1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку оброци му давате на вашето бебе?

Дискусија во 'Бебе' започната од stefi23m, 21 октомври 2012.

  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    имав во некоја тема прашано ама не добив одговор и сега отворив тема со надеж дека некој ќе ми одговори на дилемата..
    во книгата што ја имам ,,готвач за бебе,, во 7 месец pишува 5 оброци 2 немлечни 3 млечни.
    јас до сега му давам 6 оброци 2 со 4 ама некако не ми го пие млекото со многу молење и сега незнам дали да се придржувам кон книгата или да продолжам вака

    пишете по колку оброци му давата на вашите најмили
     
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Стефи23м во секоја книга различно пишува. И јас ја имам истата Готвач за вашето бебе и во неа пишува дека ноќното доење треба да го укинам уште на некои си 3-4 месеци, што нема никаква логика. Моето ќе наполни 6 мес. сега на 8-ми и е исклучиво на доење и еднаш неделно започнувам да му давам по еден нов вид на храна и тоа само еднаш дневно. Досега му имам дадено само каша од ориз, морков и компир и млечни немам броено, кога сака тогаш. Не му се секирај, најдобро ќе ти помогне твојата интуиција, ако сметаш дека му е многу, тогаш му е многу, самото дете си е показател. Па и ние сите не се заситуваме од иста количина на храна.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    А зошто да нема логика да го укинеш ноќното доење на 3-4 месеци? Баш напротив, мора да му создадеш навика да спие цела ноќ, колку порано, толку подобро.
    На 9 месеци син ми имаше пет оброци, покрај доењето. Класични, појадок, ручек, вечера, плус ужинки. Истото и сега, само што е поголем изборот на продуктите кои смеам да му ги давам.
     
  4. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    имам пишано и во друга тема.кога почнав да му давам ад.млеко (на 20 дена старост) му давав по 8 оброци.
    на два и пол месеци му го прекнав ноќниот во 03ч. значи почнав да му давам по 7 и от тогаш спие по цела ноќ.
    а кај почетокот на пети месец му го укинав и оброкот во 00ч.
    и сега спие од 21-22 зависи како му го давам последноит оброк до 06ч некогаш се разбудва со млекото некогаш продолжува.
    многу е важно да спие чела ноќ. па посебно ако е ко моето преку цел ден му се берат 2 и мн ретко 3ч спиење.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Мене во Систина ме советуваа, до 40дена-2месеца, да дојам преку ноќ, а потоа да го прекинам ноќното доење.
    Јас навистина немам идеа како би го извела тоа, како детето кога ќе стане да не му дадам да јаде, па што да и правам? :?:
     
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Тие нивни теории малку се тешки за во пракса. А плус, дете од два месеци да нема ноќни подои за мене е голема глупост која тешко дека ќе му ја ускратиш. Убаво личи вака кажано, ама ... праксата не е баш таква.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Убаво те советувале од Систина - секој педијатар ќе ти каже дека е сосема доволно месец дена да цица и ноќе, додека си фати некој ред, и после да го исфрлиш ноќниот оброк. Како бе мамички, ви нема логика? И вие станувате ноќе да јадете? Зошто тогаш мора децата да цицаат? Имајте на ум, колку поголемо го одвикнувате, толку потешко ќе биде, и плус, може да си ја замени таа навика со ноќно пиење сок или млеко кое може да се оддолжи до 4-5 години, и отидоа забите. Имам примери и во блиска фамилија и во поширока околина, не зборувам од памет.

    После тоа, децата се поправале минимум по кило месечно - тоа може првиот месец, ама после веќе е премногу. Оптимално добивање на килажа во првите три месеци е 600-800 г (за деца на мајчино млеко) и нешто повеќе до кг, за деца на ад млеко (кое секако повеќе дебелее). Ако се продолжи со таа тенденција постои опасност од појава на дебелина уште во најрана возраст, додуша не е честа појава, ама ја има. Точно дека повеќето од децата горе-долу си ја регулираат тежината кога ќе почнат да јадат цврста храна, ама пак, може и да не се случи тоа.

