Нека ви е со среќа и канете само такви кој ќе ви дадат очекувана сума. Ако некој ви рече дека нема или ви даде помалце кажете му да си оди. Пак ќе кажам не ви се должни гостите за ништо, вие сте сакале свадба да правите.
Ама.кој рекол дека ке им кажувам колку пари да ми носат? Што си извртувате ? Убаво кажав ....мене ми е срам да одам со помалце од 50 евра двајца на овие покачувања. Тоа е чест сфакате? Правам чест на тие кај што одам. А ако немам ,нема да одам воопшто нема потреба да се срамам и себе а и некој да ставам во незгодна ситуација
Чест е да ти дојде ако си го поканил и да сподели со тебе радост, а не парите кој ќе ви ги донесе. Вие правите свадба и сте свесни за трошоците кој доаѓаат со тоа. На свадба каниш блиски, а не стринки, тетки од 5 колено. Ако некој од нив ти рече близок дека нема пари или дека не може да ти даде повеќе од 50 евра. Што ќе им речеш " не доаѓајте не ме ставајте во трошок"?
Taka de Таман работа фалење, и тоа на форум Муабетот беше префлен од членката со скапата свадба дека сме правеле мали веселби од 300€ спрема нејзината од 10.000€, затоа не ни било битно што како носат гостите
Многу нормално дека нема така да речам. Впрочем на претходните страници ако си читала убаво кажав , повеке ке ценам ако ми кажат дека немаат пари а не да дојдат и молкум да остават празно плико. Мислам која непочит е па тоа тек И убаво кажав ,нашите најблиски се 200 луѓе . НАЈ најблиски
Зависи колку ми се блиски. Генерално гледам да ставам пари, доволно за покривање на порцијата и плус нешто и да им остане, вишок, ако се далечни и луѓе кои не ми се толку блиски. За блиските ставам повеќе. На пример на еден драг колега му ставив малку повеќе во плик, оти секогаш беше фин, ниту еднаш не се замерил со никого, лош збор нема кажано и затоа. Нема да осиромашам ако му ставам малку повеќе пари, и си потпишав плик, да не случајно има празни, па да мисли, и да типува кој се зезал. Инаку, сум слушала за празни пликоа, плико со 5 евра, 5 души со 500 денари и така.
Луѓе свесни сте дека не е фалење? Кое фалење бе, ? Вие реално ги знаете ли цените насекаде? Еве ви кажав прееска 7000 евра каде одат, за најосновни работи...Што не ви е јасно?
Ама и ти си одговараш како ти чини. За празно плико сите сме едногласни дека е бизарност. Претходно збореше дека е срамота со 1000 денари, сега под 50 евра исто е срамота. Одлучи се. Еве која сума минимум треба за кај тебе на свадба?
Факт е дека уште живееме со заостанат мајндсет ,колку и да негираме. Она старинското никогаш нема да го искорениме. Секогаш старите имале удел во канењето гости,па срамота било овој да не го викниш, срамота оној..... се восхитувам на тие што си прават свадба за своја душа и со вистински најблиските. Сведок сум била дека чекале да заврши свадбата, па отварале пликовите да го исплатат хотелот.... погрдо од тоа нема. А се тупаат во гради: гледајте каков џумбуш направивме Да сум на овој ум, ич не би правела свадба или минимална и парите би си ги вложила во нешто продуктивно. Зашто искрено сега видов дека не вределе ни тие малку што сум ги поканила. Не сум била 3 години на свадба... Септемвриво имаме две,ама нема да одам, па ќе одат свекор ми и свекрва ми. Колку ќе стават во плик, ќе ви кажам нахнадно
Погоре членката мене ме посочи дека се фалам, за неа беше одговоров. Иначе знам ти верувам да не зборам нас колку не кошташе свадбата па и мојата кна да не зборам повеќе пак фалење ќе испадне На темава, вечер сме на свадба кај другар на мм, он не ни беше на нашата но ние ќе одиме и спремивме 50€ за двајцата.
Па 1000 денари не се под 50 евра? Ај бидете реални...пошто горе доле се знаеме по мислењата на форумот. Ако имате пари секој месец за пудра или шминки од 1000 денари имате и да одвојувате за свадба за близок. Одам сеа да се спремам, за на свадба а
Искоренето е да се пишува поклон во плик, ама од сите покани сум видела на една две. Ние не пишавме, добивме еден сервис и една слика. Сервисот го отворив додека бевме кај свекрва ми, дома не би ги користела. Сликата е во подрум. Уметничка ама џабе кога не ми одговара и не се вклопува. Залудно е. Ако може одмор 10 дена со 100 евра, може и свадба со 1000, еден ден е.
Порциите скокнаа многу, не знам колку се, ама реално и сама да одам денес на оваа скапотија би ставила 50 евра.
Не давам месечно по 1000 ден за пудра или шминки. Ни за нокти, ако е следно тоа. Не ми одговори сепак, колку е доволно по човек да се остави во плик кај тебе на свадба?
Очекувам да го видам аргументот - ако можете секој ден по кафичи да седите, можете и 50 евра во плик да ставите. Бтв една пудра од 500 денари скоро година ми трае
Ти ако добро ги следеше темите, ќе знаеше колку членки ги купуваат тие производи на акција. Не сака и не може секоја да фрла 1000ка на еден производ или два.Различни животни околности, различни примања. Повеќето работат или студираат.Нејќат или не можат без шминки.Нивно право. Смешна си. Не си им дома и не можеш да им ѕирнеш во паричниците.Не можеш да знаеш дали имаат пари за двоење. Понекогаш излегува и непланиран трошок. Па, некоја за свадба ќе може да одвои само сума помала од 50 евра.
Не мислам дека е срамота да пишува: Поклон во плик. Не мислам дека е срамота ништо, кога е во прашање туѓа одлука. Секако имам опција да изберам, дали ќе одам, или не.