1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку пари да ставите во плик за свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од Caramell, 30 август 2022.

  1. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.416
    Мене ова ми е ептен без врска, поставувате правила, кои ги почитувате додека ви одговараат.
     
    На Waverly Raven, Bezimenka90, _beautyy_ и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Размисли логички. Платите исти, цените се покачуваат, а јас на мојата плата што некогаш вредела и сега што ништо не вреди, треба да се устручавам да дадам повеќе од што имам, да се заглавам во дупка, затоа што менито на младоженците им е поскапено.
    Па кој е овде ненормален?
    Славете си и канете ги оние само што имаат, ние зијан жив сме.
     
    На Bezimenka90 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    7.733
    Пол:
    Женски
    Кога ги почитуваме, кога не?
    Секако дека не е исто да идеш на свадба кај најдобар другар и кај некој што не ти е толку близок. Во зависност од ова ќе варира и сумата во поклонот.
     
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    7.733
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира како ќе се заглавиш во дупка ако место 30 евра, ставиш 50? Или место 1000 денари, ставаш 2000?
    Ако немам пари не идам на свадба. Логички е.
    Добро рече, покачени се цените, па со оглед на тоа и порцијата на свадбата не е иста цена како порано.
     
    На SuperGirl24 и Emy867 им се допаѓа ова.
  5. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Јас имам семеен буџет. Не ми се мене 30 или 50, туку дупло. Тоа е или 60 или 100. Лесно е кога немаш други трошоци, но 100 евра и не е така малку како што вие го претставувате.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda и Didajo им се допаѓа ова.
  6. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    543
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    А гостинот ли треба да си ја плате порцијата?
     
    На cresa-jagoda и Alexandrite им се допаѓа ова.
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    7.733
    Пол:
    Женски
    Па и така да се, поканите на свадба не се даваат од денес за утре. Има време да се испланира.
    Ако сметам дека немам доволно финасиски средства, нема да идам.
     
  8. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.416
    Кога е 30 евра порција, срамота е да не си ја покриеш, ама кога е 100 евра не е.
     
    На christinnn, Waverly Raven, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    543
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    1000денари нели се финансиски средства?
     
    На cresa-jagoda и Alexandrite им се допаѓа ова.
  10. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Јас имам доволно финансиски средства да одам, но твоите очекувања се преголеми. А што ако имаш некои финансиски немоќни лица во фамилија или социјален случај, нема да го викнеш затоа што треба порцијата да ти ја плати?
     
    На Bezimenka90 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.151
    Пол:
    Женски
    Прават свадби со подигање на кредити, покането гости колку што треба и што не треба и нормално дека очекуваат од гостите да си ја платат свадбата. Од каде на оваа беспарица да се прават свадби со мининалец плата, ама важно поканети 300 гости на свадбата, па и тоа бакнирака уште некои го прават, мизерии.
     
    На sj *O*, Bezimenka90, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    7.733
    Пол:
    Женски
    Па да, кога е 30 евра порција, се очекува да се плати. Ако младите сакаат да има на нивната свадба прескапи јадења, не сум должна да ги плаќам нив.
    Не знам зашто се правиш како од Марс паднат. Според ова правило се раководат најголемиот број на луѓе и сметам дека е во ред.
    Затоа реков дека може да се каже ако се нема финансиски средства или ако им е непријатно може срдечно да се одбие поканата. Секако ова не го мислам за најблиските. И ако некој е социјален случај не знам дали би идел на свадба со оглед на сите трошоци кои се за свадба, не само поклонот (ова го мислам за луѓе кои не се блиски со тие што прават свадба).
     
    Последна измена: 1 септември 2022
  13. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Не знам како не сфаќате дека свадба се прави, затоа што треба вам да ви е ќеф да направите. Убаво е да си добиете подароци, или ете пари во плик, но не може да се лутите ако некој дојде со помалку пари од вашето планирано. На мојата свадба дојдоа и без пари и без поклон, немале, и што сега, ајде залакот од уста да им го извадам. Никој не е должен да ви ја плати свадбата. Вие решавате да стапите во брак, вие си правите пресметка колкав товар можете да издржите. Гостите не ви се криви, ако отидете во минус.
     
    На sj *O*, Amellie13, Bella ••• и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.416
    А зошто одиш на свадбите каде што порцијата е 100 евра, ако не можеш да си ја дозволиш?
     
    На sj *O*, Waverly Raven, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    23.259
    Пол:
    Женски
    Мене ми е сосема океј поклон во плико, ни јас не би можела да се замарам со купување поклони.
     