    МеУ, ќе ја нишкаш, ќе и пееш, ќе пробаш со цуцла, верувај, тоа не се буди од што е гладно, туку од навика, од потреба да те почувствува. Колку е помала, помали се и шансите да се оддолжи одвикнувањето. Јас по син ми си знам... маста ми ја извади додека се одвикнавме, затоа што доцна го одвикнав, не слушав педијатрите што ми велеа. Немам срце да го слушам кај што плаче, ама ноќе кога се будеше по десет пати, ми се кршеше и мене сонот, па само јас си знам како функционирав жива ненаспана сама со него по цел ден. Факт е дека ако не го одвикнете со време од ноќен подој, како што ќе расте, почесто ќе се буди, што од навика, што од забите, што од нешто друго, а гладно не е сигурно.
    Клучна е упорноста, како и за сè друго.
     
    На irenadaniel, lolyta777, meU и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Анах ти вака како поискусна мајка дај ми совет,ние штотуку направивме 3 месеци и јас навистина сакам и се трудам да го одвикнам навечер да станува по три пати за јадење ,да објаснам бидејќи немам доволно млеко малиот ем цица ем го дохранувам (да речеме дека цица бидејки кога и да цица он е жив ненајаден и пишти па неможам да се орентирам колку исцицува) му давам во текот на денот 3 пати ад млеко 120мл а навечер дури и 150 и уште му е малку :( .
    Синоќа му дадов 150 во 23 и спиеше до 2.30 пробав да го нишкам и цуцла вришти едно добри 40 мин викам ај не ја бива го ставив да цица и така буден цицаше до 5 умрев го извадив од града ај да го нишкам и пак ништо се откажав му дадов млеко 120 и заспа и пак стана во 7 жив ненајаден ке полудев незнам како да му ставам некој ред .
    Е сега прашањето ми е :
    Дали да му зголемам доза вечерта на 180 со цел да ја преспие цела вечер но и што да правам ако интензивно вришти , како да го смирам освен со нишкање и цуце (кое го плука ,ама јас лошата му го држам).
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Уффф ќе биде мака, уште сега осеќам :worried:
    А какви цуцли користите??? Ние имаме една силиконска, ама не ја сака. Се мислам да земам иста како цуцлата од шишето што ни е, гумена, на Чико :?: Тие на шишето се исто како брадавица, па си ја прифати многу добро, додека силиконската повторно ја одбиваше.
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Убаво вика Анат што помало се одвикне тоа подобро ,еве нека е до 3 -4 месец да се одвикнува полека
    Моето почна деновиве да станува кај 01ч ама и давам цуцле и презаспива..
    Не е целосно одвикната од ноќен оброк знае и да заплаче за јадење , ама се трудам полека ... :tmi:
    Иначе јас и давам 3 главни оброка , и 1 до 2 ужинки .. :)
     
  11. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    и син ми не се одвикна преку ноќ.
    почнав да му давам повеќе млеко во 00ч па еден ден ќе се разбудеше порано еден ден ќе се разбудеше покасно и почна за си зема некој ред.јас ко ќе станеше стално му праев млеко и со текот на времето се навикна и си спиеше до 6ч
    е кога почна во 6 да не ми го допива млекото му го прекинав и тој оброк во 00ч. и бидејќи тоа млеко стално го пиеше во спиење немаше многу проблем пак си продолжи да си спие до 6ч.
    а со доењето е стварно потешко оти незнајш колку испило и колку време ќе му држи
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    leo-n-tina, давај му навечер само ад млеко, ако пие до 180мл супер. Ќе го држи подолго време, па може да се разбуди подоцна. На пример, ако ти се будело во 2, ќе се буди во три. Колку и да плаче, ќе мораш да издржиш, немаш избор. Да, ова звучи како ригорозна мерка, ама е ефикасна. Ама, не пали кај секое дете, иако кај повеќето има ефект. Мора самите да најдете начин да го одвикнете детето од ноќниот оброк.
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Таква цуцла земи, пробај. И син ми не сакаше цуцла ама ич, ама оваа си ја сака.

