1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку најдолго би чекал?

Дискусија во 'Секс' започната од easyyyyy, 21 јануари 2011.

  1. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Добро многу ме интересира според тебе после колку време треба да се има секс?
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.857
    Еве, ќе се воздржува од секс 8 месеци. И пошто барата со повеќе женски, не е проблем, ќе чека. И после 8 месеци и прв секс ќе биде ,,изманипулирана,, и оставена. И чаре?
     
    На Medea. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Не можам јас да кажувам кој колку да чека секој треба сам да осети дали и кога е правиот момент. Во најдолгата врска што ја имав чекав 6 месеци и немав никаков проблем.
     
  4. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Во 8 месеци нема таков маж што ќе барата со различни а да не биде откриен таквите измамници најчесто се откриваат на почеток на врската првите неколку недели месец два макс
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.857
    Јас имам читано со години некој криел дека е женет и верувам дека е вистина. Така што ништо.
    Дај подобар совет.
     
    На Снегулк@23 и Medea. им се допаѓа ова.
  6. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Леле колку само нема врска се е до човекот ,од кај да знае она ако чека толку дека он нема да пробува нешто на страна ? Нема гаранција.
    Реално сексот е потреба и бесмислено е да се "чека" 6 месеци или колку и да е. Ако не цел живот најубавите години нека ги помине во чекање.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Од причина што можеби едната страна ќе сака врска а другата само авантура и добиваш судар на интереси и злоупотреба. Во кратко време не можеш да процениш некого дали му е само до секс или сака нешто подлабоко. А ваквите болни искуства и разочарувања најчесто доведуваат до барање на нов партнер и така тоа може да иде до недоглед.

    А проблемот е што кога човек ќе смене повеќе партнери психички и емотивно влечи комплекси и фрустрации од минати врски, има незатворени конфликти во себе, измешани преференци и вкусови кои подоцна ги проектира на идните врски а воедно е посколон и кон изневерување. Затоа врските и браковите траат кратко денес меѓу другото.
     
    Последна измена: 5 мај 2023
  8. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Па затоа отворено ќе си разговараш уште од почеток да се знае како стојат работите.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.857
    Повеќе е повеќе од 1?
    Шансите да се погодите со првиот човек во животот се еден на милион. После, растеме, многу често во различни правци. Дали си ти истиот човек на 17 и на 24 да речеме (претпоставувам ги имаш барем 24)?
    Ниту фрустрации, ниту конфликти, ниту измешани преференци од минати врски, баш напротив, се појасно ти станува што сакаш што не, со што можеш да живееш, со што не. А склоноста кон изневерување ама ич нема никаква врска со сето тоа.
    Траењето на бракови денес е скроз друга тема.
     
    На Medea., Ceci16 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Не е баш така прекинот на секоја врска кадешто иницијално постоела љубов во себе содржи емотивна траума и тоа се опашки што остануваат подолг период некогаш и за цел живот зависи од интензитетот на врската. Човек кога ќе раскине со одредена личност која ја сакал во голем дел од случаевите остануваат реминисценции и емотивен багаж од претходната врска во која си бил лудо заљубен, си го идеализирал партнерот или си имал очекувања таа врска да трае подолго.

    Па влегуваш во нова врска и подсвесно почнуваш со новиот партнер да правиш анализи и да бараш карактерни црти и особености што ги имал претходниот партнер секако оние позитивните. Тука се доаѓа до конфликт бидејќи е невозможно да пресликаш од една личност исти карактерни црти во нов човек и од старт новата врска ја започнуваш со хендикеп.

    Ова обично се случува кога ќе помине иницијалната honeymoon фаза на заљубеност и се судруваме со реалната слика и ги увидуваме сите недостатоци што ги има моменталната врска а ги немало во претходната.

    Така тоа може да биде судир на ставови, погледи на живот, лош секс било што што со претходниот партнер било одлично но врската пропаднала поради нешто друго. И тука е тој момент кога обично минала фазата на меден месец и почнува да фаќа незадоволство во сегашната врска и потребата да се надокнади празнината и обично се посегнува по друга личност.

    И така оди овај магичен зачаран круг како што се менуваат партнерите а незадоволството расте со секоја наредна врска.

    Кога некој човек ни бил прва љубов енергетски дел од него секогаш останува во нас "Две души едно тело" не од религиски туку од филозофски и психички аспект ова е така.

