Колку пари да ставите во плик за свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од Caramell, 30 август 2022.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.733
    Допаѓања:
    22.495
    Океј ама замисли на другарка што сте цел живот поблиски од сестри ова да ѝ го кажеш.
    Или свекрвата ако нема во моментот, добредојдена е или како? Уствари она секако не е:D
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.615
    Допаѓања:
    43.248
    Пол:
    Женски
    Не само то, туку и кога одам на гости памтам шо ме почастиле, за да знам и јас нив со истото.
     
    На An-na, Just.do.it и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.733
    Допаѓања:
    22.495
    Јас памтам и ако ме почастиле домашни колачи, колку ореви имало, да знам и јас толку да ставам
     
    На An-na, Amelia., Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.271
    Допаѓања:
    6.767
    Нема споредба едно со друго. Праиме муабет дека не е ок ако не си ја покриеш порцијата. Не дека ќе им ја спасиме свадбата ако си покриеме порција. Се што е повеќе од тоа - кој колку има и милува да даде.
    Еве пример од кај мене, братучетка ми со нејзината фамилија дадоа 100 евра 4ца за нас. Сега августов нејзе и е свадба и ќе одиме јас и мм, па планирам 100 евра да оставам. Не дека тие толку ми дале па и јас толку, така мислеле така направиле, туку толку сметам дека треба да дадам. Мене ми е срам со помалце од тоа, оти ја рачунам блиска.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    11.586
    Пол:
    Женски
    Тој коментар е повеќе генерален, само сакав да кажам дека не важи само "ако немаш не оди" ко што беше спомнато туку и обратното-ако немаш- не правиш свадба за збирање пари да го покриеш трошокот, подобро ич не прави.

    Инаку, блиски си се блиски, сигурно нема другарка да ми јаде зад грб колку сум ѝ дала за свадба, а ако тоа го прави, значи и не сме баш "блиски".
     
    На tinkerbell22, eliesaab и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.733
    Допаѓања:
    22.495
    Па и кафето и сокот се за некого трошок.
    И многу нормално не се оди со празни раце ама дека ќе идам ќе се замарам колку била порцијата во ресторан па ќе штедам со месеци да имам, аа мало морген.
    И тоа што просечно јадеш на свадба по човек не вреди повеќе од 1500. Е сеа ако решиле они да се просераваат по цени коа имаат свадби, не е мој проблем.
     
    На Anyshka и nextredstyle им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.451
    Допаѓања:
    37.624
    Пол:
    Женски
    Јас гледам да ја платиме порцијата и плус да има нешто вишок. Во денешно време би дала 4000 минимум (за двајцата). Ако се поблиски ќе дадам повеќе. Ако не можам толку пари да ставам во плик, не одам на свадба.

    Во однос на тоа кој колку донел..... Ако некој ми донесе шкарт поклон само колку да си тера мајтап, толку и ќе добие од мене.
     
    На Gosh и Ljubova им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.439
    Допаѓања:
    37.068
    Пол:
    Женски
    Па ако немаат пари нема да прават свадба, гостите не се должни да им ги платат порциите.
    А и ако немам пари нема да одам на свадба.
    Канат ојлевци дојлевци до 5-то колено и очекуваат да им ја "платат" свадбата.
    Имам слушнато како кажуваат "што повеќе гости, повеќе парички".
    Земаат кредити за да направат свадба во најскап ресторан само да се покажат пред народ, потоа кукаат како немале.
    Кој нема пари нема да прави свадба со 300-400 гости.
    И младоженците може да прават свадба и на јахта, гостите не се должни да им ја платат, тоа е нивна желба.
    Гостите не се виновни ако некој сака да прави луксузна свадба.
    Тоа со запишувањето кој колку донел свеки дојде со тетратка и ни висеше над глава да запишува, и затворив пликоата и кажав дека другиот ден ќе ги средам.
     