    Што се однесува до ноќниот подој сега за сега син ми има 2 ноќни подои, околу 2-3ч. и 6ч наутро, а заспива во 23ч откако убаво ќе го нацицам. На 7-ми ќе прави 4 месеци. Се обидувам да го одвикнам од ноќно ранење.
    И тој се буди почесто, некогаш и на еден час |( зависи од ноќта, ама му давам цуцла, го нишкам и си заспива. :whew:
    Кај ќерка ми не палеше оваа тактика, маста ми ја извади :x
     
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Има 16 месеци, а дневно добива по 3 оброка. Нешто насабајле не сака многу да јаде, а ручекот и вечерата си ги прави маф. Помеѓу оброците обавезно има нешто ужинка, дали нешто благо или овошје, секогаш различно.
    Упс, па моето не е бебе :D
    Кога беше бебе цицаше на 2-3 часа, маста ми ја вадеше навечер, на 15 минути се будеше за цицето, но не за млекото :D Друго млеко освен моето не сакаша никако, па се намачив дури почнавме со дохрана.
    Мој совет е, одвикнувајте ги од ноќните оброци дури се помали. Колку се поголеми толку е потешко.
     
  15. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Јас синоќа 23 пред спиење му дадов 180 мл и ги кркна во еден здив мислев многу ке му бидат но ниту поврати ниту му беше тешко заспа за 15 мин .
    Во 3.30 почна да се превртува и да кенка па го нишкав и му ја дадов цуцлата,ама не се разбуди ,и така од време на време си кенкаше и во 5 почна да писка како недај боже некој да го тепа неможев да го смирам го зедов во раце па нишкај не сака дете вришти дури да го ставам на града да несакаше да фати од што беше нервозен и така едно 20 мин па почна да цица до 6 и се тргна од града изгледа немав веке млеко и пак плачеше и вивов невидов ајде прај млеко 120 и конечно се смири .
    Јас незнам како е со вашите бебушки али ова ептен хистерично вришти :doh: за јадење неможам да ви доловам каков глас вади дали е ова возможно што ке биде кога ке подпорасне тешко мене :(
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Леонтина и ова мојата почна да хистериша, устата и се тресе , зајдува од плачење, точно на еден час сака на цицка да е. Веќе немам сила, од 4ч секој саат кој што прави јас дојам, ни спиена сум, ни јадена, ма во вц неможам да отидам :envy: незнам што се деси ноќва, страшна работа.
    Ако не биде , да поспие малку, го правам шишето па да се одмориме и двете оти вака не бидува.
     
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Меу па после цицање одма дај и ад млеко и ке биде сита и ке си спие ... чим така ти прави
    :D ако плаче толку за јадење нема друго што да и правиш :)

    Моево дете вчера како ја легнав кај 20ч испи некои 130мл млеко ,не се разбуди до 05ч и тоа декаа татко и се растропа низ куќава ..А плус и си спиеше во нејзина соба :tmi:
     
  18. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Маченце Ена колку има малата твоја,ние имаме 3 месеци и 5 дена и навечер пие 180 еве вчера искрено ме плаши тоа многу ми е некако за три месечно бебе ама немам што да правам лапач голем е .
    И да ви кажам јас искрено многу се плашам од дебели деца ,не оправдувам колку подебелко толку подобро ,многу ми е страв кога ке видам бебиња засечени по раце и по нозе знам дека е бебе тоа ама дали е до генетика или родителите премногу ги хранат незнам.
     
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    Драга моето има 7 месеци , малце испи вечерта зашто претходно имаше изедено вечерна кашичка од Хип и заситена беше .. Иначе 180 мл не се многу ... плус си пишува и на самата кутија за млеко колку се дозира спрема возраста .И моето ги пиеше и по 230мл навечер , ама сега дека и кашички и давам позаситена
    За дебелина не се грижи па ако детето е гладно нема сигурно да го оставиш гладно :D нека си јаде колку си сака . Моето пред еден месец ја меревме беше 8100 гр , сега сигурно има плус и за нејзина возраст е нормално ,ама има и деца што тежат повеќе и помалце , ама ке си се водиш спрема твоето
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Колку оброци му давата на вашето бебе???

    leo-n-tina, супер ви тргнало, одлично како за прва вечер. Така направи и вечерва и понатаму. Ако ти бара млеко дури во 5 супер, неколку дена терајте така, после тоа ќе го пролонгираш барем до 6 сабајле и ќе видиш, лека полека ќе се одвикнете од ноќниот оброк.
    МаченцеЕна, твоето е супер, ама бебе да има 8кг на неполни три месеци не е во ред, а има неколку такви случаи што ги познавам. Има и деца што се родиле по пет кг, па немаат 8 кг на три месечна возраст. Затоа е препорачливо да се укине ноќниот оброк, без разлика дали се работи за цицање или ад млеко.