Мене ми дава педијатарот секој месец листа. Маргарин има во листава еј, тоа никој не треба да јаде, најмалце бебе. Вртеше едно време табелава по форум, ок беше.
Во една фејсбук група прочитав пред некој ден дека тетрапак кравјо млеко им даваат на децата од 4 месеци . Една мајка имаше пишано од почеток му давала. Уште па лути беа ако некој им укаже дека не треба
Мене нашата докторка ни даде. Мало е моево не сме почнале сеуште. Рече со полни 5, да видам како она сама ќе се интересира за храна.. кога јас одлучам, но да е после 5м. Ќе сликам еве.. супер ми се гледа оваа листа. Трето детенце ми е мене, ама поголема разлика и све и јас имав заборавено Спојлер: Листа и табела
А золвата моја на еден месец му ги брцаше цуцлите во мед за да ги прифатат оти "старите така правеле и тие се знаеле"
Табелава ми личи како онаа што ја има на бебе готвач, ептен е слична, и јас се водам по истата, па и по некој рецепт со крадам.
Маж ми еднаш кога отишол во Зегин по Бебелан, уште на почетокот, аптекарката му кажала дека давала кравјо мешано со вода пола. После 4 месеци. Исто, муабетот го чул некој друг муштерија и тој истото кажал, ем дете најадено, ем да не се замараат со тие прашоци.