И вечерва ке пробам со одолговлекување на оброкот колку ке успеам ке ви кажам утре . Е сега ја знам дека може е рано уште но за едно 10 дена кога ке има 3,5 месеци сакам да почнам да ми давам да пробува вкусови сокче од морковче, јаболче ,што мислите дали избрзувам да си почекам или нема да биде проблем .
Почекај барем до 4 полни, најдобро консултација со педијатар, ќе видите дали е потребна дохрана. Макар што, јас би одела само со пробување вкусови, по лажичка-две, колку да се навикнува дека има и друга храна освен млекото. А за замена на оброк, со 6 полни е најдобро.
Што се однесува до педијатар ,се се плашам дека ке ми дозволи ,они секогаш настојуваат само на мајчино млеко да е бебето ,мене не ми дозволуваше ни ад млеко да му дадов ама видов не видов морав кога си бара дете и гладно е ,кога отидов на контрола ми вика ете гледаш што убаво си напредува имаше ставено само 600 г и тоа од што му давав ад ,а да не му давав сигурно немаше ни толку да има. Е сега гледам дека од вештачково млеко бебињава многу побрзо ставаат на тежина што мене ич не ми се допага но кога се нема доволно мајчино и тоа е ок ,затоа сакам што побрзо да почнам со дохрана и домашни направени кашички ,но се разбира се со време нема да форсирам ,туку еве да почнеме со пробување на вкусови од 3.5 месеци па после 4 полни и со кашички.
ноќниот оброк се прекинува најмногу заради спиењето и да му се стакне навика да не јади навечер туку да спие и ако детето си сака поќе да јади тоа што не го јади во текот на ноќта ќе го надохнади дење.ама и јас сум дека 8 кг на 3месеци се многу. ако можиш одма прекинувај го ноќниот оброк. јас на син ми од 4 и пол месеци почнав да му давам овошни кашички а од полни 5 и зеленчукови. вчера му имав направено боранија со домат морков и компир се изнајаде. од 4 месеци можи да се воведва дохрана и мене ми е глупо да воведват закони кога да му дајш да јади. секоја мајка нека си одлуци кога мисли да му воведи.ми имаја речено по неколку лајчина само да му давам а сакаше и му давав и поќе. сега му давам по 100гр од двете кашички.
Ајде да рапортирам јас за синоќа. И синоќа успеав од 23 до 6 издржа без да јаде но сега пак се јавува друг проблем се буди во 3.30 и кенка мораме да го нишкаме првин во креветче па посилно кога почна да кенка го зедов во раце и го успав но на секои 15 мин се штрекаше и пак морав да го занишкувам ,зошто ако го оставам така скроз ке се разбуди. Е сега да не си направам друга беља да се научи во раце или само со нишкање да го преспива тој период од ноќта ,дајте совет зошто еве оброкот ке го укинеме ама друг проблем ке се јави. Немаме 8 кг туку 6.700 за три месеци со оглед на тоа што се роди 4500 и 56 см долго мислам дека нема премногу но најбитно ми е да се укине нокниот оброк заради преспивање,а ад млеко да го намалиме затоа што стварно премногу вештачки ги гои бебињата .
Не, нема да ти се научи во раце, туку со тек на време ќе престани да ти се буди (ова трае +/- околу 1 недела, зависи од детето), па ќе немаш повеќе потреба од нишкање Многу важно: Ако си тргнала по овој пат (одвикнување од ноќен подој) обавезно оди до крај, колку и да треба, оти секое прекршување само ќе го збуни бебето, па ќе си направиш поголем проблем.. Со должна почит кон секоја мајка, која го знае најдоброто за своето дете, сепак има, и треба да има, правила генерални по кои би се воделе, како една начелна рамка. Не е поентата дали бебето сака или не да јади нешто....дури и на бебињата што не сакаат да јадат им протнуваат со 300 глупирања, зошто јасно ни е на сите колку е битно тој мал организам да прими се` што треба. Ама, има граница КОГА треба да се почне со тоа, не заради нас мајките, туку заради нив. Зошто бебенце од 4 месеци да јаде боранија (пример давам, не алудирам на никого посебно)? Или месо од 5? Или кравјо од 6? Или јајце од 7? Има време кога се` ќе јадат, зошто толку се брзаме? Тоа стомаче се оформило и заживеало пред само 3-4-5 месеци, знаете ли вие колку краток период е тоа??? Зошто толку тешка храна, кога навистина нема потреба? По сите испитувања, гојазноста кај децата/адолесцентите влечи корени од најмала возраст, кога биле бебиња. Ако е така, зошто тогаш ги гоиме, знаејќи дека нивните потреби се каде каде помали од тоа што сме го замислиле ние? Крив е и маркетингот, дава нереални слики за идеални бебиња и возрасни - едните се ПРЕДЕБЕЛИ, а другите преслаби. И едното и другото не чини!
