Не знам дали има слична тема, видов имаше дали е скапо да се храниш здраво ама ова е за нешто друго. Ако треба нека се премести. Целта ми е да дискутираме за тоа околу нас, во продавниците, близу работните места и секаде надвор од домот колку имаме на располагање здрава и разновидна храна да купиш или да седнеш да јадеш. Идејава за темава ми дојде ради лично искуство. Последниве месеци морав да се држам до строга диета и уште морам и кога ќе излезев надвор а и сега, нема шанси да јадам нешто на нога здраво. Во пекара единствено ѓеврек, во кујни само ориз. Останатото е со сувомеснати производи, кашкавал, пржена и похована храна. И тост, пица, бургер и слични можеш да најдеш на секој чекор. Нема секаде готови салати или готвени јадења со пилешко, варен зеленчук или други опции за јадења што се соодветни за луѓе кои мораат да внесуваат помалку масти/шеќери итн. За луѓе со интолеранции исто така. Ретко имаме и места каде имаат здрави замени и тие што ги имаме се скапи. За дома немам проблем, си готвам, комбинирам сама ама ќе излезе човек и нема што здраво да касне, особено што велам ако мораш строго да пазиш на исхрана. Дали сметате дека проблемот стварно постои и е проблем за луѓе со здравствени проблеми да пазат секојдневно на исхраната, надвор од готвењето дома? Дали вие сте се соочиле со сличен проблем и како сте се снашле?