    Последна измена: 8 август 2024
    На Gosh, VDT2906, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  9. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    1.538
    Пол:
    Женски
    Според мене со денешниве цени правеле или не правеле голема свадба, треба да се покрие горе долу порцијата плус нешто вишок.Ние двајца сме еве поканети во август на свадба кај моја другарка што не сме преблиски и планираме 100 евра во плик да им ставиме. Според мене е малку 4 илјади да им ставиш во плико, ако немам пари воопшто не би отишла, нема зошто да се форсираш, ама дека има мизерни луѓе што ќе дојдат четворица на свадба и ќе стават 3 илјади е срамота.
     
  10. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.234
    Свадба правиме од што ни е ќејф и сакаме да го прославиме тој убав момент за нас, и да го споделиме со нашите семејства и најблиски пријатели и колеги (да, они ни се како второ семејство. Имам колеги со кои секојдневно се гледам и поминувам по осум часа на ден заедно и многу повеќе заслужуваат да бидат дел од таквата прослава за разлика од некои далечни роднини кои ме канеле на свадба ради реда). На крај краева, мое мислење е дека за таквите моменти живееме и работиме во животов.

    Генерално, кога одиме со вереникот на свадба кај не многу блиски пријатели/колеги/познаници, ако сме двајцата заедно даваме околу 4000 денари. Кај другарките мои, во договор со друштво дававме по 100 евра. Кај негови другари во договор со друштво 200 евра. Роднини, зависно колку блиски (на ултра блиски брат/сестра не сме биле до сега) 100-150 евра. Не сме биле до сега кумови/старосватови, така да не знам колку би дале во таква ситуација.

    Да заработам од свадбата не очекувам, напротив сметам дека ќе потрошам доста пари и затоа овие неколку месеци редуцирани ни се трошоците на минимум. Свадба секој си прави според можностите и според желбите. Ако немам доволно пари, или нема да правам голема свадба или нема да правам воопшто свадба. Тие што ги канам, ги канам исклучиво од ќејф и задоволство. И да не ми дадат поклон, искрено не би се налутила затоа што како што кажав не очекувам апсолутно никаква заработка.
     
    На Milobebence, SV1911, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  11. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.980
    Ако на поканата пишува поклон во плик, носам тенџериња. Ако бараат грепки, носам цвеќе.:lol:

    За најблиски другарки порано давав по 50 евра. За не толку блиски 1500 ден. Сега пошто рипнаа цените, комбинацијата ми е 100 евра со 50 евра. За роднини даваат моите, не се замарам, секако ми се небитни.
     
    Последна измена: 8 август 2024
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.426
    Допаѓања:
    13.907
    Пол:
    Женски
    Се заебаваш? :D Да ти кажам многу ми се за нигде овие со поканите такви, коишто го потенцираат тоа поклон во плик. Ма ајде, ко ние да не знаеме нели поклон каков се носи. Мизерии и бруки. И да, заслужуваат празен плик да им однесеш, или иам покреативна идеја, фалсификат пари. Па нека си ги трошат, со среќа нека им се. :lol: На кој толку паметен му текнало на покани такво нешто да пишува, е секоја му чест. Срамота е.
    И она со грепките исто. Се брукаат.
     
    На tinkerbell22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Па вас Бил Гејтс да ви е прв братучед и да ве покани на свадба, нема да му одите, само затоа што немате 100.000 евра за подарок?

    Според мене, не е срамота да дадеш онолку колку имаш, ако стварно ти се последни/броени пари. Срамота е некој што го познаваш дека се расфрла со пари, а оди со 50 евра едвај, стуткани. Наместо на тој да му биде непријатно и срам, се срами оној што дал 2000 со плата од 18.000 и две деца дома.

    Ако правиш забава од било каков тип, за да добиеш подароци, па уште и скапи, не ја прави.
    Ако немаш пари за подарок на свадба, отиди да направиш чест на тој што те поканил, и те ставил на список од веројатно најблиски 150-200 луѓе. Не се замарај колку има внатре во пликото, остави колку ти мислиш дека имаш да си дозволиш и сметаш дека вреди.

