1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку пари да ставите во плик за свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од Caramell, 30 август 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Мислам, Бог да чува.

    Моја свадба, не е туѓа работа.
    Туѓа свадба, не е моја работа.

    Мое е да те поканам... ако сакам.
    Твое е да дојдеш... ако сакаш.

    Одбираме со кој се дружиме.
    Ако некој не ви се допаѓа, нема што да биде во ваш круг на пријатели.
    Толку е просто!
     
    На sj *O*, Mimmi39, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    А замисли и не мораш да правиш свадба, него да се тресеш ако некој не ти донесе доволно пари.
    Дојдоа кај мене и со 1000 денари, гости се гости, дале 100 или 15 евра. Па и да не дале.
     
    На Didajo, Ketchup и An-na им се допаѓа ова.
  3. macmacuf

    macmacuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Свадба се прави со одреден број на луѓе, и тоа оние кои навистина ви се блиски и со кои сте во постојана комуникација. А тоа дека родителите сакаат да поканат роднини до трето колено со кои не се ни познаваш, мора да се искорени. И не треба од свадбата да се чека заработка. Затоа и се селектираат луѓето со кои ќе си поминете убаво. Јас одлучив за мала свадба. Од страната на маж ми отпаднаа повеќе од 50 гости, ама воопшто не ми е гајле, свадбата беше наша и сами си ја плативме. И покрај тоа што имавме вкупно 65 луѓе, се си помина во најдобар ред и ни останаа 900 евра повеќе отколку што плативме во ресторанот, без да се надеваме на тоа и без да очекуваме.
     
    На sj *O* и Srckata28 им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Добро…

    Да сумираме на крај порано свадбите имаа смисол, да речеме. Се знаеше се прави свадба,се собираат пари за да се плати и се праќаа покани. Се знаеше,се носат поклони,цвеќе,пари по избор. Тоа беше за мене свадба.

    Сега многу зачести работава со поклон во плик безобразно е, значи ако сакаш да славиш со нас ќе мора да си платиш.

    Јас кога би правела свадба не би пишала поклон во плик,наместо цвеќе да ми носат парите за цвеќе да ги уплатат на донациска сметка за бездомните мачиња. И оваа замисла ќе ја остварам.

    Друго до 50€ би дала. Да сум кума повеќе од 150€ не, кај покрај сите други давачки. Навреда или не, ако се гледаме призмата на парите поарно ич да не бидам кума.

    И треба се да е ствар на договор,а не да се лета во облаци.
    Кога ќе слушнам мора повеќе од 200€ да даде тој и тој ми се |(.
    Не,не мора,тој ќе даде колку смета и колку е во можност.

    На ромските свадби од маса до маса одат и ги бројат парите во плик, и го прозваат секој гостин додека вие тука се расправате за невозможен одмор од 100€.
     
    На Didajo, VDT2906, ivana--aerodrom и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    378
    Мене ми е многу глупаво да се стави пари колку порцијата да се покрие...па побогу штом правиш свадба треба да си подготвен да се потрошиш а не да очекуваш 80% или 100% да си покриен а не па и станот да го средиш со повратот. Свадбата е трошок..се прави ако имаш пари..впрочем затоа и го измислиле правилото пари во плико..правам свадба на големо ама гостите да ја платат...(facepalm)
    Пари според блискоста за подалечни роднини колку имаш толку. Блиските секако ќе сакаат повеќе да однесат така да не гледам проблем.. Па порано поклони само носеле буквално со чинии за слатко оделе, дека нели љубовта ја прославуваат а не да профитираат... Прифаќам и поклон, некоја разумна цена и кој колку има. Ама да очекувам некој да ја плати својата порција како во ресторан да седнал тоа не..
     
    На Srckata28 и macmacuf им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Не оди на тие свадби и готово.
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Не зборев за мене општо кажав.
     
  8. metallicaAa

    metallicaAa Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2022
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Машки
    Sega svadba da pravis ke ti ja napravat gostite so parite od plik :D
    Barem pola ke bide platen od niv :D
     
  9. jocXX

    jocXX Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Јас за свадбата подигнав кредит. Беше многу убаво, ништо друго не не интересираше. Секој дал онолку колку што имал. Го отплаќав 2 години кредитот, со драго срце и без да ми биде товар. После разводот, сфатив дека се е џабе, дури и самиот чин на правење свадба е само некоја навика. Сега со ова размислување, и милиони да имам, не би правел веќе свадба.
     
    На sj *O*, Ketchup, Dumbledore и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. macmacuf

    macmacuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Она што сака @buba4e89 да го каже, а со кое и јас се согласувам целосно е дека при правење на свадба, во најмала рака, најпрво не е културно, а потоа е срамота некому да му нагласиш дека треба да ти донесе исклучиво пари. Згора на се, последните години, бараат и буќетот или бонбоните да се заменат со пари, без притоа да се знаат финансиските можности на гостите. Ако сте одлучиле некого да поканите, тоа нека биде затоа што вие така сакате и бидејќи ги цените, а не да ставате ултиматум, како да се само статисти кои ќе исполнуваат барања и желби на младите.
     
