1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку пари да ставите во плик за свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од Caramell, 30 август 2022.

  1. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    6.925
    Веќе ставаме 50 еу по човек, за не толку блиски луѓе.

    Сега сме на свадба на блиски другари на пример, ќе ставиме 250-300 еу за двајцата нас.
     
    На Hygge-girl и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    7.825
    Пол:
    Женски
    Гледаш значи дека и за тебе игра улога колку пари е порцијата.
     
  3. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Сакав да кажам дека порцијата не ми игра улога, затоа што никогаш не сум дала помалку од 2500 на свадба ни на комшии ..Секако дека во тие пари ја опфаќа и порцијата. Ама не сум размислувала кога ќе одам на свадба дали порцијата ќе биде 20 или 25 евра па според тоа да ставам во пликот.Давам пари според тоа колку ми се битни и блиски младенците.
     
    На Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    11.473
    Зависи и каков впечаток сакаш да оставиш како гостин.
    Испод 2000ден веројатно младоженците ќе си искоментираат кога ќе ги отвараат пликоата дека си циција.
    Сега порциите се по 27евра грото, значи 1660 - 1720 чини вечерата. Па барем 2000ки е најминимално од човек, да не се срамотиш пред домаќините.
     
  5. simonce97

    simonce97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    По 2500 е веќе нормално за поклон од човек.
    Без разлика дали си колега, втор братучед или комшија.
    Ние кога ги отваравме подароците си запишував кој колку ми донел за и ние да знаеме кога ќе им одиме колку да однесеме.
    А баш се смеевме кога видовме дека 3 пликоа од пријатели ни беа по 1000 - 2000 денари, од двајца поканети, и тоа сите беа на убави работни места. Да ги знаеш како пријател, познаник, па и општо низ градот важат за културни фамилии, нашетани, од скапо по скапо носат, а ваму тргнале со 2000 денари во пликот. :D
    Баш на свадбата видовме на кој колку му сече умот и културата, а воедно и колку те ценат како пријател.
     
  6. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    На роднини,блиски пријатели секогаш носиме 200/300 евра или повеќе зависи од блискоста.
    Ама не можам да очекувам исто за возврат ,глупо е не знаеш кој во каква ситуација е кога баш ти правиш свадба.
     
    Последна измена: 7 август 2024
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    11.845
    Пол:
    Женски
    Ако си мислела есап да правиш и вака да ги озборуваш луѓето колку ти донеле, ич не требало свадба да правиш.. И да, јас сум од тие луѓе, на одмор ќе одам на најскапи дестинации и најскапа облека ќе носам, ама за друг кога ќе треба да купам подарок или да дадам пари, ќе гледам поефтино да поминам..
     
    На Цунами, Anyshka, DS10 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    7.825
    Пол:
    Женски
    Навистина, многу мизерно ми е да запишувам кој колку ми дал, за и јас исто толку да му дадам. Мизерно...
     
    На Цунами, CameliaMiller, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.
  9. simonce97

    simonce97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Па секој дома си коментира сакале неќеле да признаете. :D Ова е анонимен форум, не гостите ги напишав со име и презиме, ама ете чисто да си знаете дека секој дома си коментира.
    Ти ако сакаш и со 1000ка иди, ама си оставаш таков впечаток.

    А го напишав овде, за да тие што прашуваат имаат осет колку се носи отприлика минимум.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.905
    Допаѓања:
    123.371
    Пол:
    Женски
    Ако цениш луѓе според парите, не можеш да очекуваш да те ценат.
    А и тоа што некои имаат убави работни места не значи дека секогаш можат да потрошат повеќе. Можеби имале некој трошок што ги попречил тебе да ти стават повеќе пари, а ти немаш поим. И гостите не ти биле должни да ти ја плаќаат свадбата. Си можела да не ги поканиш.
    Не гостите, туку младоженецот и невестата треба да имаат осет дека не сите луѓе имаат длабоки џебови, дури и дел од оние кои надвор не делуваат дека се во тесно со пари.

     
    На Anyshka, MyMala, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Еве еден пример, чичко ми за нашата свадба ни даде 2000 евра бидејки не си беше дојден во Мк 4 години ... И сега кога ќе прави братучетка ми свадба треба и јас 2000 евра ? Од каде?
    Тие ни дале зошто имаат ,а јас со минимална плата како да дадам 2000 евра?
    Не се ценат според тоа гостите.
     
    На Anyshka, eliesaab, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. simonce97

    simonce97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Па мене свадбата предвреме се ми беше платено, не чекав гости да ми ја плаќаат.
    Ама колку и да сакате трескајте се со коментарите - СИТЕ дома коментираат за поклоните. И тоа баш тие што најмалце носеа, се чудевме да не сме им згрешиле нешто. Ама после со тек на време сфативме дека едноставно се скржави луѓе, и немаат некоја социјална култура.
    Останале во времето пред 15години кога се носеше 1500-2000.
    Ете и јас секогаш имам други трошоци, ама ако треба од нешто ќе си скратам тој месец да не се срамам пред пријателите. Тоа е пред се некултура. И веќе со други очи ги гледам дотичните. Нонстоп се на патувања, најнова мода носат, по ресторани слики фрчат се прават како да се којзнае што - а уствари се циции невидени кога ќе дојде ред некому нешто да дадат.
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Zfer

    Zfer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Кога се прави свадба , намалете си ги очекувањата дека подароците од плик ќе ви ги покријат трошоците а и плус ќе заработите.

