Значи некако испаѓа во ред е да идеш на свадба ако немаш, ама имаш ќејф да делиш среќа и играш. А, ако си со помалце примања и имаш мерак за свадба за себе или ете дете и си собрал некој денар или кредит си кренал кој ќе го вратиш си заостанат и примитивен.
Абе знајш како... свадба е-далга е. Маана секако ќе ти најдат. Секој нека си го тера ќефот, па ако не му чини на другите-нивни проблем.
Јас сум правела свадба, сум поканила луѓе за да прославам со нив нов почеток во мојот живот. Не сметав на тоа колку пари или подароци ќе добијам, и дали свадбата ќе ми се исплати или не, но нели ова е Мк и на свадба вака или така знаеш дека ќе добиеш подарок, само незнаш колкав и каков . На нашата свадба имавме и гости кои беа највесели на цела свадба а за подарокот се извинија, ќе се раздолжеле друга пат, не дојдоа после свадба да донесат подарок, ама не ни очекував дека ќе дојдат, ама затоа играа шо да ви кажам, највесели беа. Не ги осудувам, не секој има храброст да рече немам пари за подарок ама дојдов на свадба чест да ти направам си ме поканил, без празни пликоа и такви глупости, повеќе ми е"мака" за оние со кои "лебот" го делев а дојдоа со "мизерни" поклони (велам мизерни оти после тоа кога правеа свадби џафкаа наоколу како таа и таа сума на пари е малку за да се даде како свадбен подарок, а истото го направиле и тие-но нели тоа не се брои). Драги форумџии, ниезатоа сме тука каде сме, општо, на секое поле во државава, секој сака да лапне повеќе а да дде помалку. Не може така, кој што сеел тоа и ќе жнее. Само за жал на овие другите им е срам да одат со подарок со каков им дошле па да видат што е непочитување домаќините.... Ако сега се пршувам, свадба никаф нема да правам, се јавувам на 50 луѓе, кој дошол дошол кој не, ајт со здравје, и вака и така ќе преживеам. Тек па на повојници ако почнеш да им враќаш со комплетче од 350 денари како ќе се увредат, па муабети, па нивното принцезиче носи само бренд, а на ова туѓото колку да се однесе, редот да помине.
Ние добивме 400 евра од кумовите. А иначе си избраа сами поклони за кумот саат беше од прилика 9.000 а за кумата пандора алка со два привезока од прилика исто 9.000.
Се договоривме да сме на исто, поточно, по 300евра си разменивме во пликови. Не сакавме да двоиме, другари сме со сите заковни, со сите имавме договор по колку пари ќе си стаиме во плик.
Скромно. Некој ако има минимална плата ќе ја даде минимум третина за свадба и после ќе се чуди како ќе го пројде месецот со 200 евра. Секој ќе однесе онолку колку што има можности, свадба не се прави за заработка. Скоро никој не би ни ставил помалку од она кое го потрошиле младоженците за да го угостат.
Не е точно. Ако свадбата е најавена една година унапред ти ќе си собираш пари и нема да те стигне кризата.
Не велам дека не може да се заштеди нешто плус но скоро никогаш никој не најавува толку пред време. А на крајот на краиштата па и не е една свадба, се случува во годината на по барем 5-6 многумина да бидат повикани. И да е најавено рано, не е секој во состојба да штеди за да му однесе повисока сума на некој што не прави свадба за забава туку за заработка.