Немавме на поканите поклон во плик не сакам да обврзувам никој пари да ми донесе. Кога не знаеш следен пат не летај одма не можеш да кажеш вујко дека не е срамота со 3ца со него 20 евра да донесе . А иначе за твоја информација добив баш поклон сет за домаќинство и верувај ми баш ми беше.топ поклонот ми се најде.
Јас мислам дека ова е чист пример некој да дал колку имал. Вујко сигурно сакал и знаел дека повише се очекува, а да не дојде па ич не иде, близок е. Во вакви моменти највише треба да се има разбирање, ама вие си знаете дали ќе го претпоставувате најлошото или најдоброто за некој ваш близок. Ти славиш свадба и треба да си спремна за тоа, не да рачунаш дали сите 4ри порции ти ги покрил некој друг. Стварно е избор како ќе гледаш на работата, дали кога ќе се потсетиш на своја свадба ќе мрчиш за тие 20 евра или ќе се радуваш што блиски роднини славеле со тебе.
Верувај ми дека има не е дека нема. За внука му 2 недели пред нашата свадба плати цел ресторан и китење со балони и се и дотерување девојчето во облека повеќе од 3000 мкд. Кога моите биле во тешка финансиска криза татко ми кај негова внука од прва братучедка не отиде со мајка ми не пушти само мене и брат ми со поклон од 100 евра зошто му беше глупо. Така да секој си знае со свој буџет
Околу парите: 1.Колку сте во можност 2.Колку сакате Moже и празни пликови.Јас оставив...проверете си да не ги дигнал некој...
А поклоните не коштаат пари? Претпоставувам тактика е да се помине поефтино што е океј, но заебано е малце да не се купи дупликат, тука не е пракса да се има wedding registry. Што може да се купи до 1000 денари пример? Мислам дека исти трошок ти се фаќа измеѓу ваучер и пари, само што ќе се присилени да купат нешто со ваучерот. И ајде не изигравајте светици ко во секоја тема околу вујко и. И вие исто ќе реагиравте, исклучок ако стварно нема пари, тогаш и ништо да не донесе е океј.
Досега не сум била на многу свадби на мои блиски пријатели, почесто сме биле на роднини фамилијарно. На оние неколку што сум била сама или со дм, а не ни се многу блиски, сме гледале да ставиме доволно барем за порција. Не би носела и јас помалку искрено, иако ми е крајно глупаво тоа броење пари и кој колку ми донел толку да му однесам. Досега носевме 50 евра, сега со поскапување со дм дадовме 70 евра на моја пријателка. Понатаму можеби и повеќе, засега не можам да си дозволам суми од 100 евра и нагоре. Оваа како гостин. Како домаќин, важно ќе ми биде само сите блиски да бидат покрај мене. Јас сум личност што ужива во прослави и нивно организирање. Од украсување до јадење. Сакам се да ми биде по ќејф и сакам тоа да го споделам со најблиските, па кој колку донел толку. Воопшто, ама воопшто не би замерила. Што ако блиска другарка во моментов е без работа и не може да си дозволи многу. Дали тоа значи дека треба да и вратам исто и покрај тоа што заработувам прилично добро? Дури и да не е блиска, некако многу се опуштаме да кажеме кој колку има и колку треба да донесе. А никој нема достап до ничија трансакциска. Искрено сметам дека некој доколку нема доволно за големи свадби, подобро да ги собере на вечера најблиските, отколку да очекува трошокот барем за вечерата да ја покријат гостите. Едит: и мене не ми се допаѓа кога пишува поклон во плик. И онака повеќето веќе носат пари. А празно плико ми е веќе некст левел.
Искрено сеедно ми е дали ќе дошол или не . И онака Јас никогаш немам од тој човек ништо добиено. Нит поклон за роденден нит ништо а мајка ми секогаш се им давала на братучедите. И поклони и пари и се . И напоменувам не е дека немале секогаш имале и биле во 10 пати подобра ситуација од нашата. Така да сакам да кажам ако се блиски не значи дека секој ќе ти искешира којзнае колку пари на свадба
И? По мислењата, не е близок со тебе. Можеби одредил според тоа.Бар не ти дал празен плик. И за финансиите не можеш секогаш да знаеш во колкав број ги имаат.Можеби имале и трошок за кој не знаеш.
Јас не викав луѓе што ми е сеедно дали се на мојата свадба или не. Никој не те терал со сила да викаш непожелни гости, уште помалку да очекуваш да си ја покрие порцијата.
Во ред пишав дека не се замарам да враќам зошто секој си има право на мислење. Вие ако сакате и 100 мкд ставете во плик
Морам нешто да ве прашам, по која логика се скржави оние што оставаат помалце пари како поклон (според можностите нели), а не се скржави оние што самите одлучиле да си слават брак, но им смета трошок за порции?
На овој пусти форум алтруисти врие, надвор материјалисти. Кај се криете вие така арни во реалноста? Или реалноста нема врска со форумов. Како и да е, неко меџу нама дефинитивно није наш.
Следен пат прашајте си ги родителите што добивале на нивните свадби. И пак биле посреќни на денот и до ден денес знаат да кажат ова ми е поклон од свадба со гордост и насмевка, макар тоа било вазна, него на вас што едвај чекате да заврши вечерта за да кинете пликови и да ставате цртки кој колку донел, за на крај да го колнете и пцуете што стекот не си го исплатил. Прво соберете пари од свој џеб да финансирате и порции и музика и декорации и сликари, не од мама и тато, видете колку жртва ќе дадете, па коментирајте што е срамота што не е. Свадба правите затоа што вие сакате, не го бара никој тоа од вас. Ако не сте финансиски моќни и притоа земете кредит за свадбата, зошто очекувате да има некој 100 евра да ви даде во секој момент.
Многу фактори играат улога во одлуката за правење сваадба и затоа секој има различни мислења за истото. Не можи да има универзално правило за тоа, кој се кани и кој-каков поклон ќе донеси.