    На Bezimenka90, Ketchup, Серотин и 3 други им се допаѓа ова.
  11. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.751
    Допаѓања:
    52.718
    Пол:
    Женски
    Лани една роднина се омажи во едно село во Турција, и кога ја гледав свадбата мене ми беше незгодно од срам:tmi: Секој гостин доаѓаше ја даруваше и они тоа гласно на микрофон као" Омер ја дарува невестата 500 лира!!!
    Божееее... па кога почнаа со злато да даруваат, она цела весела почна да тресе со тоа рацете со алките..

    Наредната недела јас правам помала веселба налик свадба, верувајте или не ама до сега ниту ми паднало на памет кој што ќе носи, а знам дека има гости кои немаат и уште кога им имам славено родендени на децава им имав кажано дека навистина ништо не треба, ако ептен сскаат едно блузиче е доволно, дека би се налутиле да се овбрзуваат да ми носат поклон, најбитно ми е да се со нас на тој убав ден и заедно да се веселиме.

    Свадба денес е голем трошок па кадe е музика декорација дополнителен алкохол итн но сами си сакаме така, никој не ми е крив што си порачав мени со рамстек неголи со плескавица па да ми носи повеќе пари. Боже сачувај, исто и свадба кога правевме па ние пола пликоа во едно ќесе ги имавме ставено за фрлање мислејќи празни, па свекрва ми да провери па кога најде уште пари внатре...(facepalm)
     
    Последна измена: 3 септември 2022
    На sj *O*, Ketchup, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.507
    Во обид да испаднете скромни и невини душички без ронка материјализам, испаѓате смешни. Океј е, форум е, никој не ве знае нема зашто да глумите дека од леб вода и сончева енергија живеете.

    Пишувањето поклон во плик почна од оние што препакуваа сервизи добиени на нивните свадби во 1995та и ги носеа на свадби во 2005та. Да не зборам за користен тостер, тенџериња со несоосветни капаци, итн.

    Не би пишувала подарок во плик, ама живеам во стан, ако ми донесат ствари кои не се по мој вкус/дупли/некорисни, повеќе работа ќе си отворам да ги разделам по мајка/тетка/свекрва. Подобро 5 души по 1000ка во плик па да си купиш нешто што стварно ти треба и ќе го користиш.

    За 20€ од вујко немам коментар, сите што сметате дека е нормално 4 члено семество да отиде со 20€ на толку блиска свадба, јако лажете. И не, не е за парите само, за почитта е, многу добро знаеме дека оној што нема секогаш ќе даде повеќе од тој што има во изобилие.

    За мене едино безобразно е кутиите за донации наместо цвеќе и бонбони, барањето на гребки и баци рака.
     
    На sj *O*, Daniela93, Kasiopaja221 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. emiliana

    emiliana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.417
    Допаѓања:
    40.971
    Пол:
    Женски
    Не знам дали некој се сеќава, порано, значи пред 20 години може имаше адет да го китат младоженецот.
    Па тоа пешкир на него колку што е долг, тепих од пари :D.
    Па бацирака, па на врата китење, па поклон, ехеее куме златен:D.
     
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    18.187
    Пол:
    Женски
    Абе замисли имаш другарка што се знаете цел живот, заедно и во арно и во лошо, онака повеќе од сестри се. И сега доаѓа ред она да се мажи, ама вас месец дена пред свадба ви искрснува здравствен проблем и се изнадавате пари и сега немате за свадба многу да одвоите и некој онака едноставно ви вика - па ако немаш не иди.
    Или уште полошо од другарката да го чуете ова.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    14.713
    Пол:
    Машки
    Дали бе?
    Уште ова го немав слушнато :D
    Ц ц ц мизерија од народ.
     
    На sj *O* и elimkd им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    18.187
    Пол:
    Женски
    Ако ти не си била крива во банката, може и гостинот не бил крив што имал таква.
     
  17. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    14.713
    Пол:
    Машки
    А замисли имаш пари се, џебот полн крцка, и сега те кани другарка ти ама бидејќи ти живејш во некој свој измислен свет сметаш дека не треба да носиш ништо, одиш со празни раце, и покрај шо знајш дека сите други носат.
    Нели е дебилно.
     
    На sj *O*, doll.a, Misskirova и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.751
    Допаѓања:
    52.718
    Пол:
    Женски
    А зошто ви е чудно да поверувате дека некој навистина прави свадби без пресметки?
     
    На sj *O*, unearthlysarah, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    18.187
    Пол:
    Женски
    Колку можам да си дозволам ќе однесам. Не сметам дека МОРАМ одредена сума.
    Ако можам и 500 евра ќе дадам. Ама ако можам.
     
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.916
    Допаѓања:
    48.053
    Пол:
    Женски
    А можеби и парата од 50е се зачуди кога слушна дека е фалц
     
    На sj *O*, SuperGirl24, ^BadGirl007^ и 1 друга личност им се допаѓа ова.