Веќе втора ноќ станува цица по 5-6мин и заспива, па си спие по 2-2ипол часа. Дали се буди само за да е сигурна дека цицето е тука, или и се јаде мене веќе навистина не ми е јасно За да се најаде од толку малку цицање, не верувам, зошто друг пат цица и по пола час па бара уште. Од кога станавме и давам кога сака, не кога треба, па ќе видам како ќе биде денот :geek:
Ај и јас да рапортирам. Пред некоја недела се жалев дека откако ќе го успијам околу 22-22,30ч. навечер ќе поспие половина час и потоа се буди наспан и насмеан , значи ќе си дремнеше и после лумперај до 01ч по полноќ. Е сега последниве 3 вечери истото време го заспивам и по половина час кога ќе се подразбуди му давам пак да цица, го земам во раце и тој ќе се засонува и така точно 1 час, до полноќ. Значи еден час го гушкам и нишкам раце, грб се` ми отпадна , ако го легнам се буди и шипак после одма заспивање. Проблем ли си направив или постепено ќе се научиме одма да заспавива без после да го нишкам ќе видиме. За цицање се буди 2 пати, околу 2-3ч. и 6-7ч. зависи како кога, т.е. тогаш му давам да цица. Ама во текот на ноќта многу често прикенкува и приплачува, на секој саат.... знам дека се буди за цицање и упорна сум не давам ништо освен цуцла. И јас сум жива ненаспана, глава ми пука. Тоа е. Инаку прееска се сретнав со една пријателка, нејзиното бебе е точно една недела постаро од нашето и ми рече дека околу 22-23ч навечер му дава 100-120 мл. Нан ад. млеко и си ја преспива цела ноќ, спие до 10ч наутро без ич да се разбуди. Значи можело 4 месечно бебе да ја преспие цела ноќ , ама изгледа зависи од бебето. Што да правиме кога нашите си се вакви неранимајковци
погоре така прочитав и зато и јас така искоментирав....се извинувам син ми е цело време на ад.млеко и има 8кг на 6 месеци. внук ми е 7кг а е цело време со доење и е 4 месеци. така да НЕМА ВРСКА дали цица или е на ад. то зависи од бебето. а што се однесува за боранијата вчера втор пат му дадов и пишав погоре со зеленчук почнав со полни 5 а со овошни почнав со полни 4. и според најновите испитувања точно е дека треба до 6 месеци на доење ама оти јас сум со ад зато почнав со замена на оброк и по неколку години ќе напрат и до година да ги доиме само. ааа и јајце му имам даено по 1/4 двапати сега со полни 6. ова читањето на се и сешто многу го збунува човек. јас на пр.имам читано дека ако покасно се почни со воведување на дохрана потешко ќе ја прифати.
Стефи, 4 месеци е рано за замена на оброк, на бебе до 6 месеци основна храна му е млекото, сите оброци треба да бидат млечни до 6 полни, а после се заменува оброк. Јас сум за пробување вкусови, значи само да се навикнува на фактот дека постои и друга храна освен млекото, ама и да се види ако не дај Боже има некаква реакција. Оние бебиња кои не пробале никаков вкус до 6 месеци обично се попроблематични за дохраната, ама не значи дека е секогаш така. Што се однесува до килажата, различна е, зависи и колкаво е детето родено и колку често се храни. Инаку да не се буните, јас како пример од мојата околина наведов бебе кое има 8 кг на неполни три месеци, што според мене не е во ред. Леонтина, на добар пат сте. Ќе научи малиот дека нема млеко, па нема да се буди. Лолита, може и до детето е... ама тренингот е клучен, прво ускрати му еден оброк, нека се навикне така, па после уште еден и би требало да спиете цела ноќ.
и мене ми рекоја така да му давам по неколку лајчиња ама млеко да му давам на 4 сати е така ако праев на 4 месеци ќе требаше 5оброци да му давам а ми беа малку и сакаше кашичка го зинваше муцето и почнав да му заменвам. јас кога гледав по интернетот за дохраната на сите страни пишеше различно и решив да си прам како што ми огдовара мене. и му воведдвав по едно нешто неделно не почнав се наеднаш да му давам
Кога родив бебето неколку ноќи спиеше долго и докторката ми рече дека доколку напредува во килажа да го будам на секои три часа. Бидејќи напредуваше можев комотно да го будам само еднаш. Но, се случи тоа што се случи. Бебуш еден период од околу 1-2 недели нон-стоп повраќаше, а беше жешко и единствен спас од дехидрација беше ноќно доење. Кога беше мирен не повраќаше. После некој период закачи стомачен вирус, пролив и пак макс. доење и така го научив. Сега веќе со полни 6 мес. мислам дека е време да почнам со тренингот и постепено ќе скратувам по еден подој, па ќе видам како ќе напредуваме.
