Во врска со подароците и поканите имавме и роднини кои при самата покана рекоа ние немаме можност финансиска и не доаѓаме. Од една страна не ги каневме за подарокот, а од друга ги сфаќам дека не е едноставно. Кај нас кумот ни даде стварно преголема и неочекувана сума што утре да ме покани со нашите можности и плати или баш буквално треба да планирам да ја имам таа сума или приближна настрана или не знам како би постапиле. Така да сеуште стојам на ставот дека се замина во преголеми граници. Некој што имаше споменато 11 свадби. Поблиски или подалечни тоа е во најмала рака платата од двајца месецот без никакви други трошоци, а овде ретко кој со минимални, па и просечни плати може да си дозволи да тргни настрана толкава сума.
Најдобро е кеш. Во цела таа фрка околу организација, парот треба да си ствара дополнителен притисок со одбирање на поклони кои ќе треба да им одговараат за во домот и притоа бројот на поклоните да биде во бројка со потврдени гости, безвеза.
Сметам дека поклонот во плик треба да изнесува нешто над порција. Према тоа од 4000 па нагоре за пар, јас лично би 100е. Ова за пријатели. За роднини, кумство, девери е веќе друго.
Дали за друга прилика им се бара на луѓе подарокот да не е поевтин од ручекот/частовката? Не ваљда. Барем јас не барам и не гледам у туѓ џеб. Секако ќе ти донесат луѓе пари. Ама стварно е идиотски да им фукнам на поповине у црква 6000ки а да мрчам оти некој ми донел мене 1000ка па сега јас сум дала за порцијата повеќе. Пре би да избегнам непотребни трошоци на моја свадба него друг да ми е крив што немал доволно и што јас сум се потрошила.
Добро и мене ми е глупо тоа...до негде. Ама некој ако нема и пак дојде и најнормално каже оти немал, нема ама ич да се лутам. Јас сум решила да правам свадба и секако сум требала сама да пресметам и трошоци и дали можам да потрошам, нема што друг да ми рачуна и да се потресува дека ќе сум мањак со пари.
Тоа е друго. Инаку ми нема логика да дадеш пари поклон во вредност помала од колку шо изнесва една порција пример.
На една свадба што бев ручекот беше ужасен. Ставена изгор лута пиперка и све друго беше луто. Оризот презачинет. Двете парчиња месо преварени, жилави до немај каде. Џвакај, џвакај, не се џвака. Едвај пола го изедов. И други гости кажаа исто дека го утнале. И? Да им речам дајте пола од парите оти ручекот фалш?
Никој не чека, кога веќе одлучиле да прават и ќе ја платата, тука се гледа почита и културата твоја како гостин. И шо сега со ова? Го врате, или го изеде?
Јас имав ситуација каде што имав толку убав поклон смислено и купено, и ми стига покана поклон во плик. Не отидов на свадбата, поклонот си е кај мене дома. Дојдоа после невестава и зетов кај мене на гости некое време и одма го завележаа предметот па колку е убав вака онака, како би им одговарало дома. Јас си заќутев.
^ Јас изгледа погрешно давам поклони, треба прво да отидам на било која прослава да видам колку ќе испијам, па според тоа да се одлучам за сумата на крај.
Јас мислам дека треба да се дава минимум колку да се покријат трошоците за порциите, сега секако кој колку може да си дозволи.