Колку пари да ставите во плик за свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од Caramell, 30 август 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Не само што 'може' туку физички реалноста е различна за секој човек посебно
     
    На Alexandrite и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    3.599
    Jas ne znam navistina kolku bi stavila segaa pari , porano za dvajca stavav 50 eu, ama sega koga e se poskapeno :^) a nekako pa i poveke od 50 eu mi e mnogu ne mozam da si dozvolam bas , a na svadba sme mesecov kaj bliski..
     
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.637
    Допаѓања:
    18.236
    Пол:
    Женски
    Ти си таа што кажа дека има одмор за 100 евра по човек. Сега кога заклучивме дека го нема, не сакаш да тражиш. Ни јас не би прифатила да барам нешто нешто што нема.
    И на планина да одиш, под 30 евра ноќ нема. Гориво зависи од кола 50 евра па нагоре. Уште не си пошол имаш 100+ евра.
    Одмор не е само да отидеш некаде, во некоја беда, да мирисаш мувла наместо да бистриш мисли.
     
    На Just.do.it, Emy867, doll.a и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.783
    Допаѓања:
    23.054
    Пол:
    Женски
    Буквалисти. Секако 100 евра значат многу за едно семејство без разлика за што се вложени.
     
    На sj *O*, Anah, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Не би да навлегувам и нарушувам сопствена анонимност на форумот. Летово ако ти се верува потрошив со пат, сместување и храна, ни повеќе,ни помалку од 100 евра, цели 9 дена. Пази, за двајцата. За мене тоа беше солиден одмор. Каде сум била, нека ти остане вечна мистерија.
    Одмор е да бидам со маж ми било каде. Дали мувла ќе мирисам или септичка јама, не е твоја работа и не си ти таа да ми кажуваш што треба да подразбирам под одмор.
    Нема ништо бедно дури и да отидеш во село кај баба ти и да квасиш нозе во река, бедна ти е цела последна реченица.
    Како генерација растена во Еуротел, Крани и Претор, заборавате дека сте живееле некогаш и таков живот.
    Не може нешто подолно да напишеш од овој пост, или пак можеш?
     
    На sj *O*, VDT2906, Orchidea и 10 други им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.637
    Допаѓања:
    18.236
    Пол:
    Женски
    Дома да седиш за 10 дена ке потрошиш 100 евра. За јадење и сметки.
    На сите ке ни е мистерија. Бензин е 100 денари литар. Ти велиш на ден 700 денари ви стасале за храна и сместување. Не знам каде живееш, откриј каде наоѓаш толку евтина храна, да поживееме и ние малку.
    Секако дека ке спомнам мувла затоа што за 20 евра ноќ јас на такви сместувања наидов. Поентата да одмориш е да отидеш и да спиеш на ист кревет како дома или подобар, не да отидеш во нечовечки услови и да кажеш си бил на одмор. За пари ми нуделе и кревет во веце.
     
    На Lija.ska, Just.do.it, doll.a и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Не знам што се буниш за храната, кога свекрва ти ти готви, треба со неа лично да се објаснувам.
    Исто, не знам што цел има твоево размислување, освен деградација за тоа што треба секој да има формулирано како универзален став околу идејата зад еден одмор.
    Моите апетити имаат широк распон на задоволување. Твоите очигледно се префинети со истенчен вкус за сместување. Што е во ред. Некој се задоволува и има за креветот во вц да му биде ставен, некој се задоволува со креветот да е кинг сајз, свилена постела, душек со над 10 цм мемори пена, утринско будење со јагоди и шлаг, поглед према море, тоалет со позлатена даска за серавање и розева миризлива хартија.
    Или уште подобро, сакаш да кажам дека испод 500 евра по лице нема никаде одмор, душичката ќе ти се исполни, ќе може ли да си продолжиш со животот после таква констатација? Дали ќе бидеме задоволни или пак ќе ме спамираш со исфрустрирана содржина?
     
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    17.475
    Пол:
    Женски
    Од аспект на гостин, гледам да ја покријам барем порцијата. Ако не сум во добра финансиска состојба, нема да одам. И баш ради тоа. Знам дека после ќе ми бројат колку сум дала, па зошто толку дала.

    И се сведува работата дека пари > гости. И тоа боде очи.