Ние за некој ден ќе имаме 4 месеци. Последниве 3 дена запишувам колку и кога јаде и гледам дека скоро секој ден јаде во исто време со разлика од 1ч(пр. недела во 09:30ч прво јадење после спиење, вчера во 10:30, а денес во 8:30ч), количината на првото јадење е секој ден иста 110мл, а второто е 120мл. Е она што ме мачи е дали е нормално што сеуште јаде на 3ч, или да ја занимавам да видам дали може да одложиме на подолго време меѓу оброци или мала и е количината па затоа почесто бара. Но, за мала не верувам зошто сум и понудила повеќе ,ама не сака.
немој Меу да и одложуваш ова ти е мој совет кога ке и се јаде дај и одма ,јас така си погрешив што го послушав педијатарот многу напредувала па да сум чекала на саати разлика , многу погрешив !
Одржувај го тој временски интервал и понатаму, само следи дали сака повеќе или доволно е тоа што и го даваш. Ќе ти треба тој распоред за понатаму, за да си знаеш кои оброци треба да и ги заменуваш, кога ќе почнете да воведувате немлечна, цврста храна. Треба да има пет или шест оброци во денот, ноќните да бидат укинати. Пример: 06:00 млеко 09:00 млеко 12:00 млеко 15:00 млеко 18:00 млеко 21:00 млеко толку се оброците (ако е на мајчино само, може и на два часа), со тоа што кога ќе воведеш овошна каша како оброк, ќе го замениш оној во 09:00 со овошје, кога ќе воведеш зеленчукова, оној во 15:00 ќе ти биде зеленчук со месо, и после вечерниот некаде околу 19 ќе ти дојде млечна каша. Ова е само ориентационо. И нормално дека се чека да помине одреден интервал, мора млекото во желудникот да се свари.
Annath нависитна среќа што те имаме ваму, како пишуваш така препишувам и зачувувам Нас засега вака ни е одприлика 9:30ч - 110мл АД (ако е 150мл после 4ч е наредниот оброк) 12:30 - 120мл АД 16:30 - 120мл АД 19:30 - доење (од двете гради) 21:00 - 90мл 00:00 - 120мл преку ноќ во 3-3:30 доење и во 6:30 доење. Но ова само од една града и не цица многу. Мислам дека ќе можам со цуцла да ја излажам да заспие пак, ама жал ми е уште да и кратам. Чајче пие преку цел ден најмногу 70мл. Значи ова ни е шемата, сега според ова да се водам со твоето со ми го пиша??? Ког аќе почнеме со заменување?? Здравје за месец дена, сега овој месец прво ќе пробуваме, сеуште нема да и заменам цел оброк. Денес втор ден проба гриз со ванила на Хумана, 2 лажички и сакаше уште ,па и дадов вкупно 5 лажички и после плачеше, па се молевме млеко да пие.
Оди според вашата шема, ама ќе видиш, самата ќе ти покажува како ќе и одговара. Се додека имаш млеко, давај и кога сака да цица. Ако е само на ад млеко, подобро е да се запазат интервалите, оти е потешко за варење. Оброк може да замениш со 6 полни месеци, може и порано, ако има потреба од дохрана, според напредокот, пиењето млеко и спиењето. Треба сама да почне да сврзува повеќе часови во ноќно спиење, а тоа ќе биде олеснето со прекин на ноќното доење. Многу е важно да се има ред, а не да јаде кога сака и што сака. Тоа ноќното доење во 3 пробај да го скратиш. Залажи ја со лажливка, незасладен чај или вода. Три вечери се потребни да сфати дека нема млеко да добие. Ќе плаче, да, ама ќе се навикне, и ќе ти спие од полноќ до 6 сабајле.
Педијатрите препорачуваат со друга исхрана освен млеко да се започне во 6 месец или најрано кога бебето ќе има 5 месеци. Еве тука можете да прочитате нешто повеќе: http://tvoebebe.com/BEBE/hrana.php
Aј и јас да се убацам да прашам нешто. Јас овошје, чисто или со некоја житарка (кексолино или ориз и пченка на Милупа) му давам во 12ч, а зеленчукова кашичка околу 15-16ч. зависи кога ќе стане од послепладневното спиење (заспива 13-14ч некогаш спие 1час, некогаш 2ч. може да се случи да се подразбуди и да си бара да цица па продолжува да спие или станува, како -кога). Инаку во 9ч. наутро ни е доење во спиење или пак баш догаш се буди и некако не ми иде да му дадам тогаш овошје одма само што станал. И ова (овошна/зеленчукова каша) се смета како замена за оброк, така нели? Дали грешам?