1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку најдолго би чекал?

Дискусија во 'Секс' започната од easyyyyy, 21 јануари 2011.

  1. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    А ако не одолговлекува и си се плеснете на почеток заедно ке си бидете лесни или само таа ке биде лесна? :sweat:

    Мојот обид за дискусија не е безврска, безврска се твоите двојни аршини брате.
     
    На eloves, Згодно Момче, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    48.325
    Пол:
    Женски
    Не знам колку тој мене би ме чекал,ама знам дека ако ја треба да го чекам година дена за да направи прв потег дефинитивно ќе си помислам дека нешто многу сериозно не е во ред него. Од друга страна и на прво гледање да почне да ме драпа ќе си помислам дека нешто не е во ред него па најверојатно нема да има и второ гледање.

    На маса не седнувам да дискутирам и да преговарам на темата- Еј ти планираш полово да општиш со мене и до кога мислиш ѕвезди да броиме на мутно небо, ами сметам дека спонтано си доаѓа моментот кога ќе биде прав како и страста на нивоУ. Мислам во текот на денот по цел ден дебатирам и преговарам со разни луѓе, ако треба и за секс со записник да идам ќе се убију. :D

    Сексот го напраивте животна философија, наука потешка и од квантна физика. Луѓе секс е, спој на страст, тело, емоции не е баук, не е табу, не е срамно нешто, не е страшно нешто. Некој кој мојот интегритет го мери во месеци и години не е вреден ни минута од мојот живот а не па година.
     
    На eloves, sparklie, YoungandBeautiful и 24 други им се допаѓа ова.
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    257.637
    Пол:
    Женски
    Мислењево на СуперГрл да се стави во воведниот пост и темава може да се затвори слободно.
     
    На joy1, Viktorijaaa5, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.603
    Чекај, чекај, чекај!!!

    Саше не е невин!? А бара невина?!

    Ќе гориш во вечните огништа, детеееее...

    Ај да не те нарекувам со погрдни зборови како ти што правиш, али само да ти кажам дека не заслужуваш ,, чисто ,, девојче, туку ,, прљаво ,, и , искористено ,, како тебе.
     
    На eloves, joy1, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  5. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Кога сме кај чекањето...
    Еднаш одамна, бев во врска со "невин" дечко :|
    Го чекав 4 месеци :!:
    Пошто дечкото ни после 4 месеци не беше "спремен", му раскинав :x
     
    На joy1, Priroden, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.078
    Пол:
    Машки
    :o
     
    На Viktorijaaa5, Згодно Момче и КикиМаус им се допаѓа ова.
  7. Jana-Sweet

    Jana-Sweet Нов член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Сексот не е нешто што се дава и зема за да сега треба да броиме денови за да му дадеме. Погрешно е ако правиме нешто само за да го задржиме партнерот без да ние уживаме во тоа што го правиме.
    Мое мислење е дека дури не треба да ја работиме работата од која егзистираме ако таа не не исполнува и не ни причинува задоволство а камо ли да водиме љубов.
    Доколку почувствуваме потреба тоа да го направиме небитно е времето колку долго сме со таа особа, битно е само дали ние чувствуваме потреба или не.
    Точно е дека мажите се нестрпливи и доколку видат дека подолго време девојката го ескивира сексот ако не и раскинат тогаш ќе забегаат по други, но подобро нека ви раскинат отколку на направите таков чекор а за тоа да не сте спремни, посебно ако сте невини.
    Повторно зборувам од моето скромно искуство дека постојат и други начини како да му пружите задоволство на партнерот и себеси а да не ја изгубите невиноста ако таа толку ви значи. Потребно е само малку да си ја пуштиш фантазијата и да се препуштиш на моментот.
    Ако сепак треба да кажам некоја временска рамка мислам дека треба да поминат бар десетина видувања пред да „му дадете“ чисто да се запознаете подобро и што е уште побитно тоа да оди постапно а не наеднаш да му раширите нозе.
    Запомнете, колку сами ќе се цените себеси толку и другите ќе ве ценат а ова за кое зборувам е токму тоа, почитвање на сопственот тело и себеси како личност.
     
