Мајки како сте со оброци, ние имаме 6-7 оброци во 24 часа, обично јадеме на 3 саати , некогаш на 4 во зависност од денот и потребата која ја има , менуваме пелена пред секое јадење, претежно се успиваме после јадење а од пред некој ден почнав да го оставам ако не му се спие , а тоа е овој период сега ќе пееме , ќе си збориме некаде околу 1 саат па после ќе дремеме па накрај ќе заспие еден саат пред јадење и сам се буди ако не спие на гради кај мене. Вие како сте , ми се чини дека треба да намалам ноќно јадење или сеуште е рано ???
сега за сега сте супер јас 1 ноќен намалив на 2 месеци а втор ноќен на 5 месеци кога веќе му заменував други 2 оброци. мали сте уште за 6 пати да папате...барем така мислам јас
ние веке намаливме со нокните оброци, претходно јадевме некаде 3 пати ни идеше, а сега два ако рачунам дека заспива кај 11-12 , па до другиот ден јадиме 2 пати, некаде кај 3 јадиме еднаш и после веке ни иде кај 6-7 а и ние како вас ivanovicka заспиваме баш пред наредното јадење, ехехх јас мислев дека само моето така прави
Денес правиме 6 месеци. Ова се нашите оброци. 6:00 млеко 150мл 9:00 млеко 120мл 11;00 блага кашичка 13:00 солена кашичка 15/16:00 150мл млеко 18:00 блага кашичка 20/21:00 солена каша 00:00 150-180мл.млеко
Да ја активирам малку темава Сите викаат колку сака детето да јаде толку давајте ама...... Беба моја е 9 месеци. Имаме доручек, ручек и вечера и една ужина. Сабајле доење, 8-9 ч доручек, 11-12 ужина, 14-15ч ручек и вечера 18-19. Еден месец веќе како одам на работа. ноќе се буди на два - три саати за доенње. Или само да провери дали сум тука се секирам дека детето мн јаде на секои 3 саати ама си бара вика за јадење. Како се вашите оброци распоредени? да не ја направам буцка
Не знам како би залажала гладно бебе - ако бара за јадење, секако ќе мора нешто да му дадеш. Синко мој има 11 месеци, и распоредот му оди некако вака: доење пред 8, доручек кај 9, доење кај 11.30, остаток од доручекот како ужина кај 12, ручек кај 14.30, остаток околу 16.30, доење кај 18, вечера околу 19.30 и доење пред спиење околу 21ч. Плус се буди 2 пати ноќе...
@darcy зборавив да пишам дека речиси секој оброк и ужината е околу 190 гр , колку една голема кашичка. Па тоа ме загрижува да не е многу.
Мислам дека од детето си зависи. Не знам како би скратила - бар за синко знам, ако е гладен, плаче, нервозен е и ништо не можеш да му направиш додека не му дадеш храна. После е како друго бебе Доењето веќе не го сметам за оброк - приметив дека на ситоста не му влијае, повеќе на жедта.
Mamicki imam edno prasanje...imam bebence dve nedeli,cica ama Neman mnogu mleko I pedijatarot mi rece Na tri casa da cica I da go dohranuvam so ad mleko 60 ml.ama Sega ponekogas povraka I ne znam dali mu e go red.Dali imate slicno iskustvo
точно 8 месеци сме, стануваат околу 7, цицаат , малку, не сакаат многу, околу 8 ипол им давам појадок овошје некогаш со житарка, некогаш не, околу 9и 30 цицаат и дремнуваат, 11 ужинка, друго овошје или остатокот од појадокот, околу 12 цицаат и спијат, во 14 ручек, зеленчукова каша, ден со месо, ден со кисело млекце, некогаш и само зеленчук, 15 цицаат и пак дремнуваат, 16.30 тоа што останало од ручекот, 18 цицање и спиење се будат да цицаат 2-3 пати, ако заспале во 6 во 9-10, околу 1 и околу 4, некогаш само 2 пати. Оброкот ми е по околу 200 гр, ама го јадат на 2пати
Моето бебе е старо 50 дена, сакам да прашам нешто во врска со оброците.Ние сме на ексклузивно доење, па ме интересира колку подои треба да има бебето на оваа возраст (месец ипол-два)? Сега кај нас не секое доење е со ист интензитет и исто времетраење, понекогаш цица многу алчно а пак понекогаш повеќе спие на града отколку што цица, некогаш подојот трае 15/20мин максимум, некогаш си цица и саат време. Kако е правилно, по колку време би требало да трае еден подој и колку пати на ден треба да го дојам на оваа возраст? И друго што ме интересира е, ноќно доење, на секои околу три часа, имавме до месец дена, кога направи месец дена последно цица околу 22ч-23ч и спие од 23ч до 4ч наутро, или ако заспие кон 24ч станува во 5ч наутро за цицање, дали прерано ги откажа ноќните доења? Не сум му ставала јас таков ред, само си го направи тој принцип да поспива 5 часа ноќно спиење.
Na taa vozrast so doenje , nema ogranicuvanje nitu tempiranje na obroci. Kolku saka i koga saka davaj cice. Znaci nemoj da se vodis po casovnik nitu nesto drugo.