Добро ја викам сите да купиме една машина за дома за да не добијат дотичните невести случајно фалц. Ако ти сама не ја позна, како гостинот ќе ја познаел?
Мене не ми е ништо чудно, знам луѓе во реалниот живот со секаков мајндсет, ама ме нервира осуда. Како што ти кажа си правела и не си мислела за тоа, некој мисли. И се тоа е во ред додека не почне да се џавка и се дели памет на секого. Ние сакавме свадба без адети, така и праевме. Знаеш колку осуди и пребацувања добивавме? Не баре им земавме нешто ним.
Мене друго ми е во мисла сега, Ели шо луѓе имаш ти шо се расправат со фалц банкноти? Поблиски или подалечни ти се, ако се подалечни зошто си ги канела за шо ти се, ако ти се поблиски оти не се оддалечиш од таквите, м?
Ти си правела свадба? Изглеа не, ги собираш сите пари на куп и ги носиш в банка, таму цела голгота ја преживеав, од каде е фалцот, па записници, па согласност да се поништи, па позади мене ме гледаат ко криминалец и сеа ти се најде паметна да ми кажиш дека јас сум крива? Што мислиш јас секоја една пара ја вртам низ раце и ја проверувам?
Ај вака за крај. Да бидеме реални. Бидејки во моментов спремам свадба , се осекам компетентна да зборам за цифри бидејки се ми е свежо. Дали знаете со моменталните поскапувања колку пари ви се потребни да организирате свадба? Па да не претерам , со се ресторан ,околу 10.000 евра. Некој ги има чисти,некој подига кредити. Вие шти викате дека не очекувате пари и поклони - лажете. Точка.
Брате од толку пари јас како да знам кој која пара ми ја дал, 350 души скоро, имаше повеќе 50е од која една 50е беше фалц
Јас ти кажувам дека фалц пари знаат толку многу да личат на оригинал што само искусен или машина може да ја познае.
Ели во тој момент има брдо пара, не и пошле канетите со празни раце, сигурно не и дошло секоја посебно да ја проверва, ама затоа тој шо ја дал добро знаел шо дава
Е тоа е проблемот. Дигате кредит 10.000 еу за свадба после се пребројувате и очекувате гостите да ви го исплатат кредитот. Јас ни приближно до таа сума не правам а ниту дигам кредити затоа искрено не ме занима ни кој што ни колку ќе донесе
Па,ако ти е голема свадбата. Испод 10.000€ нема да бидеш, да. Ама сега ако земаш кредит за свадба треба да размислиш дали вреди. Ништо лично до тебе ама реално 80% од гостите на големите свадби и празни знаат да дојдат чисто за гага јадење.
Немав покани, правам веселба со 60-70 луѓе само најблиски. Телефонски ги повикавме . Никогаш пример, не сум добила покана каде пишува поклон во плик или општо да се спомне подарок ..
Многу мислења тука се причина зошто сѐ повеќе и повеќе ми се одмилува одење по свадби. Се прави бизнис од тоа, и ако немаш доволно пари "барем порцијата" да си ја платиш поарно ич не оди. Втф бе луѓе, што ви е вака најсериозно??? Да сметам дека блиска личност не треба да се појави на свадба ако нема пари колку за порцијата??? Ако знам дека некој ќе ми замери да ставам до 30 евра во пликот оти јбг то е она што можам сама да си дозволам моментално, а порцијата била пример 50, поарно нека не ме кани ич. Мада оние многу малку блиски што ги имам знам дека не се такви што би ми замериле, за другите не знам. Па јас мислев дека свадбата е да прославиш битен момент во животот со оние најмногу што ти значат. Не знам што е толку тешко да се поверува дека има луѓе кои најбитно им е да се изнаиграат и да уживаат во свадбата со оние кои најмногу им значат и не им е битно кој колку можи да даде. Не можам никако да замислам да не сакам да си ја видам пример најблиската пријателка како сестра што ми е или некои од првите братучеди само затоа што во моментот можда немаат доволно ни порцијата да ја покријаат. Каква себичност би било тоа. Најдобриот другар пример не сака ни родендени, камоли свадби, и никогаш не ми дал поклон за роденден и замислете уште го канам и сме блиски и ми е во топ блиските луѓе. Не знам еве, по некои мислења почнувам да се сомневам во сопствената реалност од што толку наликувам на "светица". Пошто мислев досега дека нормално е со блиски луѓе да имаш неформален однос. Сосема друга ситуација е кога некој намерно прави нешто со кое индиректно сака да ти каже дека не те почитува, на пример празен плик. Ама ете, ваљда секој знае кој колку му е близок, што би очекувал од него и дали треба да го покани воопшто. Ако некогаш правам свадба, сакам да ми дојдат оти им е ќеф да прослават со мене, а не колку за да јадат пијат и стават слика на соц мрежи. За другото кој колку е во можност. Јас ќе бидам таа што ќе одбери колкава порција да плати и не очекувам гостите да носат одговорност за тоа. Стварно се зачудив колку луѓе има што замеруваат, да му е страв на човек да појди на свадба.