1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку оброци му давате на вашето бебе?

Дискусија во 'Бебе' започната од stefi23m, 21 октомври 2012.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.891
    Допаѓања:
    31.324
    Пол:
    Женски
    Сабајле по станување доручек, па млеко, па ручек, па млеко, па вечера. Пред спиење можеш а и не мораш млеко. Ќе видиш како ќе биде бебуш расположен.
     
    На ada21 и Annath им се допаѓа ова.
  2. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy значи не мора да биде млекото последно . Ај ќе пробам така да видам дали ќе ми успее .
     
  3. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    2.626
    Пол:
    Женски
    Со два оброци бебчето мора да пие вода, стави се вие на негово место јадете два пати и не пијте вода? И да цица и на АД течности мора.. . И мојата едвај вода пие ама кога ке и го дадам шишето онаа си ја џвака си игра со цуцлата ја гризе а си тече вода во уста...и велам гризиси мама ... хех и оп испиени 50мл : D
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.371
    @Igle и моево некогаш така бара. Ќе пробам да оставам измолзено и ад ќе има, ама проблем е што моево нејќе шише :( и незнам дали ќе прифати ад....

    Инаку 7+ е,има доручек и ручек и околу 5 подои. Навечер еднаш се буди за цицање.
     
  5. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    18.437
    Пол:
    Женски
    Мојов игра со цуцлата ама мислам и ќе пие...пробав еднаш со хип 1( такво имав дома колку да пробам го отворив)... и сеуште станува безброј пати навечер :( на точно 2 часа или помалку ;(
    А инаку колку го држи сит еден оброк?

    @Marija_Magdalena нудам вода од шише, чаша со клунче и обична чаша и не сака...со сила не го терам ете ако е жеден ќе цица засега:):e:
     
  6. Annah87

    Annah87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    719
    Пол:
    Женски
    Мајки, по колку оброци имаа вашите бебиња на 7 месеци. Јас имам некој распоред направено, ама не сум сигурна дали е во ред. Имено, бебе станува околу 6:30, до 7:15-7:30 се врткаме на спална и во 8 почнуваме со доручек. Обично овошје и житарка
    11-11:30 ад 180 -210мл
    14-14:30 ручек ( месо со зеленчук или само зеленчук)
    17-17:30 ад 180мл
    20-20:30 ад 210мл и спиење
    Дали е ок?
    Се мислам дали да му дадам млекце веднаш кога ќе стане од спиење, па доручек околу 8:30, бидејќи рано ми станува и додека да направам кашичка него невоза го фаќа. Ова јадењево навистина цела наука ми е!
     
    На Емина1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.311
    Пол:
    Женски
    Втор оброк воведов околу 7,5 месеци. Сега за некој ден сме 9 со три оброци.
    Нашиот распоред е отприлика вака иако понекогаш се случува да се изместиме. Истиот беше и со две, само што вечерата беше цицање.
    Цица последно помеѓу 6:30-7:30
    Помеѓу 9-9:30 доручек
    Околу 12 ад
    14-14:30 ручек
    16:30-17 цица
    Околу 19-19:30 вечера
    Околу 20:30 цица за заспивање.
    Ноќите зависи како ќе побара. Претходните две недели по еднаш се будеше. Овие два дена со запчињата два-три пати станува.
     
    На eli25 и Annah87 им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.289
    Пол:
    Женски
    Супер е, не менувај ништо, ваков распоред треба да има. Ќе се уходаш со кашите за брзо.
     
    На Lolipop23, Annah87 и eli25 им се допаѓа ова.
  9. Annah87

    Annah87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    719
    Пол:
    Женски
    Мисла ми е да не е тоа многу време без јадење? 12+ саати. Навечер не се буди за млеко. Да не треба плус едно млеко да му дадам. Ама па на аптамилот пишува 3 оброка по 180мл од 6 месеци
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.289
    Пол:
    Женски
    Не, не, таман си е. Почни порано да спремаш каша ако ти е на мисла, ама искрено, мислам дека си имате супер распоред. И со млеко и со јадење.
     
    На Annah87 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annah87

    Annah87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    719
    Пол:
    Женски
    @Annath Мене сега за сега не ми е проблем. Коа ќе тргнам на работа се мислам како ќе биде. Ќе го чува баба.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.289
    Пол:
    Женски
    Ќе биде супер, детето побрзо ќе се навикне од тебе, и овој ред да го задржи, ќе биде одлично. Од искуство, моево таков распоред има на оброците, со баба и дедо се чуваат.
     
  13. Annah87

    Annah87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    719
    Пол:
    Женски
    Се прашувам колку е изводливо пред тргање на работа да му го спремам јас доручекот, па баба му само да го нахрани. Ама ако е со овошје или ад млекце правено, колку може да стои. Јас би излегувала околу 7 од дома. Еден час да не е многу да постои. Некако ептем ми е безвезе толку обврски на друг да дадам.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.289
    Пол:
    Женски
    Овошје не може да стои, ама ручекот може од вечер да му го спремаш, јас така правам. Ќе им остане само доручекот и млекото да му го спремат. Ти спреми ги житарките или што и да даваш за доручек, овошјето/млекото ќе го додаде свекрвата.
    Кај мене појадокот му го спрема баба или дедо, кој може во моментот, моево не јаде овошје со житарки наутро, туку си јаде чисто овошје или смути. После тоа јајце, мачкано лепче или слично, ова уште од 9 месеци. А ручекот го спремав од претходниот ден, зеленчукот (не компир, спанаќ и слично кои не се спремаат ден претходно) и месото сварени, ама неблендирани во фрижидер. Пред ручек само ќе го извадеа да постои на собна т пола час, пасираа и му даваа да јаде, ако блендираш нека го изблендираат и ќе си ручка. И мене ми беше безвезе да давам толку обврски на друг, ама си го фатија редот, малово веќе јаде скоро се исто како и ние, па не спремам веќе секој ден ручек посебно за него, туку се договараме што ќе се готви за сите.
     
    На eli25 и Annah87 им се допаѓа ова.
  15. Annah87

    Annah87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    719
    Пол:
    Женски
    @Annath Фала на споделеното искуство и совети. Многу ми значи. Се надевам ќе фатиме ред како што треба.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @Ano

    Оти ад на пладне, а не цице?
     
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.311
    Пол:
    Женски
    Го спремам полека за тргање на работа. Да биде спремен да е покриен додека се вратам зошто тешко дека ќе складирам толку молзено за да може цело време да му даваат. Тоа сега почнав од пред некој ден инаку се со цице си беше.
     
    На eli25 и kukla21 им се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.371
    Сака шише? Кај нас е со лажичка :(
     
  19. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сабајле крај 7-8 кога ќе стани цица,па крај 9-10 доручек,па пак цица крај 11-12 и најчесто заспива тоа време.2-3 ручек.па после цица колку сака.
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Со лажичка пие 180+мл?:o
     
    На Среќичка му/ѝ се допаѓа ова.