Значи човече како бе не ти здосади за сите да збориш по форумот . Што те боли тебе дали е аздис ако сака и 20.000 евра ќе потроши. И ги знаеш финансиите ко ти што ми пишуваше ? Не . Твои ли се парите ? Не. И каде пишала она дека за гости ја организира? И да не гаташ случајно дека ако не собере сума што сака дека ќе ги криви гостите?
Верувам дека сте оделе сите со "празни раце" на свадба. Или ќе кажете сеа, да сум била, а тоа било у 5то одделение со вашите.
Никој не оди со празни раце. Ако се сведам во таа ситуација, нема да одам. Дискусијата е во правец на нереални суми за подарок. Пример да прашам колку е порцијата и да има вишок.
@buba4e89, мене ќе ме каниш ли? Ми се допаѓа иницијативата што ја имаш замислено. Со задоволство ќе дојдам.
И јас кажав дека не би одела ако немам. Ама ако се работи за многу блиски може и во иднина да дадам подарок.
Чест да просиш пари да ми пишува поклон у плик нема шанси да однесам пари а ЕВЕ НА ОВИЕ ДВЕТЕ ПОКАНИ НЕМА НАПИШАНО ПОКЛОН У ПЛИК И ЈАС СУМ САА СВЕСНА ДЕКА ПАРИ НАЈМНОГУ КЕ МУ СЕ НАЈДАТ
Ќе те цитирам оти напишаново ти се надоврзува на претходниот муабет, значи не е проблем ако сакаш ти и им нагласиш да не ти носат, но сите знаеме дека на свадби стандард се носи како поклон плик со пари, и да секој носи колку што смета дека треба да однеси но и тука има граница колку можеш најниско, а дали очекуваат или не очекуваат тие што прават свадба да им се покрие финансиски од поклоните свадбата е нивна работа и еве на некој добро би им дошле да покријат добра сума, на други не како ти во случајов претпоставувам, и тоа е тоа.
За мачињата ли? Веќе познавам човек на кој планирам да ги донирам парите, инаку зошто да не те поканам.
Што не верувате? Дека не се сите алчни и материјалисти како вас? Епа, ете нè има такви разумни.Нема да чекаме пари од гости, туку сами ќе си платиме. И гостите ќе бидат поканети само за да уживаат во споделувањето среќа.
Проблем е што некои од вас сакаат да изглумат дека 100 евра имаат вредност. Прашав каде има толку евтино, никој не ми кажа. Само велите имало евтино, каде остана мистерија. После излегува дека од нива домати, викендица има, струја крадена, и со велосипед одите. Да, за двајца возрасни и дете што јаде многу малку, и тоа јаде од евтини опции, макарони пример. Остави денарче. Ке си купи кифла.
А слики па зашто да си плакате? Не им давајте пари на сликарите зашто по ваше мислење алчни за пари се
Никој не кажа дека не сака да добие пари, туку станува збор за сумата на тие пари. Не можам да одредувам кој повеќе ме цени според тоа. Демек некој ставил 2000 и значи дека помалку ме цени од други кои донеле 50 евра. Ако јас немам 10.000 кеш за свадба нема да правам, а и ако се решам за кредит, пак гостите не ми се виновни за одлуката па да очекувам 5000 за да покријам порциите.
Пак кога ќе видиш дека освен тука на форум во реалноста свадбите се со поклони, нормално дека не е за верување. Е тоа шо за одредени работи се лажите самите себе си а мислите дека другите ви веруваат, тоа е веќе ваш проблем
Јас на свадба имав околу 200 гости, најблиски пријатели и најблиски родинини. Големи фамилии, први деца. Убава свадба имавме, со мерак се си направивме. Поклон во плик да пишеш на покана или да кажеш ми е најглупа работа. Ние 3 подароци добивме а се друго беше пликоа. Подароците беа прекрасни и сите ми се најдоа. На најблиските кажав да не ми носат цвеќиња. Не она носете грепки место цвеќе, туку ве молам не носете цвеќе и бомбоњери. И покрај тоа добив премногу цвеќиња и беше смешно што немав каде да ги ставам и пак ги делев по другарки на крај на вечерта. Бевме многу изненадени од некои суми кои ги добивме (многу поголеми од што требало) и се надевам ќе можам да си дозволам и јас барем толку да однесам за нивни веселби, а и да немам тоа се луѓе што сме преблиски и сигурно не би ми замериле. И уште ова, многу ми се допадна што никој не не праша од кого колку пари сме земале, мислам на моите да прашуваат за наши роднини и пријатели или свекор ми и свекрва ми за нивни. Им кажавме само дека сме запрепастени од некои од сумите и ни рекоа да сте живи и здрави, си живееме со многу луѓе, сме оставиле и ние простор и почит.
А ако не направиш свадба бракот нема да важи? Што ти се должни гостите ако ти си решила свадба да правиш на овие поскапувања. Ако не можеш да си дозволиш не прави зошто да се задолжуваш со кредити.