1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку пари да ставите во плик за свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од Caramell, 30 август 2022.

  1. pikachu2

    pikachu2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    Ах, свадби, за мене непотребен луксуз на денешницата.
    Не знам колку е во ред да се носи, гледаме да сме пристојни со сопругот кога носиме подарок на свадба, иако во моментов само тој работи.
    Одиме кај најблиски и сакаме да сме коректни со барем 100 евра зависи од блискоста.

    За сопствената "свадба" имавме 55 луѓе (најблиски), носев едноставно бело фустанче од Зара, платив секојдневна евтина шминка и фризура и не дававме покани туку телефонски си ги викнавме најблиските (млади од фамилија и друштво). Да нагласам дека сите ни донесоа пари ИАКО немаше ниту покани ниту нешто беше нагласено, на сите ни е полесно да ставиме пари, кој се замара да оди да ти бира подарок и да те мисли, едвај за роденден успевам да најдам на блиски нешто, а да не ги промашам.
    Ние конкретно прославивме на место кое нас ни се допаѓаше, со побогато мени од основното и навистина ни беше важно сите поканети да дојдат бидејќи сакавме тој ден да го поминеме со најблиските од друштво и фамилија.
    И покрај многуте расправии со моите и неговите, направивме по наше свадбичка со млади и тоа не би го променила никогаш во животот.
    Свадба со 300+ гости за да може некој да си плати рата за кола/стан со преголеми очекувања за мене е непристојно и сосема не е во ред на стандардот кој го имаме и тоа што голем дел од луѓето едвај успеваат да одвојат финансии за пат и организација да дојдат на таа свадба.
     
    На IRBBB, Maca Macka, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.850
    Пол:
    Женски
    За кај комшии колку? :)
    Свекрва ми не можела да даде исто колку шо тие ни дале нас пошто поскапено било требало појќе.
    Молам?
    Ами и за мене е поскапено нели?
    Нивниот трошок за мојата свадба не е ист со мојот за нивната така?
    Сори нот сори ама ни денар повеќе од тоа што ми дале нема да дадам.
     
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    34.528
    Пол:
    Женски
    Зависи во каков круг се движиш ;)
    Исто така, има вистина во она: Како зрачиш, такви привлекуваш (highfive)
     
    На Maca Macka, winnie02, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    14.709
    Пол:
    Машки
    На форум, во реалноста први се со кешот на свадба, остај ти :D
     
    На Tajnaotrovna, Just.do.it и Emy867 им се допаѓа ова.
  5. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.039
    Пол:
    Женски
    50 евра. Ако се блиски 100-200 евра ми се ок.
     
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    94.759
    Па верувам дека исто така и ги 'копкаат' пликовите.

    @An-na да, во право си, мене на чело ми пишува - долари, марке, лире, девизе8)
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    14.709
    Пол:
    Машки
    Нормално, кој е тој шо не сака кеш, е сега кога треба да се даде 1000-че е проблемот, не им се дава пак си наоѓаат изговори :)
     
  8. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.413
    Сама кажа дека не веруваш дека тераат фамилијарен одмор со 300 евра, не мора ништо на чело да ти пишува.
     
    На Bezimenka90 и Alexandrite им се допаѓа ова.
  9. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    3.750
    Пол:
    Женски
    Лелеле занес потрес.
    Морам уште на ова твоево да искоментирам и да се изгасам.
    Јас и маж ми златна сами се си плативме ниту пак сме побарале пари од родителите ниту пак кредит подигнавме така да според тебе сега имам право да зборам зошто никој не ми плаќал.
    Дај не драматизирај и не дели памет кој сака и колку сака нека остава. Ако за тебе е премногу да дадеш 100 евра за свадба за некој не е.
    Некој ако има финансиски проблем многу нормално дека ќе остави колку има .
    Не ругај и не се прави светица зошто секој има право на свое мислење на форумот. Ако нешто не ти се допаѓа не мора одма да напаѓаш.
     