    Скапи се свадбите, реално. Јас никогаш не би правела свадба со 300 гости, поканети до 10то колено. Ако родители инсистираат на такви свадби, слободно нека платат самите за таква свадба. Тогаш нема да ми е гајле кој колку донел. Секако тие гости не се мои.
    Инаку ќе поканам само вистина најблиски луѓе, што ми значат највеќе и сакам да се таму. Не можам да замислам некој од нив да не дојде затоа што нема доволно пари тој период.

    Парите за свадба планирање секако однапред ќе ги собирам и ќе бидат наменети за тоа. Не очекувам ништо да вратам од нив преку гости. Знам дека најблиските секако ќе донесат колку што можат. И така кога очекуваш 0, се ти доаѓа како бонус. Не знам, јас навистина и свадбата ја гледам како прослава како роденден, дипломирање, некоја таква работа. Весел ден што сакаш да го споделиш со луѓе што ти значат.

    Поклон за на свадба да се донесе, како и за роденден е едноставно култура. Но, нема одредено што да е поклон. Затоа и тоа поклон во плик да се нагласи е малку глупаво. Ама, добро. Разбирам дека навистина е попрактично да се пари поклонот, отколку да добијат нешто што не им треба или луѓето да се потрошат на нешто, а да испадне за џабе е. Мислам и да не пишува поклон во плик, пак генерално тоа ќе носат луѓето, т.е. само пари ќе дадат.

    Ама сега да цепидлачиме до која сума е прифатливо? Ако немаш пари, не оди на свадба е едно. Ама сега испаѓа ако немаш доволно пари, не оди на свадба.
    Јас мислам најдобро е да не носат пари гостите на свадбата, туку да чекаат младоженците после тоа да им достават фактура во плик. Пресметано кој колку изел и испил, па плус додадено поделени трошоци за музика, фотограф, декорации и свадбарска маржа, за да заработат нешто младите.
    Стварно не сфаќам, ова доаѓа како "Драги гости, решив свадба да правам. Ве замолувам .... не, очекувам..да ми подмирите дел од трошоците, затоа што решив да се венчам."
     
    На sj *O*, Amellie13, Ambitious и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    27.822
    Јас ги сфаќам сите тука што пишуваат за луѓе што немаат, ама искрено сум видела кај најблиски на свадба, 5 души дојдени возрасни со 2000 денари. Мислам, ако веќе не можеш да допринесеш многу кон трошокот на тие што прават, не мораш и да ги оштетиш во минус да се за да се изнајадете и изнапиете на туѓа сметка.

    Инаку, јас секогаш носам колку што мислам дека е порцијата и малку вишок за да остане да речеме. Се согласувам дека свадба не е бизнис, ама па од друга стана свадба е поскапа од било која друга веселба како роденден и слично, така што би рекла дека е ок да ставиш колку да си покриеш трошок приближно.

    Ако стварно немаш, кај далечни луѓе не гледам причина да одиш, кај блиските веројатно знаат дека немаш и ќе очекуваат секако помалку од тебе.

    Во суштина не се замарам кој што рекол колку е таман за свадба, јас сум гледала да е приближно ок според порцијата, не сум одела кај далечни ако не сум имала пари и во суштина мислам дека тоа е сосема доволно за да испаднеш фер спрема тие што прават.
     
    На sj *O*, Maca Macka, Just.do.it и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    17.475
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова е всушност проблемот највеќе. Погрешна проценка. Овие луѓе не биле блиски сигурно. Можеби биле роднини како тетки, стринки, ама тоа не значи по автоматизам дека се блиски.
    Пошто чим нивното присуство се гледа како терет и трошок, а и тие не гледале потреба да пазат дали ќе "оштетат" некој кој доброволно решил да прави фешти (или немале пари), не се блиски луѓе.

    Блиски луѓе, само би сакала да се таму, без разлика што донесат или воопшто донесат. А знам дека и тие би се радувале за мене, па би донеле колку можат.
    Ако некои се скржави да речеме, сигурно и пред тоа си знаете какви биле. Ако сте ги прифатиле како такви тогаш, зошто сега смета? Или зошто ги каните кога знаете што да очекувате од нив?
    Ако не биле такви до тогаш, зошто одма за нив го мислите најлошото? Дека не се замарале, наместо да помислите дека во ред, толку можеле од Х причина.
     