    На Priroden и JessieT им се допаѓа ова.
  8. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Па се додека во општеството се зборува за тоа дека некоја девојка е лесна, и се додека на вакви форуми постојат теми (кои вие женските сами си ги отварате) од типот: Колку дајдолго би чекал?, За колку период врска му дадовте на вашиот дечко?, Како успеа да ве легне?, и сл. само девојката може да биде лесна, бидејќи нели, таа е онаа која ,,дава'', а не машкото. А кога во општеството ќе почне да се зборува за тоа дека некој дечко е лесен, и кога на вакви форуми ќе се отворат теми за машките како овие погоре што ги напишав, тогаш ќе разговараме за тоа колку ние машките сме лесни, само што реалноста е дека муабети за тоа дека некој дечко е лесен, никогаш нема да има, и вакви теми како овие погоре никогаш нема да бидат отворени.
     
    Последна измена: 2 февруари 2017
  9. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    @Sashko1992

    Заборави да дополниш, и се додека има мажи како тебе кои ке пренесуваат од генерација на генерација вакви размислувања. Ама карма ис а бич, утре ќерка ке имаш, чеeкај има време, па таа ако се погоди некоја мераклика, ке си нижиш нервен слом за нервен слом. :drunk:8-|

    :rofl:Ae поздрав, тука завршува моето дебатирање со тебе.
     
    Последна измена: 2 февруари 2017
    На eloves, Gosh, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Па кога снема аргументи, нормално дека ќе заврши твоето дебатирање со мене, а во недостиг на аргументи почна да спомнуваш мои неродени деца и почна да инсинуираш каква ќе била мојата неродена ќерка.
    Ниско и бедно, ама тоа говори каква личност си уствари ти.
     
    Последна измена: 2 февруари 2017
  11. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Поради ова не дебатирам со личности како тебе кои освен со навредување не знаат како поинаку да се изјаснат, а за аргументи имам, ама тие ке ги искористам со некој кој е расположен да дискутира на нормален начин.

    На почетокот жал ми беше кога гледав како те третира 90% од форумов, сега сфаќам дека и поинаков третман не ни заслужуваш. :hai:
     
    На alexa_dimoska, eloves, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Какво навредување?, кај виде во овој коментар навредување?
    Па се додека во општеството се зборува за тоа дека некоја девојка е лесна, и се додека на вакви форуми постојат теми (кои вие женските сами си ги отварате) од типот: Колку дајдолго би чекал?, За колку период врска му дадовте на вашиот дечко?, Како успеа да ве легне?, и сл. само девојката може да биде лесна, бидејќи нели, таа е онаа која ,,дава'', а не машкото. А кога во општеството ќе почне да се зборува за тоа дека некој дечко е лесен, и кога на вакви форуми ќе се отворат теми за машките како овие погоре што ги напишав, тогаш ќе разговараме за тоа колку ние машките сме лесни, само што реалноста е дека муабети за тоа дека некој дечко е лесен, никогаш нема да има, и вакви теми како овие погоре никогаш нема да бидат отворени.

    Значи на најнормален начин ти одговорив, а ти потоа почна да спомнуваш мои неродени деца и почна да инсинуираш дека мојата неродена ќерка можеби ќе била мераклика, и кој сега навредува и кој дискутира на ненормален начин?

    И ако 20 или 30 луѓе се 90% од форумов, тогаш јас сам сум останатите 10%.
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.717
    Допаѓања:
    172.705
    Пол:
    Женски
    Ај да гледаме од една друга перспектива...
    Запознавам дечко, излегувам еднаш на кафе, 2-3 пати на вечера и му се пуштам до тој степен да го однесам до кревет..
    Автоматски јас сум си земала што сум сакала а тој ми дал.
    И значи јас не сум дала....ако на сите им е полесно, ете друга перспектива..


    Ако ти биде полесно на душичката, еве ќе отворам јас тема - за колку време машкото ви даде, Реин ќе ја избрише знам, ама барем ќе се посмееме..

    Бива?!
     
    На calliope, sj *O*, Antolinaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Тоа ти се вика хипотетски прикажана ситуација за да се долови одредена поента во која нема ништо навредливо за разлика од зборовите кои ги користиш ти како болдот што ти го означив погоре да не се повторувам на секое. Помачи се барем цел пост да ми прочиташ пред да вратиш колку зборот последен да ти биде.

