Зависи колку блиски. Тоа 650 е ми звучи многу. Ама како за кој Вака што сум слушала кај поблиско даваат околу 300 евра семјество ама баш роднини
Па ќе одите само двајца каде што можете. Ако е свадба на близок ке ја знаеш порано и ќе заштедиш. Секој различно си може ама тоа е свадба се знае е трошок ама тоа е. Мажот и жената по 50 еве ако се децата помали и не работат океј е помалце ама бар 10.000 од семејство иако нема правило
Nekoi max 2000den od covek nosat kolku da se pokrie porcijata, zaso pari treba i za fustan, sminka frizura.
Пред да почнам да пишувам те цитирам но не ти се обраќам лично тебе да не ме разбереш погрешно,ако ви се блиски носете колку што сте во можност но реално и колку они дошле кај вас,кај мене на свадба имаше луѓе што дојдоа 6 члено семејство со 4 илјади денари,минатиот месец они правеа на син им свадба ние сме двајца јас и маж ми и сега јас да се правам паметна и да носам 50 евра од човек? зошто јас? па кога на нив не им било срам зошто мене би ми било срам да отидам и со 2 илјади денари за двајца,да напоменам дека повеќе пари имаше во пликоата кај што луѓето работат за минималци одколку кај овие господава што демек да ги гледаш од страна мислиш ти ставиле у плико да си ја покриеш цела свадба.
Не ми е логично по 2000ден. од човек. Сепак свадба е, не е роденден, меѓу другото и не се прави свадба секој ден. Со оглед на тоа колку се поскапени порциите, мислам дека 1000-2000 ден. плус од човек нема никого да осиромаши..
Ние кога правевме свадба имаше плика од фамилиии и со 2000 ден ,6000 ден и над 200 еу.Брат ми правеше свадба пред 2 недели и јас со мм дадовме 500 еу во плико плус букет направен со благо внатре. Но сега каде е проблемот, канам на свадба роднини, блиски пријатели и не очекувам за возврат иста сума бидејки имаме блиски пријатели што сме носеле на свадба 200 евра ,но кога ние правевме свадба тие баш останаа на една плата плус кредит...не можам да очекувам иста сума и да се лутам. Може баш во моментот ќе немаш толкава сума на пари за давање.. Јас лично не би ни отишла на свадба ако немам пари,кога ќе имам ќе се оддолжам. Ова е само мое мислење.
Младоженецот и невестата не треба да очекуваат од гостите да им ја платат свадбата. Самите посакуваат да прават, самите и треба да заработат пари за да ја направат. Евентуално, можат само од родителите да побараат екстра пари доколку тие можат да си дозволат да им дадат. Ама, да имаат роднини и пријатели со различни плати и од сите да очекуваат да им дадат од 100 до 250 евра или нагоре, е безобразно и лудо. Ако немаат доволно пари за свадба, подобро е да не ја прават.
Имам две свадби месецов кај различни колеги од работа. Поканета сум без мм, значи само колегите ќе одиме. Со оглед на тоа дека цените на порциите се поскапени, колку се дава сега кај колега/колешка на свадба?
Ама каква улога играат цените на порциите? Ако веќе правиш свадба не треба да очекуваш гостите да си наплатат порција,свадбата ти си ја правиш а за возврат кој колку има,може во моментот ете ќе немам толку. Ние на колеги носиме по 2500.
По 2000 колегите од мајка ми дадоа за нас пред 5 години кога правев свадба. И тоа не мои колеги туку на мој родител. Сега мислам со покачување на цени на порции би требало барем 2500 по човек. Кој како е во можност де, кажувам која е логиката.
Ако не уживаат во свадбата младите и цело време гледаат кој колку изел и колку пари тие потрошиле, ни нека не прават.
Па јас тоа и го напишав погоре , ако немам пари тогаш воопшто не одам а не да се глупирам со 20 евра. Кога ќе имам, ќе се оддолжам