христе нека не ве маваат некои белосветски филмови...
     
    На elisabeta, Sesil, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.047
    Допаѓања:
    66.668
    Пол:
    Женски
    Се повреди изгледа нечие его. Инаку, има тема за неуредни девојки каде што истото ова се коментира, така што...
    Мислам дека се зависи од човекот. Исто како кај девојките така и кај мажите. Иако морам да забележам дека кај постарите генерации мажите почесто мирисаат и делуваат понеуредно. Ова ми е заклучок изведен од секојдневието, од автобуси, маректи и сл.
    Додека помладиве почесто се средени и намирисани, ретко има исклучоци. Барем во мое искуство.:)
     
    На Priroden, theowndemon, eloves и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    10.139
    Како кај мажи така и кај жени, од исти родители се воспитувани....
    Навиките за хигиена си доаѓаат од дома и се учат од најмали нозе. Ако не му трубеле над глава уште од малецко дека треба редовно да мие заби, лице, да се бања, да не носи флекано, смрдено и гужвано, веројатност дека ќе се смени има само ако некој јавно го посрамоти или ако се најде некој да му укаже дека треба повеќе да внимава.
    Луѓе што цел живот живеат дома во усмрдено не приметуваат дека лошо мирисаат, исто како што пушач не се осеќа дека корне на цигари. Влегло тоа веќе во сите пори. За ова сум сигурна затоа што долги години бев пушач и ретко осеќав дека нешто труе на катран, се додека не се откажав и не сфатив колку многу се приметува.

    Инаку имам впечаток дека со текот на времето се подига свеста меѓу луѓево за тоа како се одржува хигиена. Муабетот за бањање еднаш неделно не е туку така измислен, порано стварно доста голем дел од луѓето се бањале само во недела, што не би можела да го кажам за во денешницава. Ретко ми замирисува некој во околина искрено, а дали добро се маскираат или стварно се мијат не можам да сум 100% на чисто. За најблискиве барем си знам и тука ми е мирна главата, за понатаму друг нека му ја мисли.
    Да се шминкаа и да имаа добиено можеби полесно ќе ги препознававме, вака само може да си претпоставуваме и генерализираме за тоа кој пол е поголем смрдло ;)
     
    На marama, Abrakadabra и daylight им се допаѓа ова.
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Супер води хигиена дечко ми. Капен, намирисан, косата средена стално..
    И не се согласувам со нечие мислење претходно дека е неуредно доколку има брада.
    Јас заради таа брадата го бендисав :P Волшебно му стои, го немам во 2 години видено без брада, ама секако си има машинка си ја крати си ја оддржава и така.
     
    На Abrakadabra и Avokado им се допаѓа ова.