Значи темава се однесува на тоа колку парчиња облека за зимски+летен период сметате дека се неопходни и секој треба да ги има?? Не сум сигурна околу тоа дали имам се што ми треба оваа сезона, а школово почнува . Инаку сум 3та година гимназија, а униформите не се носат. Па сакав отприлика да видам дали да ја терам мајка ми да ми купува или не. Нејзе и се лоши кога ќе и подречам нешо за купување А јас на пример цел ден би поминала на шопинг.
Ако ти е за школо, мислам дека веќе имаш маица, блуза, џемпер, фармерки, чизми, патики и јакна. Сигурно не идеше гола и боса до сеа. Доста ти е. Не ја троши мајка ти на глупости. Оди види некој молив, пенкало, книга да не ти треба.
se slozuvam jas edna ista bluza i farmerki cela nedela sum gi nosela osven ako po nekoja slucajnost ne gi izvalkam.jakna kupiv za na fakultet prva godina i 9 godini istata ja nosev dodeka ne ja iznosiv.ne mora jakna od 3000den da nosam sekoj den razlicna nejasno mi e zosto denesnive deca se mnogu zbesnati
Јас средно поминав со 2-3 пара панталони, по неколку блузи, јакна една во неколку години и така. Сега кога сама заработувам, имало и периоди кога сум имала по 5-6-па и 8 пара панталони и фармерки заедно, но сега се сведувам пак на 4. Купувам колку што ми треба, не повеќе па да стои и да стане демоде додека да ја облечам. Мене 6-7 маици и кошули заедно ми се доволни да ги менувам.
Супер е насловот и темата, ќе се развиеше добра дискусија и одлични совети доколку воведниот дел не беше ограничен само за облека во школо
Ако ме прашаш мене, треба да поседуваш доволно квалитетна облека за да направиш над 7 изводливи комбинации. 2 пара чевли, 2 пара фармерки/пантолони и 3-4 блузи/маички. Тоа важи за секоја сезона. Се додека алиштата ти се чисти и квалитетни, во ред е.
Зависи, нема правило колку мислиш дека ти е доволна. Јас поседував дури и премногу, неодамна го чистев шкафот и оставив само она што го носам и ми треба, непотребните работи ги дадов на луѓе кои им треба. Порано доста често купував, сега само по потреба.
Колку повеќе толку подобро. За жал нема секој можност да одвои поголеми средства за повеќе парчиња. Она што според мене е неопходно се барем по два пара чевли за секоја сезона, два пара штикли, 2-3 пара фармерки/панталони, барем 5-6 блузи/кошули, неколку маички, 1-2 јакни, 2-3 чанти, неколку посвечени парчиња за излегување, капут а за летен период плус некое лесно фустанче и шорцеви. Ова општо а за на училиште нормално со исклучок на штиклите, свечените парчиња, капутот и чантите кои може да се заменат со ранец. На сето ова би додала неколку марами и бижутерија кои најчесто не чинат многу а со чија помош комбинациите ќе се освежат и ќе делуваат поинаку. Не дека има правило, но сепак за мене лично ова би бил минимумот на потребна облека.
Да ја активираме темава? Мене ме фасцинира капсул гардеробата и проектот 333. Капсул гардеробата, особено ја гледам на youtube, станува доста популарна и идејата е да имаш мала колекција на парчиња кои ги сакаш и носиш од сезона во сезона, да можеш лесно да ги комбинираш. Убавината е што немаш особени правила, твојата капсул гардероба може да е поголема или помала. Слично, проектот 333 e минималистички поглед кон облеките кои ги носиме, каде главното правило е 33 парчиња кои можеш да ги носиш 3 месеци. Па ме интересира, дали некој лично има пробано или е заинтересиран/на? Јас лично се на се имам околу 100 парчиња облека, вклучувајќи јакни, без обувки,ташни, марами. Се надевам малку да ги намалам бројките, бидејки многу позабавен ми е процесот на облекување кога имам помал избор и притоа се чуствувам по креативно
Бела кошула Црно сако Одличен пар фармерки кои ти стојат перфектно Црн фустан Кожна јакна Црни класични потпетици Класични панталони Црн зимски капут Мислам дека ова се основните парчиња кои секоја девојка треба да ги има во плакарот.Од нив можат да се изведе и дневен casual изглед, деловен изглед и вечерен изглед за било каква прилика. Секако ова не е доволно но сите овие парчиња се наоѓаат при рака во секој момент кога не знаеш што да облечеш. Кога се во прашање ваквите елементарни парчиња мисла дека е најдобро да се избират нрутрални бои - црна, бела, крем и сива. Класични безвременски модели без украси и принтови кои ќе можат да се носат со години и нема да се демоде. Што се однесува до школската гардероба, маички, фармерки, јакна, тренерки и патики се доволни.
Мене ми е важно одделните парчиња облека лесно да се комбинираат едни со други. Тоа не ми е тешко да го постигнам, бидејќи имам едноставен стил на облекување и најчесто парчињата облека ми се еднобојни, без шари, во црна, бела, сива боја и некоу други што се полесни за комбинирање. За официјални настани, прослави итн. секако дека е потребно нешто друго (фустан, костим итн.) Но за секој ден, мислам дека е можно и со релативно малку облека да се направат многу комбинации. На Youtube има голем избор од видеа за капсул гардеробата
Немам многу гардероба, никогаш не сум сакала да имам. За на работа, од прилика по 5-6горни парчиња, 2-3 долни и 2 пара чевли по сезона ми се доволно. Ама не е само работа - за излегување, свечености, спортски, кежуал... ете ти полн плакар
Мислам дека поинтересното прашање е колку облека оптимално, а не минимално, би требало да поседуваме. И мислам дека прашањето нема единствен точен одговор, зависи од десетици фактори...
Секогаш купувам облека што можам да ја искористам во повеќе комбинации. Не купувам нешто ако не можам да го искомбинирам со останатиот дел од облеката. Некогаш и додатоците ја менуваат цела комбинација, а за тоа не треба којзнае колку. Сѐ е до креативноста.