Бес бец и ништо трето Нашле и зашле Поклон у плик Бреее вие изгледа не знаете дека порано и со две пепељари се одело на свадба или филџани или тањири Ајде после се поизмодери ај пари да си купат нешто што им треба поголемо Па се дојди до стање да се извадат порциите шо ги дале Пу ,јазк и свадба и се Ако правите свадба каните си ги оние најблиските колу шо можете да си дозволите да си платите порции а не ке земам кредит после ке соберам пари па ке го вратам кредитиот ама битно ке направам помпа свадба да зборуват луѓето како Перо направил свадба екстра
Па не екстра мега блиски, не ги читав сите мислења да прочитам такво нешто. Еве брат ми сметам дека за мојата свадба не требаше ништо да ми дава. Сингл е, со моите живее, они платија свадбата, ама настојуваше да ни даде подарок и ок. Имав гости поканети од моите ради чест ете сакале, братучеди итд. Од поканети 2ца, доаѓаат 5 оти им било мерак. Луѓево првпат ги видовме ок, ни дадоа хамер со цртеж на него. Буквално. И тоа е океј може за тебе или останати, ама за мене не е.
Од темава сфаќам дека и на гости треба кафето и сокот да си ги плаќам оти иначе правам трошок на домаќините.
Тоа оти порано не се давало толку пари за да се направи свадба. Мене ми идат дадено како поклон за свадба една даска долга на неа нешто имаше нацртано, ама се гледаше дека е излупена бојата и дека е стара, дури дрвото беше испукано. Ваљда некој украс беше не знам. Мене би ми било срам тоа да го однесам на свадба.
Кажува доволно тоа што се поканети "ради реда" и дека прв пат ги гледате. Затоа не сум за канење секакви луѓе што никогаш не сум ги видела во животот или само 1-2 пати. Од такви не можиш да очекуваш дека сигурно "ќе те испочитува". Ќе ме испочитува ако се радува заедно со мене најпрво, а тоа од такви луѓе не треба да го очекувам и нема ни да ги канам. Навистина сѐ се сведува на материјализам и бизнис на крај.
Е ако де и телефонски да му нагласиш дека не сакаш ништо, инаку испаѓа спротивното не сакам ама донесете ќе се најди, и после чекај да видиме шо донесоа пак ајде муабети
Што стори бе 10.000 евра. Извини ама мене ова повеќе аздис ми личи, него реална цена. Па и ние не дека сме мажени од времето на партизаните. Ајде јас и не сум репер, мојата свадба поскромна здравје. Но, и вака што познавам луѓе, не потрошиле толку. После ќе ги кривите гостите затоа што не можете да се покриете. Не разбирам дали за вас ја организирате свадбата или гостите ви ја организираат. Прослава е ваша, не знам како не сфаќате, никој не е должен да ви компензира трошоци. Не можеш да тврдиш дека лажам, штедевме со маж ми со години однапред, и тие пари ми беа целосно планирани за трошоци за свадба. Направив онаква колку што ми е долга чергата.
Мене ми е интересно кога некој мисле дека со поклоните од свадбата ќе си ги покрие давачките дадени за неа. Никако,значи никако не можеш да си ги покриеш и вратеш парите
Па голема рода сме. Брака и сестри и први братучеди сме околу 90 луѓе. Плус другари и другарки ете ги 200. Тие се најблиски . 200 × 25 евра порција = 5000 еу само ресторанот. Музика -700 евра Сликари -500 евра Матично и црква - околу 300 евра Да се облечеме , и ете ги парите. 10.000 точно може не се...ама пак се 7000 евра и тоа за најблиска рода. Е сега ако давам само ручек во ресторан со мама и тато може ке поминам со 300 евра ,ама вака не. И кога ке ми кажат дека 200 гости не сакаат да им носат поклон ,па ете не им било гајле ,нека си дојдат без поклон...мислам ај лаги со опашки...
Кога се мажеше братучетка ми, моите се разведуваа. Разводот беше ептен хаотичен, траеше со месеци, со тужби со сѐ. Во некои ситуации и да сакаш, не можеш да тргаш пари на страна. Мене ич не ме погодува да дискутирам за немаштија, ама некако ептен бескорисно ми е. Стварно испаѓа дека сит на гладен не верува. Дете не се ранело само со паштета... Well, супер ако мислите дека секое дете three-course meal има дома за ручек.
Па еве не е аздис. Пишав погоре во детали колку кошта се. Порција испод 20 евра нема и тоа е реалноста.
Па не ни мисли некој, тука го извртија тој муабет, инаку дека ќе покриеш дел да или пак не ни мора да покриеш ако имаш финансии.
Правев и јас свадба со 250 души и тоа тогаш во еден од најдобрите ресторани, во 2016 порцијата беше 22е, плус имавме допунска храна носено, 2 групи пеачи и тн па пак не ги гледавме гостите низ призмата на парите. Сега правам веселба за синот, затоа се само најблиските но правам со најскапо мени, најскап алкохол скапа декорација па пак не ги гледам гостите низ призмата на парите. Доколку не сакате да верувате не морате
Има и за поефтино. Зависи кој што си бара и сака. Не се фиксни или универзални трошоци. Мене ми е смешно кога организирате, сакате да се покажете колку имате и сте потрошиле, а чекате туѓи пари да се поклопите.
Па мисли ти што сакаш. Некој не ги гледа луѓето низ призмата на парите,ти ги гледаш и тоа е тоа. Секој со размислувањата.
Каде има поефтино? Во Скопје од каде сме, НЕМА . И НЕ, не чекам други пари за да се поклопам...ама да глумам лудило дека ке ми биде сеедно да не ми донесат ништо , не нема да глумам
Дека се поскапени порците се поскапени факт е тоа не го оспорувам Вечер сум на една свадба имале 170 гости од женската страна Утре вечер пак сум на свадба таму имале 70 гости Муабетот ми е спрема чергата ке си ги пуштиш и нозете и ке поканиш толку колку што можеш да платиш Еве мене двеве свадби 100 е ме чинат од мојата плата од 300 е Со што да го терам месецот ај ? Цифрите ве читам и се чудам ко да не ги разбирате парите Крај на крај ако немате пари и не правите свадба или крај на крај ако немам пари не ни одам на свадба