    Порцијата варира и во фенси ресторани знае и до 50 евра да отиде само за јадење. а тоа реално не е вина на гостите, за тоа колу раскошна свадба сте решиле да правите.
    Ако некој ве викне за старосватови заради подарокот, подобро и да не се нафаќате. Ви денешно време да се најде кум и старосват е презахтевно, само поради тоа што треба да се исполнат одредени очекувања, кои од година на година се зголемуваат.
     
    На Milobebence, LadyR, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.847
    Допаѓања:
    11.723
    Пол:
    Женски
    Тоа малку/многу е релативна работа. Мислам дека денес повеќето се свесни дека не се оди така, ама ај да сме и реални. До пред некој месец дружев една другарка и баравме фустан за на свадба. Паралелно збориме и ми вели дека оваа е првата, а летово има уште три свадби. Сите блиски. Па барање совет колку да остави, како да се крати кога и од кратење не бива. Ако вие имате големи примања, некои немаат (а паралелно сакаат да испочитуваат зашто свадба е еднаш).

    Тие по дома што бележат кој колку оставил се со тешки комплекси.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mr. Scratch

    Mr. Scratch Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2020
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    3.949
    Многу малограѓански ми е тоа запишувањето кој колку дал, а доста честа појава е за жал.
     
    На jagotka123, Anyshka, Pixi5 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.947
    Допаѓања:
    66.814
    Ако треба да ми трпи семејството цел месец за да не се обрукам и дадам помалку, тогаш дефинитивно нешто не ми е во ред со приоритетите во животов.

    Ниту за родендени, ни за никаков друг повод не сум гледала кој колку ми носел, па со исто да вратам. Имало периоди кога сум немала, ама сум била на свадба кај ептен блиска личност зошто таа сакала јас да бидам дел од нејзиниот битен ден, а не поради тоа дали ќе платам за порцијата или не знам уште што. Имало и понатака ситуации каде јас сум имала многу повеќе можности од луѓето околу мене, па за сите поводи и најмали ситници сум подарувала поскапи работи, без да очекувам ништо за возврат, бидејќи ги сакам луѓево и ми се може.

    Баш е сељачки тоа што запишувате и враќате со иста мера на тоа кој што ви донел. Свадбите ви се за "на ти го, дај ми го" или да одбележете настан на начин кој вие самите сте го одбрале?
     
    На Milobebence, Didajo, An-na и 17 други им се допаѓа ова.
  17. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    11.313
    Пол:
    Женски
    Еднаква ми е логиката меѓу "ако немаш не слави" и "ако немаш не оди". Не е културно смешна сума да се остави (пример по 500 од човек, отишле четворица со 2000), ама не е во ред да правиш свадба и да ја закрпиш од поклоните.

    Последно бев на свадба лани летото. Во ресторанот 20 еур беа порциите (не е во Скопје). Тројца појдовме оставивме 6000 вкупно во пликото (по 2000 од човек). И сметам дека реална е сумата што ја оставивме.

    А ако некој решил во Камник да прави по 100 евра по човек каде што е, не може да очекува дека секој гостин по 200 евра ќе стави во пликото колку да се покрие порција и плус и да им остане.

    Многу безвезе ми е да остават цела фамилија четворица само 1000 или 2000 во пликото.
    Ама па еднакво глупо ми е на "црна листа" ставање и отпишување пријатели базирано на сумата што некој ја донел.
     
    На Anyshka, SummerGirl, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Mahrisa

    Mahrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2024
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Женски
    Шо е фората со запишувањето кој колку ти донел у плико?
    Можеби 300еур ми има донесено некој богаташ шо не ми е близок,и?! За неговата свадба треба и јас да му однесам 300еур оти ќе ми се смее ли? Можеби имам само 50еур,немам 300,зошто да се рамнам со некој,или некој со мене? Зошто такви условувања?!

    Па коа ќе прочитам на поканата - парите во плик- ми се лоши.
    или наместо букет донесете грепки :envy::envy:


    Ако мислите оти бакшишот од свадбата е најбитниот дел,тогаш воопшто и немојте да правите....
     
    На CameliaMiller, Anyshka, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.120
    Допаѓања:
    20.264
    Пол:
    Женски
    Ние кога се земавме беше интимна свадбичка со ептен блиски. Ги молев луѓето да не се трошат, на кумот му рековме -куме важно ни е да не венчаш, те молам немој да се трошиш. Исто и за крштевките. Деверите не беа имашливи луѓе, а сакавме да ни се девери. Ги замоливме само бидермаер да земат и ништо друго. Гостите донесоа колку што сметаа/можеа, не ни памтам кој колку и што донесе оти не ми беше важно. Исто и за крштевките направивме, до ден денес појма немам кој што и колку донесе. Правам веселби според големина на буџет и сакам да ги почастам гостите… именден, роденден, свадба, крштевка, сеедно, трошоци не сакам да покривам со поклони. Тоа ми е предвиден трошок, па пари добиени би биле бериќат, баш подарок. И до ден денес ми е криво блиски да се ставаат во трошок заради мене, не сакам. Кога ќе донесат нешто за поклон поскапо, особено другарка ми, секогаш и велам: пријателството во пари не се мери, сакам да бидам со блиските кога прославувам што и да е, и тоа ми е најважно.
     
    На butterfly6223, An-na, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    19.612
    Пол:
    Женски
    На гости кога идете, колачите, сокот и кафето им го плаќате или како?
     
    На Milobebence, An-na, Antebellum и 5 други им се допаѓа ова.