Ако е така нека нема мени, гостите нека си нарачуваат и нека си плаќаат. Бар ќе јадат тоа што сакаат.
Ако немаат пари подобро да не доаѓаат на свадба отколку со празни пликови да се брукаат. Пред некоја година минимум 3000 давав, сега во последно време кај и да одам кај неблиски давам по 4000 зошто сметам дека се е поскапено, а кај блиски над 6000. Кај многу добра другарка на свадба летово дадов 9000 сама зошто тој период бев сингл, да имав партнер и повеќе ќе беше. Не жалам ни денар, мерак ми е да давам и од срце давам. Да бидам искрена "круговите" и на работа и познаници ми се такви каде што се носат и даваат високи суми и не можам да се двојам. Плус од срце давам, знам дека е трошок свадбата на луѓето. Да сум кума или ептен блиска роднина и над 200-300 евра би давала. Поклон во плик секаде носам, тоа мислам и без да кажат во 21 век се подразбира. Што ќе им се тањири или бела техника, кој што сака нека си купи. Многу тие пари и за патување ги вложуваат. Уште немам свадба правено, не планирам да викам многу луѓе ама се надевам дека почитта што сум ја покажала кон сите изминатите години ќе ја возвратат и другите. Колку и да глумам не ми е гајле, навредена би била некој празен плик да донесе. Подобро искрено да ми каже дека немал пари за поклон, нема да ме налути, празен плик би ме навредил премногу.
Абе тебе можи ти бил убав поклонот, ама нив дали им бил убав е знак прашање, можи само лице ти праеле колку да се најдат во муабет А и не секој би одбрал тоа што им треба. Шо не ја врате друга да ти донесат? Нема да може да стигнат секој посебно да го услужат.
Зашто тие се однапред спремени и за сите е исто. Нема сигурно за мене само ново месо да пржат. Башка ти викам и други се пожалија.
Е де се погодило твоето повеќе пржено, крајно се јади, а и да си прашала може имало и помалку пржено.
Леле дај не тупи човече. Не го погодија ручекот и тоа од многу го слушнав. И факт е оти порција не вреди 2000+
Порции знаат да бидат и 70+ евра. Јас ништо не јадам најчесто, виното по набавна, или продажна цена да одредам колку чини за да ставам во плико?
Јас кога частам за некој повод ич не се замарам другиот колку потрошил. Ако не сум при пари, ќе почастам кога имам. Ако другиот не е, ќе ми купи он кога има. Ама да се циганчам до денар не. Еј ми купил рецимо ташна и парфем што чинеле 1000, а јас во кафана 1500 потрошив и да се лутам. Абе ај.
Ако некој има време и желба да замерува кој, колку му дал на свадба... тоа ми се кажува за тебе и твоите приоритети, а јас подалеку ќе си стојам од вакви луѓе. Не го ни мислам ова навредливо, едноставно таа шема на искажување на почит преку прослави, поклони, морам-да-те-викнам-да-не-ми-се-налутиш, не е за мене. Имам неформални односи со моите најблиски.
Секој колку што му е длабок џебот, колку има можност толку треба да даде, некој можеби може да одвои само 1000ка друг 200 евра. Мене ми е глупо тоа ќе дадам 1500 да си ја покријам порцијата, поради тие причини треба да се оди на свадби каде што навистина сакате да присуствувате, кај луѓе што сте блиски...Принцип ми е да не одам ради реда туку затоа што навистина сакам да сум таму
Свадба е веселба, сум поканила луш да ми се веселат, ЈАС да ги почастам. Дали ќе донесат поклон или само букет или ништо ама ич не ми е битно.
Verojatno ne si pravela svadba.Zdravje koga ke pravis ke vidis deka podarokot e del od izrazuvanje pocit kon domakinot.