    Па да ви се плукнам, ако ги броите подароците, и ги споредувате гостите кој колку дал, не сте луѓе.

    Жално е на што се имаме сведено како луѓе, мизерија тешка.

    Брачен пар кој крпи крај со крај, срамота е да зема позајмици/кредити за да направи мега-јака свадба, да се покаже пред роднините.
     
    На Milobebence, VDT2906, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.980
    Секако дека се зезам, последна таква покана имам добиено пред 7-8 години, се надевам тоа е изумрено, скоро сите пари носат. :DНајново нешто што видов е покана со пречкртано цвеќе и заокружени грепки. Ова е апгрејт на ,,поклон во плик". Имав и една особа која ми спомна индиректно пред нејзината свадба дека сега многу носеле место цвеќе - грепки. Цвеќе ѝ однесов.:D
     
    На Mrs. right и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  15. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Женски
    Јас последна покана добив пред една недела и пишува штиклирано кај поклон во плико и икс кај цвеќе штикла кај грепка (n),може сум немала план ни грепка ни цвеќе да ти носам:o
     
    На Gosh, Just.do.it, Mahrisa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.537
    Пол:
    Женски
    Значи кога каните луѓе на свадба ви е важно што донесле… ако го канам Стојче што знам дека со жена му земаат минимални плати очекувам Стојче или да се позајми за свадбата моја или ич да не доаѓа да не се срами со 4000.
    Не ми е важен чинот што стапувам во брак со љубовта на мојот живот и тоа сакам со блиските да го прославам, туку гостите да ми ја платат свадбата, што поголема тоа повеќе поклони. Па и ќе си запишам. Ах тој Стојче, тројца со 4000 ми дојдоа, јас за инает со 3000 ќе му одам, јазк. На баба ми трета братучедка внуката од тетин… не ја знам, ама 2000 ми донесе, срам да и е. Не знаете колку смешно делува. Брајдзилас моменти колу сакаш. Па оти јас сум се мажела (голем к****ц за животот на другите, ништо не им менува во животот), требало да си обезбедат 50 евра од човек или ич да не идат, срамота било.
    Многу ми е мило што не отидов по тој пат со свадбишта и броење пари, цела поента и магија од целта на тој ден се губи.
     
    На Milobebence, Munchmallow20, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  17. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    11.586
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не носам ни цвеќе ни грепки. Бонбоњера и пликот. И за ова да не запишуваат во "памти па врати" тефтерот? :tmi:
     
    На Anyshka и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  18. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Машки
    Ве читам вака и гледам дека луѓето свадбиве повеќе некако како бизнис за заработка си ги тераат. На свадба кога одам јас лично гледам ако не повеќе порцијата да ми биде покриена, значи околу 2000 денари. Правев на времето и ич не ми беше битно колку ќе ми донесат имаше пликови со 300 500 1000 5000 и на сите му бев благодарен шо одвоиле време да дојдат и да прослават со мене, особено на луѓето со помалку пари за поклон затоа што платил превоз се спремал дошол затоа шо сакал да ми направи чест може после ќе нема со шо струја да си плати или ќе бега од јадење ама битно е дека решил да дојди да прослави со мене реално гледано кој кога би имал не би дал. Незнам зошто ама се смени времето побитно е колку пари ќе собериш неголи кој се појавил да биде до тебе во тој момент на крај краева ако немаш пари немора ни да правиш свадба
     
    На Alm., Antebellum, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  19. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.980
    Ултрасељачишта. Не можам да го замислам тој мајндсет на едно 200-300 (некаде и 600) луѓе да им пратиш покана со инструкции што да ти носат. Дури и од цвеќето гледаат да остварат профит.
     
    На Gosh, Alm., CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Mahrisa

    Mahrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2024
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    Да гребам грепки ????? Молим? Боже петра (facepalm)
     
    На DS10, Realist1 и Anyshka им се допаѓа ова.