Ние сме 5 месеци и 2 недели уште сме на пробвење вкусој...на третиот ден јаболко ми изеде пола кашичка...уште сакаше ама не ја форсирам...рано е мислам..лека по лека имат време ќе папат
9 месеци 7 : 30 ад 150 мл 10ч овошје со житарка 12 :30 150 мл ад 15ч ручек зеленчук со месо 17 и 30 ужинка десерт 19ч млечна нокна каша 21ч млеко 150 мл и спие цела нок Дали е во ред овој распоред за 9 и пол месеци имам чуство како постојсно да е гладен Кажете ми вашите вевенца на оваа возраст ксков распоред имаат
Моево е 10 месеци и има скоро ист распоред само без ужинка и пие по 210 млеко, јас мислам дека е баш океј распоредот а не мислам дека е гладен него можеби е само лаком
Гладен воопшто не е. Башка има внес на млеко/храна на секои 2.5 часа. Сте се разјале и разпиле, машала нека си лапка. Ние сме на 4 часа
Скоро исто, само што пие измолзено млеко околу 120 мл и ужинката кај вас уште е млеко кај нас...иначе 8 месеци. И јас се прашував дали сум на прав пат и ете мило ми е што има и други вакви
И моето уште нема ужина, а има 8++. Додуша пред скоро време воведовме вечера, мислев да не му е многу.
Подобро да не пишувам за мојов нејадач 3 оброци има, 11 месеци е. Ама од тие 3 некогаш јаде пола кашичка, ретко цела а некогаш по 3-4 лажици. Ама цица барем. Преку ден 4-5 пати и ноќе 2 пати.
Тие сме. На 10 месеци ретко до вечера стигаме. Доручек едвај, ручек 5 лажици и вечера најчесто ич. Ама затоа цицање може у секое време Немам памет што ќе се прави најискрено
Како што ве читам, дефф бебињава што се по цице нејќат да јадат. Ќерка ми, 9 мес, цице ако и дадеш ок, ако не, пак ок. Затоа јаде 3 оброци и една ужина без проблем. Цица еднаш дневно, и два пати навечер.
И мојата со јадење е комплицирана. Ова ми се враќа за се јас што сум и правела на мама. Има две дремки цица за заспивање и ниќно спиење. Има три оброци ама секогаш различно јаде, најчесто околу 100-120 грама. Мнооогу ретко 150 грама а некогаш знае и само 2-3 лажици да апне. Навечер се буди на 2 часа а некогаш и повеќе скоро секогаш и давам да цица,
Почнавме дохрана на 5 месеци, денес е полни 7 месеци и имаме два оброци од кои првиот малатегличка 125 мл а вториот исто му давав 125 ама гледам малце му е и сака по 150-160 да ручка а некогаш плачи и бара цела голема тегличка 190 мл. Дали е ок ручекот да биде 190 на возраст од 7 месеци или кога да воведвам трет оброк.
Според мене е многу цела тегличка на едно јадење како за 7 месеци. Трет оброк воведов на 8м, а почесто се случува да изеде пола отколку цела тегличка. Додуша пред да наполни 8 месеци јадеше повеќе од сега (од 150 до 200гр), сега почна да забушава (дали од топлото па не му се јаде, повеќе сака течности).
Моето е 9++, станува во 7 и цица, појадок јаде веќе во 8, 8 ипол (житарки, овошје, жолчка...), околу 10 пак цица пред првата дремка, ручек во 1, 1 ипол (зеленчук, месо, тестенини...), во 2 ипол, 3 го успива татко му за да не цица пак , па штом ќе се разбуди пак цица, околу 4, па во 6, 6 ипол му давам вечера (ноќна кашичка, палента, јогурт, инстант каши...), и пак цица негде после 7 ипол, заспива во 8 вечер. Еее сега, колку и да јадел, се буди и навечер и цица на секои 2 саати, како со аларм! Навика ли е, грешам ли некаде, не се знае...
Од 6 до 7 месеци - 1 оброк од 100-150 мл Од 7 до 9 месеци - 2 оброка од 150-180мл Од 10 до 12 месеци - 3 оброка по околу 200 мл Ова е одприлика како би требало да биде. Ако бебе бара повеќе и ако не му смета на мешето не е проблем да се даде и малку повеќе од ова. Инаку, секој нареден оброк се воведува месец ипол до два после претходниот.
Навика им е. Јас по ќерка ми гледам. Јаде 200гр палента или било што за вечера, па ми се будеше за цицање на 2 саати, дур не решив да и скратам подој. Шанса нема да е гладна во 12, а се налапала во 7 ипол. По себе тргам, јас да изедам толку нема да сум гладна, а не па бебе.
Татко и со цуцла ја презаспиваше, или со нишкање. Јас ако ја земев да ја презаспивам без цицање многу плачеше.
13 mes veke solidni 3 obroci 2 uzinki i cicka tuk i tamu i navever....ova koga ne e bolna i ne izbiva zab. Koga e bolna hranata na minimum cicka na najjako. Otprilika vaka odi Stom stane malce lebce radi kapkite nekolku zalcinja posto d3 na lebce i stavam Okolu 9 dorucek zitarki so ovosje ili omlet ili neso mackano zaviis od denot Okolu 11 uzinka ovosje ili hippis-gi obozava ovie Okolu 2 rucek obicno okolu 200gr jade ama cesto so lebce a vo zadnje vreme pocna da bara i desert ovosje Okolu 4.30 koga nie rucame ni kasnuva od naseto sto i da e ili ako ne e za nea ovosje i davam Okolu 6-7 vecera oves i jogurt,biskviti so mleko,lebce mackano,palacinki sto dojde na red
Мојата е 8+++ и сакам да воведам вечера(требаше изгледа до сега, почна ноке да станува за млеко и нешто во последно времњ често е гладна). Па ако сакате да ме со ветувате кога да ја давам. Дали прво АД или доручек.До сега Во 9 ад 12 каша, 15 ад и ручекот и е дури во 17, и во 19 млело и 21.30 млеко и на спиење