    И да, голема е веројатноста ќерка ти да биде "мераклика". Сори што тоа толку тешко ти паѓа, ама нажалост неможеш да влијаеш на тоа. Како што реков, карма ис а бич. Она од што најмногу бегаш, воглавно тоа те наоѓа, Саше. Па ти лупај со глава во ѕид колkу ти душа сака.
     
    Последна измена: 2 февруари 2017
    На Згодно Момче му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.717
    Допаѓања:
    172.705
    Пол:
    Женски

    Колку и да не се сложувам со Саше, мислам дека мешање на деца во било каков муабет е ниско..
    И непотребно :)
     
    На eloves, joy1, Згодно Момче и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Ама нели само женските даваат?, па во темиве што ги напишав погоре, вие тоа си го потврдувате.
    А еве и ти вака да постапиш, што мислиш како општеството ќе гледа на тоа ако дознае?, според мене ако дознаат луѓето никој нема да каже дека ти си барала секс од него, туку ќе кажат: Види ја оваа колку е лесна, веднаш легнала со овој, а уште него ни познава. Значи 95% од народот ќе рече вака, тоа е реалноста, и секој човек треба да ја гледа и да ја прифати таа реалност, а ако на некој не му се допаѓа таа реалност слободно може да ја напушти државата и да отиде да живее на некое друго место.

    Убаво си кажа, и да отвориш ваква тема за машките, само ќе се посмееме, ништо друго, бидејќи е смешно да се дискутира дали некој дечко е лесен, што значи и ти потврдуваш дека рамноправност во поглед на овие работи неможе да има.
     
  17. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Деца кои сеуште ги нема, a и да ги има хипотетски беше напишано, јас никаде не искористив навредлив збор, @Dust .

    Она што сакав да го доловам е како би реагирал тој, ако утре кога ке има ќерка таа се однесува спротивно на неговите омаловажувачки ставови кои ги има кон поголемиот дел од жените. Никаде не посочив навредлив збор, како тој што направи. :)

    Така да не мислам дека ти е на место коментарот дека било ниско од моја страна, што поточно е ниско? Нормалното развивање на една девојка во сексуално здрава особа?
     
    Последна измена: 2 февруари 2017
    На Gosh и sj *O* им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.717
    Допаѓања:
    172.705
    Пол:
    Женски

    Епа тоа е разликата Саше..
    Што мене долнава ич не ме заболе што ОПШТЕСТВОТО ќе помисли за мене
    Хемијата или ја има или ја нема. Нема такво нешто како - хемијата ќе се јави после 10ти состанок..

    Ако и двајцата уживаат во разменување на бакнежи и допири, ако и двајцата се попалени и во моментот сакаат да имаат нешто повеќе од само лапање, што е важно што општеството ќе рече?
    Него му се сакало
    Мене ми се сакало
    Сме имале една жешка сеанса ..

    И ќе ја повториме..


    Зошто НАРОДОТ треба да дознае?
    Нели тоа е меѓу 2 лица?8-|

    Јас со народот утре нема да се сексам
    Ниту ќе стапам во брак
    Ниту ќе изневерам..

    Сето тоа ќе биде со 1 личност..избрана.
    Барем во овие 26год се научив да бирам мажи на кои алатот не им е побрз од паметот, па со тоа и сигурна сум дека нема да го удрат тапанот на цело село, на кој состанок сум си земала од колачот наречен - секс.



    П.С... @♣ Alba Viduam ♣
    Како и да е, мешање на деца било идни или сегашни ми е невкусно за созреана личност како што си ти (или барем така јас те замислувам)

    Ако биде мераклика нека биде, нема што ние од сега потајно да му го посакуваме на Саше тоа..
    Како ќе реагира знае само тој..
    Тогаш ќе си знае и ќе постапи соодветно ..
     
    Последна измена: 2 февруари 2017
    На eloves, Antolinaa, biGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Да, само што разликата помеѓу тебе и мене е што јас зборувам ошто за жените, а ти не зборуваш општо за децата, туку спомнуваш мои неродени деца, па уште и инсинуираш какви тие ќе биле (facepalm).
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Ти зборуваш општо за жените? :rofl::rofl::rofl:
    Немој, ти се молам. Колку пати претходно искористи навредливи зборови не само кон мене, туку и кон многу други? И тоа без никаква причина?

    Practice what you preach! ;)
     
    На Gosh, sj *O* и Someonespecial им се допаѓа ова.