Со минимална плата за месец да поминеш немаш, а не за свадби. Затоа што свадба не е само подарок, треба и алишта да имаш, фризура, шминка, хулахопки пар се 200. Плус такси во два правци. Ако си кај роднина од трето колено не ми се оди без да покријам барем порција, не сум ни битен гост, а кај блиски сакам и нешто плус од мене да ставам.
Па тоа се очекува од тебе. Буквално бев на средба со луѓе кои се натпреваруваа кој повеќе пари ке остави за свадба. На крај и тие што им беше луксуз 50 евра да остават оставија 250 заради туѓи копмлекси
Исклучиво во евра, така оставуваш впечаток на финансиски моќен човек. Ако оставиш во денари ќе те сметаат за никој и ништо.
Брат ми кога правеше свадба, поблиски роднини дојдоа тројца со само една бомбониера, рекоа дека ќе им дадат подарок во скоро време, ама години поминаа и ништо не дадоа и не спомнаа, ги знаеме дека се сиромашни и болни и не им рековме никогаш ништо. Треба да се знае дека секој свадба прави за свој ќеиф и дека не треба да се очекува од гостите да ти го платат трошокот, ама мислам дека и фер е барем малку од малку човек да ги покрие порциите. Затоа што има и такви кои по двајца доаѓаа со 500 или 1000 денари, мислам ептен како мајтап, а ги знам дека имаат пари Сега е скапотија невидена и порциите се поскапи, ама ете фер би било ако е за подалечни, ако одат двајца да платат барем 2000 денари заедничка сума, а не да се мајтапат со 500 или 1000 а ги гледаш секогаш дотерани и одат по фризери и шминкери
а зошто па да треба гостите да ги покријат порциите? тој што прави свадба вика гости на прослава, ако нема пари да почасти, нека не правби свадба. гостите ги викате за да ви ја финансираат свадбата или за да прославите заедно?
Значи напишав дека не треба да се очекува од гостите да ја покријат свадбата... Ама да ме зафркава некој да ми дојде со 500 денари двајца или 1000 двајца, извини ама ми е ту мач... Па за еден факинг роденден даваме подароци од 500 денари, а не за свадба. Претеризам ми е на пример од сиромашни да се бара и очекува некоја голема сума, ете напишав пример погоре... Ама да се има една средина барем и некој осет и од двете страни.
Мислам дека веќе коментирав во темата ама еве пак. Да штедат цела година за да ви дадат 100 евра? Да си кратат од своите потреби само за да ве задоволат? Нормални сте? Кога правите свадба не треба да очекувате другите да ги покријат вашите трошоци. Секој ќе даде онолку колку што може да си дозволи. И нема што вие да кажувате дали некој може да штеди за да ви донесе 100 евра. Глупости тешки.
Тоа е точно, но во ова време ретко кој има мала плата, така да 100 евра се ништо и е срамно со под 100 да се појавиш.
Што има врска платата со туѓа свадба. Па и 3000 евра да земам, никому не му должам објаснување за моите финансии.
Колку пари би ставиле за двајца како гости и колку како старосватови? На две свадби сум во ист месец и различни размислувања имаме со партнерот, па би ми значело да знам од прилика
50 евра минимум. Зависи кај кого одите. А како старосватови 100/150 евра. Јас би гледала да ја платам порцијата и нешто плус да има.
Не прави свадба ако чекаш гостите да ти покријат свадбата .Апсурд. Свадба се прави од ќеиф и ако имаш финансии си правиш за своја душа дека ти сакаш а не да чекаш кој колку ќе донесе. Да малку е глупо тие по ситуираните да ти дојдат со 1000 ден двајца ама тоа би било нивни срам. Али тоа е друга тема.
50 евра од човек би ставила, а како старосватови не би ставила помалку од 200 евра. Сепак си сведок на свадбата, помалку од 200 евра не би ставила.