    На Alexandrite и Ketchup им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    7.733
    Пол:
    Женски
    Не сум била на свадба каде порција е 100 евра. Но и да е така, тоа значи дека младоженците прават луксузна свадба и сакаат да има секакви јадења.
    Јас гледам според тоа најголемиот број на свадби, порциите се отприлика по 30 евра и затоа и толку сметам дека е правилно да се остави.
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.924
    Допаѓања:
    158.481
    Пол:
    Женски
    But ... It did. И мило ми е дека се случи оти тие кои работат да се одбиени за храна е апсурдно. Особено ко ќе видиш и деталите на приказната.

    --------

    Мене чудни ми се екстремите во кои одите со дискусијата. Каков и колкав поклон ви дава некој не е мерило за љубов и почит. И не. Нема да гледам ако другарка ми ми дај 1.4 или поклон шо е еквивалент на 1.4 да ѝ вратам толку. На крај на ден оти да си раздаваме парите? Нека не постојат поклони. Поклон давам оти ми е ќеф. @Ketchup мислам рече дека најмногу сака поклони без повод и да добива и да дава и јас сум тука. Ми значи поклонот да е персонализиран за мене чак и да е ефтин. Исто и такви поклони давам.

    Во поглед свадба со многу луѓе, поклон ко поклон ми е многу непрактично, али за то зборав на првата страна и не би се враќала. Колку поќе читам сфаќам дека регистар на поклони и плик кој како сака и можи, донациска линија место бонбоњера и цвеќе ( или грепки), се лично подобри опции за мене. Ни сакам да ми се дуплира нешто, ни па сакам без веза да го тупнам на наредна свадба. Пошто чим сум стигнала да одам на свадба, ги сакам луѓето.

    Е сега за то со порцијата. Да, на роденден не се плаќа. Ни на слава. Свадба е свеченост и искрено, ја гледам како со поклонот мој ( одредена сума пари) да му олеснам на младите. Пошто ги сакам де. Сакам минимален трошок да имат за мене како гостин и за то доволно ми е дека сме биле заедно тој нивни среќен ден. Пошто то е. Роденден и в година ќе славиш. Свадба е сега. Нов почеток симболизира. Нов дом доста често. Ама то е мое размислување. Исто, не е срамота некој да дојди со помалку пошто колку "ова е Македонија и се знајме" не знајш какви можности има во најмала рака.
     
    На sj *O*, IRBBB, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    23.259
    Пол:
    Женски
    На крајот на денот, ова е клучната реченица. Пошто има разлика измеѓу јас да дадам најмногу што можам од што сакам и ми е мило за младите, и да бројам денари затоа што се тресам да искажам почит и после обавезно и јас очекувам исто толку да ми се врати.
     
    На sj *O*, _beautyy_, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.147
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Женски
    И за помали прилики ли сте вакви бе?
    Поназад ми викаат повеќе оти личноста што ми купила скапо ланче за роденден стварно ме ценела ради цената. Еј стварно?

    Сум добивала (најверојатно) евтини поклони погодени абе ко дете сум се радувала. Баш зашто сум човек што се радува на поклони не гледам скапо или евтино.
    Никој не ви брани за себе да трошите колку сакате ама секогаш секогаш имајте го она во глава за други - чекај, може нема.

    Еј не можам да замислам за некој со радост да одберам некое убаво поклонче (значи нешто што знам дека ќе ѝ/му се свиѓа) а таа личност да погаѓа цена па да ми мрчи оти она 100ка повеќе од поклонот потрошила на ручек за роденден. Па неќам бе такви луѓе у живот мме.
     
    На sj *O*, senjorita-v, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.523
    Пол:
    Машки
    Моето мислење е дека на свадба се канат луѓе, кои ни значат и со тоа не е битно колкав и каков поклон ќе ни донесат.
    Мизерно е очекувањето гостите да ни ги подмират трошоците за свадбата или пак да заработиме од нивното присуство. Да знам дека некој ме кани на свадба за да му однесам поклон, искрено ич нема да појдам на свадба.
    Кога јас би правел свадба би очекувал сите што ќе ги поканам да ми дојдат на свадба. И би се радувал ако некој ми дојде, дури и без поклон, отколку да не дојде само затоа што немал што да ми донесе.
    Во однос на темата во пликот ставам онолку пари колку што сакам. Не правам калкулации.
     
    На sj *O*, _beautyy_, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.