    На anastasijaki и Just.do.it им се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    94.759
    Нормално дека не верувам, посебно па не со цениве сега. Па најмалку во Грција.
    Тоа што сум реална, а вие продавате овде некоја скромност е друга работа.
     
    На senjorita-v, Tajnaotrovna, MarijaMi90 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.413
    Реалноста може да биде и индивидуална.
     
    На sj *O*, Bezimenka90, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Браво за вас, одлично. Парите на гранка ги собравте или вие си знаете како ги заработивте?
    Истото важи и за гостите. Сите знаеме како доаѓаме до финансии и што ни е приоритет во моментот. Ќе рече пак некој, со време те поканувам да собереш пари. А тој/таа не сфаќа дека постојат и луѓе кои и три години да им кажеш однапред, пак ќе немаат да дадат колку што имаш ти очекување.
    Како не сфаќаш дека јас како гостин не сум ти должна да ти ја плаќам порцијата. Сама сум ти се наканила, или ти си ме викнала?
    Не е ни битно колку имам јас, срамота е да ме анализираш и врз база на твоите анализи да одредиш дали имам или не. И да сум богата и да не сум, тоа не е твоја работа.
     
    На sj *O*, Bezimenka90, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    94.759
    Така е:hai:

    Само игри на зборови, а факти никаде.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.637
    Допаѓања:
    18.236
    Пол:
    Женски
    Ај најди ми одмор за 200 евра. Во сезона, да не се молам убаво да е времето.
    И лекови, нешто храна за по пат и таму, гориво, алишта ако фалат.
     
    На Misskirova, doll.a и Emy867 им се допаѓа ова.
  15. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Најди си сама. Која си па ти и што сум ти ја на тебе да ти барам:D
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.783
    Допаѓања:
    23.053
    Пол:
    Женски
    Не знам како ги свртевте муабетите дека тоа што за некои од нас поклон не е одлика на почит, значи дека ние од инат не даваме пари. Ако не дадеш поклон од инат или намерно ги потцениш младите, тука има веќе отров во намерата, исто како што не е добра намера да дадеш скап поклон за да ти се врати скап поклон.
     
    На sj *O*, Bezimenka90, Anah и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    94.759
    Епа оти збориш напамет хехе
     
    На doll.a и Just.do.it им се допаѓа ова.
  18. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Што ти менува дали јас одам на одмор за 100, 200, 300 или 1000 евра и поврзаноста да се тупи упорното истото на темава.
    За мене одмор е и во планина, и во викендица и во Крани и во Стење и во Дојран и во Албанија и вон сезона во Грција. Одмор не значи луксуз, одмор значи да си ја избристриш главата 5, 6, 7, 10 или 20 дена.
    Со оглед дека перцепциите што значи одмор не ни се компатибилни, како јас да ти помогнам и ти да заштедиш некој денар.
     
    На sj *O*, Bezimenka90, HardSex и 4 други им се допаѓа ова.
  19. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    Tolku kolku sto mozam da si dozvolam da dadam.
     
  20. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.413
    А какви факти сакаш? Зошто мислиш дека твојот начин на живот е стандард за секој?
    Си имаш зацртано некоја шема во глава и мислиш дека или сите така живеат, или сите треба така да живеат.

    Стварно делуваш ко да немаш претстава како живее едно просечно македонско семејство, плус и го негираш истото.

    И што толку ве тригерна одморот? Членката си кажа за себе, може на улица спие. Тоа не го негира фактот дека 100 евра се половина од нејзиниот одмор.
    Никој не ви брани да одите сред сезона во хотел со пет ѕвезди ако ви се сака, баш тоа е показател дека секој има различни гледишта и мерило на работите.
    Никој не ви ни брани да ставате колку сакате во плик, првичната дискусија беше дека сумата не е одраз на почитта.
     
    На sj *O*, senjorita-v, Anah и 8 други им се допаѓа ова.