    На VDT2906, Ambitious, Alexandrite и 6 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.637
    Допаѓања:
    18.236
    Пол:
    Женски
    Сакаш да си држиш до ставот дека има одмор за 100-200 евра. И не попушташ. Свесна си дека не си реална со сумиве? Смешно е тоа што го тврдиш.
    Инаку пазариме ние, свекрва ми само готви. :D
    Не знам за каква деградација збориш. Не ми се разјасни. Сакам да знам кој е тој маркет со толку ниски цени. Освести не да не даваме толкави суми за храна. :doh: И кола ке купувам на пролет, кажи модел, преекономична ви е.
     
    На butterflysk, Just.do.it и Emy867 им се допаѓа ова.
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    17.475
    Пол:
    Женски
    Како е ова релевантно за темата? Што сте се фатиле ко слеп за стап? Може у шатор спиела 7 дена у планина и паштети јадела. Аман веќе. И извод од банка да приложи ако не?

    Да, 100 евра се голема сума на пари за многу семејства во земјава. Верувале или не, не се сите таква буржоазија. Уште да се извинат што не се расфрлаат со 100 евра ко да се џепарац за 1 недела.

    Дај вратете се во реалноста.
     
    На sj *O*, Amellie13, VDT2906 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.236
    Допаѓања:
    31.104
    Пол:
    Женски
    Одмори вон сезона има за по 70 евра за пат и сместување. Ако е некој скромен во трошоците и си пазари од маркет, не посетува угостителски објекти и не плаќа лежалки може да речеме за тие седума дена да потроши уште 70 евра па ако не за сто евра да помине со 140. На некој му е битно да отиде и да опушти мозок на море и не се оптеретува со тоа дали ќе јаде порција морски плодови или крофна. Муабетов ми е дека за некој кој нема можности, постои опција како да помине поефтино и на одмор. За човек со помали примања е прифатливо да однесе помал подарок. Ако веќе го каниш не можеш да очекуваш да се задолжува и да се откажува од основни потреби само за да ја плати порцијата. Или пак ако е поентата да не оди ако нема тогаш ок.
     
    На Anne Boleyn, Alexandrite, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    94.759
    Сме се фатиле оти она упорно само за неа зборува, а јас еве општо зборував во еден претходен пост, ЗА СИТЕ СЕМЕЈСТВА.
    Прашав како ќе спие било каде со мали деца или бебе, епа она немала дете.
    Епа добро де, не си само ти. Некои имаат и затоа есапот нејзин никако не излегува во реалноста.
    Тоа е целата поента.

    Иначе, стварно не знам со покачувањава како ги величите 100е, кога за жал сега не вредат НИШТО. И не за буџовани кои се луксузираат, туку за просечни семејства, со просечни потреби.
     
    На Just.do.it, MilaSs12 и doll.a им се допаѓа ова.
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    7.594
    Пол:
    Женски
    Ај вака - горе доле кога добивате информација за нечија свадба ,односно дека некој закажал свадба за 5 месеци од сега , реалноста е дека имате доволно време доколку сакате да отидете ,секој месец да одвојувате по 1000 денари . Зборам ако сакате да отидете и ако ви е близок * другар,колега ) за фамилија не зборам кај нив секако идеме.
    А да не збориме за тоа дека за повекето свадби имаме инфо дека се закажани не 5 месеци туку една година унапред. Така да, се друго ви е изговор.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Сум пишела на форумов дека неќев свадба, ама нашите ни 'направија' и им 'дозволив'.
    200 луѓе, до второ колено беа.
    Ама мајка ми има само од едната страна 20 први братучеди :D
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    17.475
    Пол:
    Женски
    Не, таа пиша дека таа ќе истера пола одмор со тие пари. Ама секако моравте вие да се сместивте да сте центар пажња у причата. И се отиде јабана од тој момент.

    Па, баш дека е се покачено и не вредат ништо, сосема е очекувано дека гостите ќе имаат помалку пари да стават, а не повеќе. Према тоа, ако и младите не се во можност за многу трошоци, ќе си направат помала свадба. А не да се луксузираат и да очекуваат гостите да им покријат делумен трошок.
     
    На ForeverYoung, Alexandrite, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    94.759
    Добро, само таа е на светов, ќе се водиме по нејзините стандарди.
    Тие со поголеми фамилии кои ако отидат на одмор, СЕКАКО ќе потрошат повеќе и заради деца/бебиња, ќе мора да бараат нешто по ок, се ирелевантни и непресметливи со нивните финансии.
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    17.475
    Пол:
    Женски
    Да, точно е ова.
    И сега како е ова релевантно во темава?
     
    На Alexandrite и Ketchup им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Нема да ојш на одмор, ќе ојш на свадба.
     
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.