Јас искрено не познавам пар што не ги брои парите уште првата брачна ноќ. Колку да е свадбата чин од љубов факт е дека финансиите играат улога. И јас утре да правам свадба, и да видам како другар/ка со плата од 2000 евра ми ставила само 2000 денари во плико, ќе изреагирам. И секој од вас истото ќе го направи, нема потреба од лажна скромност. Затоа и на крај на ден се прават мали интимни свадби со блиски луѓе каде помалку битно е кој колку донел (така да се рече). Ние уште го тегнеме она старинсконо “ме викнаа, морам да одам“, а ниту си љубител на свадби ниту па ти се дава пари. И затоа луѓе ставаат мали суми во пликоата. Боље не оди, смисли на одмор сум, имам друга веселба баш таа вечер итн. Инаку барање да ставиш грепки и мене ми е тотална глупост, али е боље него букет кој на крај пак ќе заврши во нечии туѓи раце, нели се раздаваат меѓу гостите. Све у свему свадбите одамна веќе не се забавен настан.
На свадба се оди за да направиш чест на тој шо те викнал, те викнал затоа шо те цени те сака за х причини. Во твојот случај колешка/ другарка ти ќе ја каниш за парите а не затоа што е нешто во твојот живот тоа е и проблемот со свадбите деновиве. Едит: Кога така веќе размислуваш можеш да земеш вака у опција како шо ти ја каниш од причина пари тогаш и таа од причина не сакал да ти дојде ама и било незгодно па морал/а па ти ставила само петсточе.
Другарка ми треба да ми се скара значи. Ѝ бев старосватица. Правеа свадба со сите салтанати целодневна. Трошокот за денот на свадбата мој изнесуваше над 100 евра. Бидејќи имам огромни трошоци, ѝ кажав дека не можам одеднаш да соберам пари и за целиот ден и за подарок. Ми кажа дека не треба да дадам ништо, дека си е нивен ќеиф и дека единствено ѝ значи јас да ѝ бидам старосватица. Сепак, јас не сакам така, па се договорив дента да платам што треба да се плаќа (материјали, свеќи, црква итн.) а подарокот да им го дадам подоцна. И да, на свадба бев без подарок. Во договор де, со невестата. Некогаш сте чудни со пресметкиве искрено. Јас на мои настани навистина не гледам кој што донел и колку, ако добијам подароци кои не ми се допаѓаат ги преподарувам или донирам.
Јас ти велам, колку и да ја правиш таа свадба од љубов, друга приказна е после кога ќе ги гледаш поклоните. Јас не сум правел свадба но проверено знам дека све на крај се сведува на парите.
Такви подобро и да не ме канат искрено. Ама и среќа кругот си го чувам многу мал, ама квалитетен. Луѓе со таков сељачки мајндсет не ми се потребни, а не се однесува ова само на свадби. Мене моите пријатели од длабока кал ме извадиле и ми дале ветар во грб за многу работи, во минатото и јас нив, во идинина се надевам пак едни на други, секогаш. За подалечни, среќа не сум соушл батерфлај па културно одговарам дека не можам да присуствувам на прославите.
Затоа ти кажувам де ја праев свадба за прослава поклонот не ми беше битен, сега ви се битни поклоните. Зато другар наместо да си ги викниш тие шо ги сакаш и да си поминеш убаво ти земи си ги парите шо ги имаш за свадба стај си ги на маса до тебе и слави си сам со нив, чунки парите се се во животот.
Јас на обичен роденден што ми доаѓале по 5-6 души, не памтам што од кого е, овие од 200 поканети за сите памтат. А и ова со старосватица и кумови више стана бизнис. Демек треба да ти е мерак некој да те покани да си му кум/старосват, уствари тебе ти се темни колку треба да се потрошиш.
Абе факт е дека ги бројат, и читаат на писменцата од кого е поклонот. Сигурно нема да ги зафрлат во некој ќош и да си вадат по некој денар тогаш кога ќе им затреба. Ама да рече некој "оваа оставила 50евра, а беше на шетање летово и кола купила, можела барем 150евра да остави" па не заслужиле таквите ни да им појдеш. Пошто ако одиш сам, со 2500-3000денари како обичен гостин, ете за просечен ресторан во Скопје (25-30 еур порција) е доволно да покриеш порција и да им остане 1000ка. Да оставиш 500 денари е срамота. Да оставиш празен плик е срамота. Ама на човек кој на твојата свадба ти ставил океј прифатлива сума, да му замериш пошто ете можел повеќе (нели има убава плата и одмори) е исто срамота.
Ако дојде ред пријателите да ги бирам според поклон за свадба давајте ортомата. Од каде знаете кој низ каков пекол минува во животот? Повеќе од доволно е што дошол. Среќа барем друштвото за тоа сме си супер погодени.
Менува, затоа што луѓе влагаат во кредити и прават свадби со позајмици за “да си прослават со најблиските и да поминат убаво“ и после се стискаат од трошоци за да ги вратат. Али, друга приказна е ако имаш доволно финансии за таков настан без позајмици.
Ama nas toa ne NE interesira,ako saka nekoj i so avion neka se simne pred restoranot,znaci tie si sakale so si sakale,i si napravile KAKO SO SAKALE A od kaj ke si gi vratat parite ne e nasa rabota,kako si gi zele taka neka si gi vratat,gostite ne treba da im se krivi,ili Sneza "prodavackata" oti im donela 30 eur u plik