    А луѓето тешко погодуваат од прва бидејќи воопшто не се ангажираат себеси да најдат адекватна личност се привлекуваат само телесно без да се запознаат меѓусебе карактерно и суштински.

    И од тука конфликтот на интереси врската обично едниот ја сфаќа посериозно а другиот ја гледа како "забава" рано е за врзување, млад сум, треба да сменам (звучи познато нели) и затоа вака завршуваат првите љубови бидејќи луѓето немаат higher goal да останат заедно и да созреат и пораснат духовно во врската и да крунисаат со брак. Мнозинството мислат дека е добро прво да се испукаат на младост и да сменат 10 партнери па после да размислуваат на брак тотално погрешно. Над 90% од врските и браковите денес имаат тотално утнат фундамент и матрица затоа и завршуваат со раскинување и разводи.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Дали според тебе јас треба да бидам засекогаш сама оти само бог знае кој емотивен багаж го носам?

    15 години бев со еден човек (единствена врска ете), и еве веќе не сум. Тоа е тоа? Да дигнам раце?

    Не грешиш дека постои "емотивниот багаж", ама не постои во кратки и минливи врски, постои каде што постои и голем емотивен влог.

    Ова ми е единствената врска, пред него имав пролазни, да ти кажам на некои не се сеќавам ни како се викаа, а не па багаж да ми бидат.

    Ама еве сега, ич понатаму да не бидам со никого?
    И пред да објаснувам детали, не, не можеше да се спаси врската.
     
    На Dudo, Medea. и Polyincognito им се допаѓа ова.
  12. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Од срце ти посакувам да бидеш повторно со некој кога ќе се исчистиш од емотивниот багаж според коментарите те следам дека си зрела и изградена личност не си површна но голем дел од проблемите во многу врски излегуваат баш од таков нарасчистен емотивен багаж и пренесување на фрустрации и комплекси во наредна врска а да не правам муабет колкава штета прави што се прифаќа таа hookup култура како нешто нормално и на сексот се гледа како на "спорт" а не нешто свето. Кога човек така лабаво го сваќа и експериментира со сексот станува негов роб и зависник, нема самоконтрола, затапува емотивно и не може да се поврзи со друга личност по друга повозвишена основа бидејќи сексот станува главна жичка што ги поврзува партнерите и од таа причина луѓето и не остануваат во подолги врски и бракови бидејќи мнозинство се поврзуваат телесно наместо духовно и карактерно и еднаш кога ќе им стане здодевно и исчезнат пеперутките во стомакот тука обично и завршува приказната. (не мислам на твојот случај зборувам генерално)

    Од старт се утка фундаментот за љубов и романса и затоа работите се такви какви што се.
     
  13. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Помислата на секс за мене е страшна. Не знам оти. Али ова е веројатно друга тема. xD
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Види, јас годините за хукап ги поминав моногамно, сега не ме ни привлекува идејата за one night stands.

    До некаде ти ја разбирам поентата, само што обострано ги гледам работите, не навлегувам лесни жени, домаќинки, недомаќинки.

    За мене лично маж за кој знам дека ужива во хукапс не е компатибилен со мене, исто важи и за маж што ми изиграва романтики под превез на ај да се сексаме.

    Не гледам јас проблем кога двете страни се ок со хук ап, гледам проблем кога едната страна, која било, не е искрена во намерите. Кога гледаш дека личноста одспротива има поголеми очекувања од тебе, кои немаш намера да ги исполниш, но манипулираш за лично задоволство.

    Како информација, со бившиот "чекавме" околу 2 месеци, никако не влијаеше тоа понатаму, за мене беше природен тек на настаните.

    Бракови нема да мешам во темава оти не им е место, но сексот е дел, многу битен, од една врска.

    Чувствата ретко следат конкретен тајмлајн, или ти е "тоа тоа" или не ти е.

    Пошто јас не сум уживател на хукап култура не можам да бидам со маж кој е, но сигурно некоја со слични сфаќања за секс ќе му одговара повеќе.

    Не сме компатибилни сите со сите и тоа е ок.
     
    На Dudo, Medea., Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Машки
    Најдолго што сум чекал или колку би чекал е релативно.

    Се зависи колку сме загреани еден за друг и колку време е потребно за да двете страни бидат доволно опуштени пред да се случи.

    Ако ми значи личноста ќе чекам секако.

    Ако некој сака да откачи некого затоа што поминал х период и немале односи не бил доволно заинтересиран уште на сам старт или се изладил.